Компании
Заеднички настап на странски пазари на македонски ИТ компании со естонски
Меморандум за соработка за заеднички развој на ИТ проекти меѓу компаниjата „Нетгруп“ од Естонија и македонските компании „Инфинит солушнс“ и „ИТ Лабс ДОО“, во рамки на програмата на Владата за привлекување странски инвеститори, беше потпишан во понеделник во Скопје, во Министерството за информатичко општество и администрација.
Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска – Томовска истакна дека двете македонски компании и естонската компанија во иднина ќе можат да соработуваат на заеднички проекти, кои ќе ги пласираат на пазарите на балтичките земји и на европските пазари.„Овa е релативно нов начин на соработка меѓу македонската влада со останатите влади и компании и не се работи само за странска инвестиција како што е браунфилд или гринфилд, купување на македонска компанија или отворање на филијала на некоја од странските компании во Република Македонија, туку се работи за дополнителна вредност на соработката, а тоа е дека македонските и естонските ИТ компании заедно ќе работат на развој на производи и на пласман на овие производи на странските пазари, со што ќе се овозможи трансфер на знаења, трансфер на технологии и учество во интелектуалната сопственост на овие развиени производи“, истакна Арсовска – Томовска.Задоволство искажа и амбасадорот на Естонија, Даниел Ерик Шаер кој потенцираше дека потпишувањето на Меморандумот е доказ за квалитетот што го поседуваат ИТ програмерите во Македонија.Во изминатиов период, Министерството за информатичко општество и администрација беше домаќин и организатор на средби меѓу претставници на естонската компанија „Нетгруп“ и повеќе македонски софтверски компании, кои требаше да спроведат одредени софтверски решенија. Избраните компании „Инфинит солушнс“ и „ИТ Лабс ДОО“ покажаа најдобар резултат во решавањето на поставените ИТ проблеми. Процесот за избор на компаниите беше остварен преку заедничка соработка со Стопанска комора на Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија и МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)
Економија
Креативен пристап на MINT Fintech Group на eCommerce конференцијата
На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата. Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења.
Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата со релаксирачки активности, меѓу кои и масажа во соработка со My Spa.
„Ова е наш начин да го направиме искуството на посетителите подинамично и поопуштено,“ истакна претставник на MINT Fintech Group. „Реакциите беа исклучително позитивни, а редиците за масажа зборуваа сами за себе, сепак ова се личности чија професија е најчесто поврзана со долгочасовно седење, па оттука и нашата идеја да бидеме корисни.“
MINT Fintech Group и понатаму останува посветен на својата визија за поддршка на дигиталната економија и креирање нови можности за развој и соработка во финтек индустријата.
(ПР)