Компании
Wizz Air најави програма за млади пилоти
Најголемата ниско-буџетна авио компанија во централна и источна Европа, Wizz Air во понеделникот го објави договор за партнерство со две реномирани организации за тренинг за обезбедување на обука за млади пилоти за потребите на својата кoмпанија.
Најголемата ниско-буџетна авио компанија во централна и источна Европа, Wizz Air во понеделникот го објави договор за партнерство со две реномирани организации за тренинг за обезбедување на обука за млади пилоти за потребите на својата кoмпанија.
Обуките ќе почнат во септември 2015, а во истата првично ќе бидат вклучени над 40 пилоти годишно. Обуките ќе се вршат според EASA регулацијата и ќе вклучуваат интегрирани обуки за ATPL, комбинирани со обуки за Airbus A320.
По јавното тендерирање и извршената евалуација Wizz Air ги одбра CTC Aviation и Central European Flight Academy да ги организираат обуките.
Младите пилоти ќе се обучуваат и ќе ги развиваат своите вештини кои се релевантни и фокусирани кон оперативните потреби на Wizz Air и за поддршка на забележителниот раст на компанијата со високо квалитетни и комплетно обучени копилоти со завршена обука. Оваа програма за обука ќе им овозможи на оние кои ќе ја завршат обуката директно да се вклучат како копилоти во компанијата летајќи го авионот Airbus A320 на WIZZ-овите летови по завршување на целокупната обука. На копилотите им се нуди одлична шанса за кариерен развој и напредување до рангот – капетан, по поминување на потребен број на години и искуство во воздухопловството.
Wizz Air им гарантира работа (според стекнатото знаење) по успешно завршување на обуката, со што ќе им помогне на учесниците да ги обезбедат потребните средства за финансирање на програмата. Ваков пристап ретко се среќава во авио индустријата и е израз на посветеност на компанијата во пронаоѓање на најквалитетни млади пилоти на пазарот.
“Персоналот е срцето на Wizz Air и ние сме среќни што можеме да понудиме шанса на една цела млада генерација на пилоти. Тие ќе станат дел од Wizz Air семејството и ќе ја уживаат таа неверојатна можност да бидат директно вработени како копилоти во нашата флота на Airbus A320 и A321 авионите со можност да напредуваат во кариерата и да станат капетани и дел од менаџментот. Ова е едно возбудливо поглавје во нашата историја и ние со нетрпение очекуваме да го пронајдеме нашиот нов иден талентиран авио екипаж“, изјави Дејвид Морган, шефот на летање и главен пилот во Wizz Air. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)
Економија
Креативен пристап на MINT Fintech Group на eCommerce конференцијата
На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата. Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења.
Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата со релаксирачки активности, меѓу кои и масажа во соработка со My Spa.
„Ова е наш начин да го направиме искуството на посетителите подинамично и поопуштено,“ истакна претставник на MINT Fintech Group. „Реакциите беа исклучително позитивни, а редиците за масажа зборуваа сами за себе, сепак ова се личности чија професија е најчесто поврзана со долгочасовно седење, па оттука и нашата идеја да бидеме корисни.“
MINT Fintech Group и понатаму останува посветен на својата визија за поддршка на дигиталната економија и креирање нови можности за развој и соработка во финтек индустријата.
(ПР)