Компании
Живко Мукаетов по четврти пат дел од собирот на лидери на Југоисточна Европа
Генералниот директор и претседател на Управнито одбор на македонскиот и регионален фармацевстки гигант „Алкалоид“, Живко Мукаетов и годинава е дел од четвртиот по ред елитен собир на успешни бизнис лидери и политичари од Југоисточна Европа: „Самит 100 – Договор за новата ера“.
Во рамки на Самитот кој годинава се одржува во словенечкото одморалиште Порторож, Мукаетов, заедно со Ивица Мудриниќ од „Дојче Телеком“ го модерираа панелот со градоначалниците на четири регионални метрополи: Љубљана, Сараево, Загреб и Подгорица.
Во рамки на пленарниот панел насловен „Паметни градови за одржлив развој: Претворање на регионалните метрополи во попаметни иновативни центри“, челниците на четирите главни градови ги споделија своите искуства, презентирајќи ги реализираните и тековните проекти во напорот да го зголемат одржливиот развој на метрополите со кои управуваат. Градоначалниците на Љубљана и Загреб, кои како градови предничат во регионот во однос на исполнување на целите за одржлив развој, во текот на панелот имаа конструктивна дискусија околу дополнителните ресурси (капитални и човечки), кои би им биле потребни со цел да ги направат градовите поекономични, поефикасни и попријатни за живеење за граѓаните.
Учество на панелот модериран од страна на Мукаетов и Мудриниќ зеде и експертот од американската мултинационална компанија IBM (IBM – International Business Machines), Мајкл Диксон, кој воедно е и директор на IBM програмата за паметни градови на глобално ниво.
Покрај сесијата наменета за претседателите од државите од процесот ,,Брдо-Бриони”, на која активно учество зема претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на „Самитот на 100 бизнис лидери на Југоисточна Европа” учествуваат бизнисмени, претприемачи и истакнати стопанственици од регионот, поткрепени од меѓународни експерти.
„Како член на управните одбори на неколку еминентни економски институции во Македонија и надвор од нејзините граници, но и како директор на ‘Алкалоид’, компанија која успешно извезува во над 30 земји во светот, сметам дека настаните од овој тип се од огромно значење за промовирање на регионалната соработка и унапредување на бизнис операциите. Токму можноста за поврзување и заедничко дејствување на државите и компаниите од регионот, му даваат додадена вредност на овој меганастан. За полесен и поуспешен пристап до нови надворешни пазари, на компаниите им е неопходно здружување. ‘Самит 100’ е одлична иницијатива за остварување на овие цели, а во исто време и солидна платформа за структуирање на развојни програми кои регионот би го донеле чекор поблиску до исполнувањето на мисијата за градење на моќна бизнис заедница која би била генератор на поголем економски раст”, истакна Мукаетов.
Самитот ќе продолжи и во текот на вторникот, со теми од секторот банкарство и финасии, туризам, подобрување на конкурентноста на компаниите, зголемување на извозот и заеднички настап на регионалните компании на трети пазари./крај/мф/ап
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

