Компании
Wizz Air има нов генерален директор на летови
Wizz Air холдинг, ниско-буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, во петок објави дека Јозеф Ујхелуи е назначен како нов главен директор на лет и член на лидерскиот тим на компанијата почнувајќи веднаш. Со неговата нова улога, Ујхелуи ќе го известува Диедерик Оен, главниот оперативен директор.
Wizz Air холдинг, ниско-буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, во петок објави дека Јозеф Ујхелуи е назначен како нов главен директор на лет и член на лидерскиот тим на компанијата почнувајќи веднаш. Со неговата нова улога, Ујхелуи ќе го известува Диедерик Оен, главниот оперативен директор.
Ујхевуи стана дел одWizz Air во 2004 година како раководител на купување и комерцијални партнери и водеше различни комерцијални департмани во организацијата во последните 12 години, вклучувајќи ја неговата сегашна позиција како главен за развојот на аеродромот од 2012. Пред WIZZ, Ујхелуи, 49, изгради долгогодишна комерцијална и менаџмент кариера во Мелев унгарскиот аеродром и во Проктер и Гембл. Јозеф има диплома во сообраќаен и транспортен инжинеринг од Универзитетот во Будимпешта за технологија и економија.„Јозеф беше со авиокомпанијата од почетокот и во последните години стекна голама стручност и знаење за индустријата.Менаџерското искуство на Јозеф и длабокиот увид во бизнисот ќе обезбеди лидерство во клучните оперативни сектори со елементи на операциите за лет вклучувајќи го летот и кабинските операции, планирање и операциите на контролниот центар. Ова, уште едаш е совршен пример за успехот на WIZZ формулата, каде паметна и напорна работа, посветеност и залагање, даваат резултат во напредување на кариерата на повисоко раководство”, вели Јозеф Варади, главниот извршен директор на Wizz AirWizz Air е најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, управувајќи со 70 “Airbus A320” и “Airbus A321” авиони и нуди над 420 рути од 25 бази поврзувајќи 124 дестинации низ 39 држави. Во Wizz Air, преку 2.600 авијациски професионалци нудат инзворедна услуга и ниска цена на билетите и го прават Wizz Air подобриот избор за над 20 милиони патници во последните 12 месеци./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)
Економија
Креативен пристап на MINT Fintech Group на eCommerce конференцијата
На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата. Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења.
Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата со релаксирачки активности, меѓу кои и масажа во соработка со My Spa.
„Ова е наш начин да го направиме искуството на посетителите подинамично и поопуштено,“ истакна претставник на MINT Fintech Group. „Реакциите беа исклучително позитивни, а редиците за масажа зборуваа сами за себе, сепак ова се личности чија професија е најчесто поврзана со долгочасовно седење, па оттука и нашата идеја да бидеме корисни.“
MINT Fintech Group и понатаму останува посветен на својата визија за поддршка на дигиталната економија и креирање нови можности за развој и соработка во финтек индустријата.
(ПР)