Македонија
(Интервју) Милошоски: Вмровски структури, потпомогнати од СДСМ сакаат преврaт во партијата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/01/милошоски.jpg)
„Има структури што беа дел од партијата, а се во добра комуникација со Зоран Заев, како и самиот што рече за соработката со поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој помогнал да се изгласаат уставните измени. Се гледа дека тие се во дослух со актуелната власт и во следниот период не е исклучена можноста по нарачка на власта и Заев, да се држат кон ВМРО-ДПМНЕ како тема“, рече пратеникот на ВМРО- ДПМНЕ Антонијо Милошоски во интервју за „Макфакс“.
Ова го изјави во однос на прашањето дали е можен преврaт во партијата и дали раководството на ВМРО-ДПМНЕ има комуникација со Сашо Мијалков или, пак, е блиско со СДСМ и Зоран Заев. Тој порача дека членовите на партијата своето незадоволство или одредено несогласување треба да го изнесат пред партиските органи, зашто во спротивно прават услуга на политичкиот опонент.
„Не ја исклучувам можноста поедници или групи да се занимаваат со идејата за преврат. Не се согласувам со тоа што наместо внатрепартиски разговори, одбираат да пишуваат отворени писма. На ваков начин не прават добро на никого, ниту на себе , ниту на партијата“, додава тој.
Според него, токму поради консолидирање на редовите на партијата бил моментот за двојни, претседателски и вонредни парламентарни избори. Милошоски нема амбиции да се кандидира за претседател на државата, а на конгресот за избор на кандидат ќе даде поддршка на Влатко Ѓорчев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.