Македонија
Турската компанија „Демпо груп“ најави две инвестиции во Македонија
Премиерот Никола Груевски, за време на својата посета на Турција, во средата по завршувањето на бизнис форумот во Анкара оствари повеќе одделни средби со претставници на заинтересирани компании за инвестирање во Македонија, а една од нив е и компанијата „Демпо груп“, која најави дека ќе направи две инвестиции во земјава.
Премиерот Никола Груевски, за време на својата посета на Турција, во средата по завршувањето на бизнис форумот во Анкара оствари повеќе одделни средби со претставници на заинтересирани компании за инвестирање во Македонија, а една од нив е и компанијата „Демпо груп“, која најави дека ќе направи две инвестиции во земјава.
Сопственикот на „Демпо груп“, Музафер Полат објави дека неговата компанија ќе инвестира во изградба на две фабрики во Македонија, од кои првата е за производство на амбалажа, со вредност на инвестицијата од 3 милиони долари, а втората е за производство на мермер и мозаици, со вредност на инвестицијата помеѓу 2,5 и 3 милиони долари.
„Пред четири месеци ја посетивме Македонија, програмата беше организирана од Инвест Македонија и нејзиниот претставник од Анкара. Ја разгледавме цела Македонија и одлучивме дека ќе инвестираме таму. Планираме да дојдеме со две дејности во Македонија, првата е во секторот на амбалажа и производство. Тоа ќе биде фабрика во вредност од 3 милиони долари. Во првата дејност ќе има 150 вработувања”, изјави Полат.
Полат додаде дека планира префрлање на дел од капиталот на компанијата и отворање на втора фабрика во Македонија за производство на мермер и мозаици.
„Во однос на втората инвестиција, бидејќи во нашата дејност имаме и дел кој се занимава со производство на мермер, планираме да ја префрлиме нашата фабрика за производство на мермер од Турција во Македонија. Планирана е преработка на мермер односно производство на мозаици од мермер. За почеток би биле 150 вработувања, а во подоцнежната фаза од 300 до 400 вработувања. Во почетна фаза, за производство на мермер инвестицијата е од 2,5 до 3 милиони евра. Со тоа што и за првата и за втората инвестиција, планираме нивно зголемување со тек на време. За првата инвестиција, за производство на амбалажа планираме да отпочнеме во првиот квартал од 2015 година, а за инвестицијата за производство на мермер и мозаици планираме да започнеме во вториот квартал од 2015 година“, порача сопственикот на „Демпо груп“.
Инаку, Музафер Полат е сопственик на повеќе производствени погони во Турција и се занимава со производство на јаглен, амбалажа и мермер.
Премиерот Груевски истакна задоволство од одлуката на турската компанија за инвестиции во нашата земја.
„Голем е интересот во сите овие градови кои што ги посетивме. Вчера компанијата „Демпо“ во Анкара не извести дека донеле одлука да инвестираат во Македонија во две фабрики. Едната за преработка на мермер, и втора за изработка на различни видови амбалажи. Во двете фабрики планираат да вработат за почеток вкупно 300 луѓе, а подоцна планираат сето тоа да се зголемува. Се уште немаат избрано во кое место ќе градат, така што следното доаѓање ќе им биде да ја одредат локацијата, но она што ни го кажаа е дека поради условите кои ги нуди Македонија имаат донесено веќе дефинитивна одлука да инвестираат токму во Република Македонија, и тоа сакаат да го направат што е можно побрзо”, изјави Груевски.
Македонскиот премиер се осврна и на бизнис форумот во Адана.
„Денес во Адана имаше голем интерес и голем број на компании дојдоа и како во секоја ситуација после презентацијата голем број од нив бараат директни средби. Имаме денес десетина директни средби со други компании и неколку кажаа дека со сигурност ќе дојдат да инвестираат. Две во земјоделието, некои компании за изработка на пластика, некои од текстилната индустрија и други дејности. Постои голем интерес и не само интерес, туку и објави на одлуки за инвестирање”, изјави Груевски./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено поради големиот увоз на странско јаболко во Македонија
Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денес е во работна посета на Ресен каде што оствари работни средби со овоштарите од овој регион.
„Овоштарите од Ресен претрпуваат големи губитоци заради погрешните политики на СДС и големиот увоз на странско јаболко во Република Македонија. Согласно податоците, додека ресенското јаболко стои неоткупено, од 1 септември 2023 година до сега во Македонија се влезени околу 4 милиони килограми јаболко што е главна причина што ресенчани ги преживуваат најцрните денови во историјата на овоштарството во Македонија“, изјави Трипуновски.
Како поголеми проблеми на земјоделците од Ресенскиот регион, Трипуновски ги посочи неисплатените субвенции како и неисплатените штети од природните непогоди од пред некоја година, откупно-дистрибутивниот центар којшто требаше да биде завршен во 2023 година сѐ уште не е ни започнат со градба.
„Цврсто им ветив дека идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има сериозен план и конкретни мерки со кои ќе се стави крај на маките на ресенчани“, заврши Трипуновски.
Економија
Ангеловска-Бежоска на Пролетните средби на ММФ и СБ: Носителите на политики ќе дискутираат за состојбите и перспективите во економијата
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, и заменик-министерот за финансии, Филип Николоски, ја предводат нашата делегација, која учествува на Пролетните средби на групацијата на Светскатa банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД. Во делегацијата на Народната банка на овие средби ќе земе учество и вицегувернерот Фадил Бајрами.
Гувернерката Ангеловска-Бежоска и вицегувернерот Бајрами на претстојните Пролетни средби ќе одржат состаноци со заменик-директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, со директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, како и со извршниот директор на ММФ и алтернативниот извршен директор, Пол Хиберс и Лук Дресе. На состаноците со високите претставници на ММФ ќе стане збор за економските состојби во нашата земја и поставеноста на монетарната политика, којашто придонесе за стабилизирање на инфлацијата. Делегацијата на Народната банка, предводена од гувернерката, ќе оствари средба и со претставниците на одделите за статистика и за монетарни и капитални пазари при Меѓународниот монетарен фонд, на која ќе се споделат досегашните достигнувања и резултати од заемната успешна соработка.
Во рамките на Пролетните средби, Ангеловска-Бежоска ќе одржи состаноци и со високи претставници на Светската банка, заменик-претседателката на СБ, Антонела Басани и со извршниот директор на СБ за Конституенцата во која членува нашава земја, Јуџин Ругенаат. Исто така, делегацијата на Народната банка ќе учествува и на редовниот состанок на земјите членки на Конституенцата.
Одржувањето на Пролетните средби секоја година на едно место ги собира носителите на политиките, односно првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки, кои ќе разговараат за политиките и финансиските реформи во насока на остварување на целите за одржлив раст (SDG), особено поврзани со климатските промени и родовата еднаквост.