Компании
Заработете тргувајќи со валутни парови на светската берза. Земете 50 евра и вклучете се!
Пробајте се, без ризик, во тргување на светската берза и заработете. FXLider, на сите читатели на Макфакс, им дава 50 евра за тргување со валути на светската берза, единствена берза на која можете да заработите и кога вредностите на валутите растат но и кога паѓаат.
Пробајте се, без ризик, во тргување на светската берза и заработете. FXLider, на сите читатели на Макфакс, им дава 50 евра за тргување со валути на светската берза, единствена берза на која можете да заработите и кога вредностите на валутите растат но и кога паѓаат.
Земете 50 евра за тргување овде.
Валутниот пар EUR/USD моментално се наоѓа на најниско ниво во последните единаесет години. Од големата финансиска криза која го погоди светскиот пазар во 2008 година до денес САД и зоната на еврото имаа различен пристап во решавањето на проблемите во кои нивните економии западнаа. И додека САД и Федералните Резерви усвоија многу активен пристап, зоната на еврото и Европската Централна Банка (ЕЦБ) се ослонуваа се повеќе на самите земји членки и нивната иницијатива во решавањето на кризната ситуација. Денес, по седум години, последиците од овие одлуки се повеќе од видливи. Економијата на САД се опорави, невработеноста се стабилизираше, додека во зоната на еврото напредок не е направен, напротив, кризата на некој начин продлабочена што доведе до тоа да една од членките, Грција, можеби биде приморана да ја напушти монетарната унија. Доларот зајакна додека еврото изгуби значајно на вредност.
„Федералните резерви низ серија од три програми за монетарно стимулирање во периоод од 2008. до 2014. година спроведуваат купување на обврзници во вредност од 4.5 милјарди долари. Бруто домашниот производ во САД во последниот квартал минатата година остварил раст од 2.2 отсто стапката на невработеност паднала на 5.5 % додека инфлацијата во текот на јануари оваа година достигнала 1.6%, а доларот моментално се наоѓа на највисоко ниво во последните единаесет ипол години во однос на останатите валути“, велат од u FXLider.
„ЕЦБ во мај 2009 година исто така усвоила вид на монетарно попуштање кој опфатил купување на обврзници во висина од 60 милјарди евра. Меѓутоа од јуни 2010 година, повеќе се фокусирала на креирање на фондови за помош на земјите кои биле погодени од кризата. Моменталната инфлација во евро зоната е -0.6% , бруто домашниот производ успеа да оствари од 0.3%, додека стапката на невработеност 11.2%. Во јануари 2015. година ECB конечно најави програма за купување на обврзници , и тоа почна од 9 март, а ќе трае до септември 2016 година. Оваа програма обфаќа купување на обврзници во износ од 1,2 трилиони евра месечно купување во висина од 60 милјарди евра“ појаснуваат од FXLider.
Разликата во монетарните политики на Федералните Резерви и ЕЦБ е основна причина за слабеењето на еврото во однос на доларот. Програмата за монетарно попуштање која ја усвои ЕЦБ е поагресивна од тоа што пазарот го очекуваше што додатно би требало да го ослабее еврото и регионалната стока ја направи поконкурентна на странскиот пазар. Од друга страна постоењето на реални очекувања дека Федералните Резерви ќе ги зголемат референтните каматни стапки уште оваа година, што заедно јасно сигнализира понатамошен пад на еврото во однос на доларот.
FXLider има ексклузивна соработка со Fortrade Limited – компанија која е авторизирана и регулирана во UK од страна на FCA (Financial Conduct Authority) под лиценца со број 609970.
Покрај долунаведеното одрекување од одговорноста, овој материјал не претставува понуда , или барање за извршување на трансакции за било кој финансиски инструмент. Друштвото Fortrade не прифаќа никаква одговорност за било каква употреба која може да се состои од овие коментари или за последиците кои произлегуваат од нив. Не се даваат никакви изјави ниту гаранција за точност и потполност на информациите. Следствено на тоа секое лице постапува во таа смисла во потполност на свој ризик. Секое обезбедено истражување, не зема во предвид специфични инвестициски цели, финансиски ситуации и потреби на одредена особа која може истите да ги прими. Ова не е составено во склоп на законските барања, осмислен да промовира како такво независност на инвестициското истражување./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Гласот ми откажа“: Кандидати раскажуваат за исцрпувачкиот финален круг за работа во „Амазон“
Вработен во „Амазон“ откри како изгледа нивниот озлогласен завршен круг разговори за работа, последната и најинтензивна фаза од селекцискиот процес во компанијата. Станува збор за вистински маратон – четири до шест последователни интервјуа, од кои секое трае меѓу 45 и 60 минути, а сите се одржуваат во ист ден, пренесува Унилад.
Официјален опис на процесот
На официјалните страници за вработување, „Амазон“ наведува дека кандидатите разговараат со повеќе вработени, при што секој од нив проценува различни вештини и искуства за да се добие целосна слика за тоа како кандидатот би се вклопил во тимот и работната средина.
Сите кандидати се оценуваат според таканаречените „Принципи на лидерство“, интерен сет на вредности и правила, а интервјуерите бараат конкретни примери за тоа како кандидатите ги применувале во досегашната работа.
Компанијата користи прашања засновани на реални ситуации од пракса, со цел да добие конкретни примери од претходното искуство и да разбере како кандидатот пристапува кон предизвици, донесување одлуки и соработка. Пример за такво прашање е:
„Опишете ситуација во која сте презеле ризик, сте направиле грешка или сте доживеале неуспех. Што се случи и што научивте од тоа?“
Искуство од прва рака
Еден вработен во „Амазон“ од Австралија, кој работи во малопродажниот тим, го споделил своето искуство на „Редит“, потврдувајќи дека процесот е исклучително тежок. Тој го опишал како „многу интензивен“ и објаснил дека системот е многу посложен отколку што изгледа на прв поглед.
„Прво следи 20-минутен телефонски разговор со одделот за човечки ресурси. Потоа доаѓа едночасовен видеоповик со менаџерот кој вработува. По тоа следи завршниот круг – пет едночасовни разговори, еден на еден, со пет различни лица“, појаснил тој.
„Од тие пет лица во завршниот круг, едно е таканаречен ‘bar raiser’, лице задолжено за одржување на високи стандарди; од него се очекува да биде построго кон кандидатот и подетално да го испрашува. По завршниот круг, интервјуерите даваат препорака ‘вработи’ или ‘секако вработи’, односно ‘не вработувај’ или ‘никако не вработувај’. Потоа се состануваат и дискутираат. Мислењето на менаџерот што вработува и на ‘bar raiser’-от има најголема тежина. Кандидатот мора да добие препорака за вработување од сите пет интервјуери“, додал тој.
Исцрпувачко и монотоно
Друг корисник на „Редит“ го опишал процесот како целосно исцрпувачки.
„Никогаш не сум учествувал во толку интензивен, монотон и здодевен процес на вработување“, напишал тој.
„Во еден момент гласот почна да ме издава, бидејќи од мене се очекуваше да зборувам 30 до 45 минути. Повеќето интервјуери ми оставија само десет минути на крајот за мои прашања, а имав многу повеќе што сакав да прашам отколку што времето дозволуваше“, се пожалил.
Слично искуство споделила и вработената Емили Мареј на веб-страницата на „Амазон“.
„Иако и претходно сум одела на интервјуа за работа, ниту едно не било толку ригорозно, долго или темелно како тоа во Амазон. Процесот се состоеше од телефонски разговори со регрутер и менаџерот што вработува, по што следеше петчасовен завршен круг интервјуа со неколку интервјуери од различни делови на компанијата“, навела таа.
Мареј им советува на кандидатите однапред да подготват конкретни примери од своето искуство, да поставуваат прашања, да ги прилагодат одговорите на описот на работното место и своите успеси да ги поткрепат со бројки и податоци.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)

