Компании
Врвните вина на „Тиквеш“ со 34 награди на најбитните вински натпревари
Врвните вина на „Тиквеш“ и „Домен Лепово“ освоија 34 различни медали и признанија на седумте најмасовни и најценети глобални вински случувања, кои во овој дел од годината се одржуваат во Франција, Германија, Велика Британија и Белгија, мeѓу кои и „Декантер“ и „Интернешенел Вајн Челинџ“ во Лондон.
Како што соопшти компанијата во петокот, наградите се освоени во исклучително голема и остра конкуренција на вина од целиот свет.
На овие натпревари, наградени се вина од премиум сегментот на „Тиквеш“. Најголем дел од наградените вина се од бербата 2014, која по сите стручни оценки беше една од најтешките, заради неповолните временски услови кои имаа влијание врз квалитетот на грозјето во светски рамки. Успехот е уште поголем доколку се земе превид фактот што конкуренцијата ја сочинуваа вина од постари берби, произведени во години кога временските услови беа далеку понаклонети за квалитетот на грозјето и виното.
Тоа јасно покажува дека „Тиквеш“ располага со најсовремена технологија, стручност и знаење во одгледување на грозје и производството на исклучителни вина со висока вредност, се вели во соопштението на компанијата.
Најновите златни медали ги добија врвните розе вина од серијата „Александрија куве“ и „Класик“, како и црвеното вино „Александрија куве“, освоени на натпреварите „Ле Мондеал д Розе“ во Франција и „Конкурс Мондеал“ во Белгија. Веќе традиционално, престижни признанија добиваат и тероар вината „Бела вода“ и „Барово“, како и речиси сите вина од премиум серијата „Спешал селекшн“ и ултра-ексклузивните вина од „Домен Лепово“.
„Да освоите толкав број признанија на натпревари на кои се присутни сите оние што нешто значат во светската винска индустрија, значи дека навистина имате вина кои заслужуваат да се истакнат по својот квалитет и уникатност и тоа во глобални рамки. Ваквиот успех на нашите вина ги зајакнува нашите напори за зголемување на извозот на вино во шишиња на најзначајните светски пазари и истовремено придонесува за јакнење на реномето на целата македонска винска индустрија, што е една од нашите стратешки цели“, рече генералниот директор на винарската визба „Тиквеш“, Игор Илиевски.
Освоените признанија на ваквите натпревари, претставуваат одлична препорака за нашите вина што се дел од винските карти во рестораните и се наоѓаат на полиците во трговските мрежи ширум светот. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

