Компании
VW и во 2015-та продал повеќе колбаси од автомобил
И покрај тоа што еден од најголемиот светски производител на автомобили „Volkswagen“ (VW) во моментов е во центарот на еден од големиот скандал, во врска со контроверзниот софтвер за мерење на испуштените штетните гасови поради што во САД против концернот се води голема истрага, компанијата има намера да излеза од кризата консолидирана и да не се откаже од својата цел да стане најголемиот производител на возила во светот, а продолжува и со зголемување на продажбата на производи кои не се поврзани со автомобилската индустрија.
Станува збор за еден од најпопуларните во Германија колбаси со кари сос, познати како „каривурст“. Volkswagen ги произведува колбасите под својот бренд од 1973 година, во моментов, покрај стотиците менаџери, инженери, компјутерски и експерти за пазарот, работата и 27 месари, кои се одговорни за брендираниот месен производ на концернот кој ја носи ознаката „Фолксваген оригинален дел“. Каривурст традиционално се продаваат во кантините на компанијата, како и на домашните натпревари на фудбалскиот клуб Волфсбург. Покрај тоа, може да се најдат и во продавниците на синџирот „Edeka“.
Во 2015 година концернот продал 7,2 милиони брендирани колбаси, што е за речиси милиони повеќе отколку во текот на претходната 2014 година, кога исто така беше забележана зголемена продажба од претходната година и е задржан трендот на повеќе продадени колбаси отколку автомобили. Кога станува збор, пак, за продажбата на возилата под брендот на VW, таа напротив се намалила. Така Volkswagen во 2014 години биле продадени 6,12 милиони а во 2015-та – 5,82 милиони возила. Покрај колбасите, компанијата произвела минатата година и 608 тони специјален кечап, кој се служи споменатите колбаси.
Според некои податоци, сосот за колбасите „карувурст“ бил измислен во Берлин во 1949 година, од извесна Херта Хојвер, сопственичка на гостилница во тогаш американската окупациона зона, којашто решила кечапот да го измеша со вустерширскиот сос и да го зачини со кари како прилог кон обичните колбаси. Својата гастрономска креација таа ја патентирала десет години подоцна.
Сега на ѕидот од објектот во берлинскиот кварт Шарлотенбург, каде што некогаш се наоѓала споменатата гостилница, поставена е спомен плоча во чест на Хојер. Покрај тоа, во Берлин во 2009 година беше отворен музеј посветен на историјата на колбасите со сосот кари./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

