Македонија
Груевски: Невработеноста е сведена на рекордно најниската стапка
Со намалувањето на невработеноста за нови 0,9 отсто во последното тримесечје од миантата година , и достигнатите 24,6 отсто, достигната е рекордна историски најниска стапка на невработеноста во Македонија, оцени во средата челникот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Кичево, Груевски посочи на податоците на Државниот завод за статистика, според коишто невработеноста од 25,5 отсто ланскиот септември забележала намалување за 0,9 отсто и во последниот квартал од 2015 годината изнесувала 24,6 отсто.
Груевски посочи дека ваквото намалувањето на невработеноста во земјата е резултат на вложениот труд на надлежните институции преку отворањето на нови работни места и спроведувањето на низа мерки.
„Правиме максимални напори да донесеме инвеститори, да вложуваат и да отвораат нови работни места, како и да им овозможиме одлични услови за правење бизнис. Работејќи го тоа станавме шеста држава во Европа според добрите услови за водење бизнис и дванаестта во светот според рангирањето на Светската банка“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ..
Груевски ги посочи и активностите за помош на домашните компании преку обезбедување евтини кредитни линии како и секојдневните комуникации со бизнисмените преку нивните комори за решавање на евентуалните проблеми и одговор на нивните потреби. Според него, влиајние во созбивањето на невработеноста се прави и преку мерките што ги спроведува Агенцијата за вработување, како што се проектот за самовработување и други мерки со кои се помага да се отворат нови работни места.
„Сите напори од државните институции кои претежно се дел од нашата претходна Програма, доведоа до оваа состојба да имаме историски најниско ниво на невработеност, односно 24,6 отсто. Свесни сме дека тоа сé уште е високо ниво на невработеност и ќе продолжиме да работиме на нејзиното намалување“ реече Груевски.
Оцени дека институциите се на добар пат да ја остварат проекцијата од 2014 година, според којашто до 2018 година невработеноста ќе се намали на 22 отсто./крај/мф/мн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

