Компании
ЗК Пелагонија инвестира 20 млн евра во биогасна централа и современа фарма
Земјоделскиот комбинат Пелагонија АД Битола во петокот во Новаци свечено пушти во употреба два големи капацитети, првата биогасна централа со капацитет од 3 мегавати на час во Македонија и современа фарма наменета за 2.000 молзни крави.
Станува збор за вкупна инвестиција од околу 20 милиони евра, пари кои во најголем дел се обезбедени од редовното работење на ЗК Пелагонија.
Биогасната централа нуди најсовремено еколошко решение за справување со арското ѓубриво од фармата, со чија преработка и заедничко ферментирање со фуражната пченка се добива биогас од кој се произведуваат по 3 мегавати струја на час. Ова е прв ваков капацитет во земјава способен да произведе толкаво количество „зелена“ енергија. Во изградбата на биогасната централа ЗК Пелагонија инвестираше 10,5 милиони евра.
„Изградбата на биогасни централи претставува најсовремено еколошко решение во развиените земји во светот за справување со арското ѓубриво од фармите. Ние воопшто не заостануваме зад тој светски тренд. Напротив, можеме да се пофалиме дека сме една од најголемите фирми во Европа кои се занимаваат со производство на „зелена“ енергија, односно струја произведена од биогас“, изјави Драган Китановски, директор на ДООЕЛ „Пелагонија- Енерџи“.
Освен биогасната централа во Новаци, ЗК Пелагонија инвестира и во втор капацитет кај фармата во селото Породин, а наскоро планира да гради и трет.
Со тоа ќе го заокружи вкупното производството на 6 мегавати електрична енергија на час, инвестиција вредна 10 милиони евра во прва фаза. Во втората фаза планирана е изградба на стакленици за двете централи на површина од 10 хектари, за да може целосно да се искористи топлината која се добива од ладење на генераторите. Притоа, ќе се обезбеди целосна еколошка заштита на земјоделските површини и на околината
Паралелно со инвестицијата во биогасната централа, ЗК Пелагонија вложи и во изградба на современи штали во Новаци со капацитет од 3.000 животни од кои 2000 се молзни крави а остатокот помлади категории. Притоа, современата фарма доби нов телчарник и ново молзилиште ротолактор со капацитет од 300 крави на час, а реновирано е и старото Делавал молзилиште. Комбинатот набави нови молзни крави и јуници и воспостави комплетно нов современ систем за ѓубрење кој арскотп ѓубре од шталите и молзилиштето директно го носи во биогасната централа. ЗК Пелагонија во изградбата и модернизацијата на фармата инвестираше 9,78 милиони евра. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

