Компании
VW oбјави список со пет милиони возила со проблематичниот софтвер
Производителот на автомобили „Volkswagen“ (VW) го објави списокот со автомобили со неисправен софтвер, и во него има пет милиони возила, соопшти новиот челник на германскиот гигант, Матијас Милер на прес-конференцијата во Волфсбург.
Претходно во „Volkswagen“ признаа дека во САД околу 482 илјади автомобили биле опремени со софистициран софтвер кој ја исклучува контролата за загадување на воздухот во возење и ја вклучува само на еко-тест.
Како што пренесува агенцијата DPA, Милер појасни дека проблемот е откриени во различни модели возила произведени во различни години. На пример, вградениот софтвер, кој ги намалува реалните показатели на емисијата на штетни материи, бил откриен во автомобилите „Golf“ од шестата генерација, „Passat“ ткн седумка и првата верзија на „Tiguan“.
„Напорно работиме на техничкото решение, коишто ќе им го претставиме на нашите трговски партнери, клиенти и јавноста што е можно поскоро“, изјави претседателот на управниот одбор на „Volkswagen“, Херберт Дис.
Според него, скандалот нема да ги допре новите автомобили на „Volkswagen“, кои соодветствуваат со стандардите кои се применуваат во Европа. Кон нив ќе се приклучат и современите модели на марките „Golf“, „Passat“ и „Touran“.
Од „Volkswagen“ ги информирале локалните пазари во целиот свет за моменталниот, до петокот, број неисправни возила. На мерките за отстранување на неправилностите, концернот тесно ќе соработува со инспекциите за давање одобрувања за експлоатација на возилата, додаде Дис. Информацијата за тоа каде биле продадени автомобилите, Дис на ја даде на прес-конференцијата.
Во меѓувреме, „Volkswagen“ ја сопре рекламата за „чисти мотори“ во САД, до отстранувањето на сите проблеми, пренесе агенцијата Reuters.
Во САД „Volkswagen“ е обвинет дека во опремувањето своите автомобили со дизел мотори вградил софтвер кој ги намалува реалните показатели за емисијата на штетните материи во атмосферата. Американската влада го задолжи концернот да повлече 482.000 автомобили од брендовите „Volkswagen“ и „Audi“ продадени во оваа земја во периодот од 2009 до 2015 година. Компанијата, исто така, може да се соочи и со казна во висина од 18,075 милијарди долари
Како што беше соопштено порано во соопштението на „Volkswagen“, софистицираниот софтвер за фалсификувањето на еколошките тестови за содржината на штетните материи во издувните гасови се однесуваат на 11 милиони возила во целиот свет. Во споменатиот список, се опфатени автомобилите со моторот од типот ЕА 189.
Претходно во петокот „Volkswagen“ избра нов директор, досегашниот челник на „Porsche“, Матијас Милер, кој вети расветлување на аферата со измамата со дизел моторите и најави закрепнување на целосно протресената компанија.
Како што се претпоставуваше, дваесетте членови на надзорниот одбор собрани во Волфсбург, во седиштето на „Volkswagen“, го именуваа 62-годишниот Милер, кој на челната позиција во „Porsche“ дојде во 2010 година, за наследник на Мартин Винтеркорн.
По повеќечасовниот состанок, претседателот на надзорниот одбор Беттолд Хубер аферата ја нарече „морална и политичка неволја“ на компанијата, првиот светски производител на автомобили со 590 илјади вработени.
„Меѓутоа, ние можеме и ние ќе ја пребродиме оваа криза, и од Volkswagen ќе направиме уште посилна компанија“, вети Милер.
Во средата извршниот директор на „Volkswagen“, Мартин Винтеркорн, кој на челната функција беше од 2007 година, поднесе оставка поради скандалот околу фалсификуваните тестови за издувните гасови на дизел моторите. Тој целосно ја презема одговорноста за скандалот кој пред една седмица избувна во САД и покрена лавина којашто го зафати целиот автомобилски сектор во светото./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

