Македонија
Доларот зајакна во исчекување на насоките од Фед
Курсот на доларот во средата на светските берзи зајакна кон повеќето најважни светски валути, додека инвеститорите ги очекуваат најновите насоки од американската централна банка во врска со зголемувањето на каматните стапки.
Доларот во однос на јенот беше во плус 0,15 отсто, па со него се тргуваше по 107,25 јени, со што повторо се приближи на највисоко ниво за шест години од 107,39 јени, на кое се искачи минатиот петок. Во прекуноќното тргување накратко се спушти и до 106,81 јен.
Курсот на еврото падна на 1,2955 долари, откако во вторникот се доближи до 1,30 долари, највисоко ниво за речиси две недели.
Во фокусот на инвеститорите е месечната седница на Фед која треба да заврши денеска попладне, а на која се очекува да стане збор за временска рамка за првото зголемување на каманите стапки. Централната банка исто така ќе објави нови проекции за економијата во врска со движењето на инфлацијата.
Доларот вчера вечерта се најде под притисок од продажби откако Wall Street Journal објави дека централната банка во соопштението би можела да го задржи терминот „во разумен рок“, што би можело да ги разочара оние кои присакуваат јакнење на доларот и кои се надеваат на силна порака во врска со заострувањето на монетарната политика.
Функционерите на Фед во последно време говореа дека не очекуваат раст на каматните стапки пред 2015 година, но најновата низа на силни економски показатели до САД ги поттикнаа берзанските актери на заклучок дека Фед би можел и порано да ги крене каматните стапки од очекуваното.
„Таквите очекувања се благо ублажени, но и натаму очекуваме јакнење на доларот во очекување на седницата на Фед. Очекуваме и дека Фед ќе започне да ги крева каматните стапки од наредната година, а помена ќе има и кај прогнозата за економијата и инфлацијата“, вели Јуширо Гото, валутен стратег во банката Nomura.
Спротивно од Фед, од јапонската централна банка се очекува да ја задржи многу лабавата монетарна политика, како и дека би можела дури и да преземе дополнителни мерки во таа насока.
Во фокусот се најде и британската фунта, во рпесрет на утрешниот референдум за независност на Шкотска. Фунтата благо зајакне во однос на доларот, на 1,6295 долари, што значи дека е осетно над најниското ниво во 10 месеци од 1,6051 долари, на кој се спушти минатата недела. Од толку ниското ниво отскокна под влијание на анкетите кои покажуваат мала предност на заговорниците за останување на Шкотска во Велика Британија.
Фунтата беше во плус и во однос на еврото, со кое се тргуваше по 79,50 пени, во очекување на белешките од последниот состанок на британската централна банка. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

