Македонија
Информирање на граѓаните за ризиците од природни катастрофи
Компанијата Европа Ре презентираше CAT monitor (КАТ-монитор) интернет страница преку која сите заинтересирани граѓани и компании ќе можат на едноставен и брз начин, бесплатно да добијат информации за изложеноста на нивната куќа, зграда или деловен објект на ризик од земјотрес и на таков начин лесно и едноставно да ги проценат потребите за осигурување од вакви ризици.
Презентацијата се одржа во петокот во Скопје во предвечерието од годишнината од Скопскиот катастрофален земјотрес, кој с еслучи на 26 јули 1963 година.
„За жал, никој не може да предвиди кога може да се случи земјотрес. Тој може да го погоди секого, да се случат во секоја заедница и во кое било време, без предупредување. Она што сепак можеме е да се информираме за ризикот од него, како и за начинот како да ги намалиме последиците кои можат да бидат огромни. Затоа ги повикувам граѓаните да ја користат оваа бесплатна интернет страница и да ги добијат сите информации околу тоа како да го заштита нивниот имот од ефектите на природните катастрофи“, вели Андреј Ѓокиќ од претставништвото на Европа Ре во Македонија, потенцирајќи дека токму едукација на населението и бизнис секторот за изложеноста на ризиците од природни и временски непогоди е значаен дел од мисијата на Европа Ре.
Конкретно преку CAT Monitor веб – страницата секој граѓанин може да добие извештај за ризикот од земјотреси, како и проценка за потребата од осигурување, базирана на локацијата, староста и видот на имотот од градежен аспект. Дополнително, преку оваа интернет страница, регистрираните корисници можат да бидат известени во случај на природни катастрофи и временски непогоди, како и информации во врска со безбедноста и сеизмичката издржливост на училиштата и болниците во локалната заедница.
Покрај граѓаните и компаниите, како корисници на податоците од CAT monitor страницата можат да бидат и државните институции за урбанистичко планирање, инженерите и архитектите, локалната власт и агенциите вклучени во системите за справување со ризици од природни катастрофи кои со помош на мапите и податоците од CAT Monitor порталот добиваат корисни информации за реагирање во случај на природна катастрофа, подобрување на практиките за управување со ризик, како и при планирањето и изградбата на нови објекти.
Инаку, се проценува дека во случај на голема природна катастрофа, каква што беше земјотресот што го погоди Скопје на 26 јули 1963, економските штети може да достигнат до 40% од БДП. Експертите се согласни дека најефикасен начин за покривање на материјалните штети кои би настанале при земјотрес е осигурувањето. И покрај тоа сега само едно до две од 100 домаќинства во Македонија и регионот поседуваат некакво осигурување од природни катастрофи. Ваквата состојба се должи меѓу другото и на недоволна свесност кај поголемиот дел од населението за ризиците од природни катастрофи која се темели на заблуди од типот дека „природните несреќи се далеку од нас“ односно „тоа нема нас да ни се случи“, но и на недоволно развиената пазарна инфраструктура за осигурување од природни катастрофи во регионот на Ј-И Европа. Заради поттикување на развојот на пазарот на осигурување од природни катастрофи, Владите на Македонија, Србија и Албанија ја формираа реосигурителната компанија Европа Ре, со седиште во Швацарија, која е подржана од поддржана од Светска банка, Европската унија, Обединетите нации и други глобални институции.
Основаната задача на Европа Ре е да развие пристапни полиси за осигурување од природни катастрофи кои понатаму ќе се продаваат преку локални акредитирани осигурителни компании. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.
Економија
Забрзување на енергетската транзиција: Јасен план и координиран пристап – одржан состанок на JETIP Инвестициската платформа
Денеска се одржа четвртиот координациски состанок на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција (JETIP – Just Energy Transition Investment Platform), на кој клучните актери разговараа за напредокот во политиките, планирањето и регулаторните реформи што ја поддржуваат праведната енергетска транзиција на Северна Македонија.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, г-ѓа Сања Божиновска, истакна дека во изминатиот период Министерството е фокусирано на зајакнување на политичките и планските основи неопходни за ефективна имплементација на Инвестициската платформа.
Во таа насока, подготвени се два Годишни планови за развој на енергетскиот сектор за 2025 и 2026 година, усогласени со приоритетите на праведната транзиција, кои обезбедуваат јасна краткорочна рамка за реализација на проектите и подготвеност за инвестиции.
Паралелно, Националниот план за енергија и клима ја заврши фазата на јавни консултации и влезе во завршна фаза на финализација. НЕПК ги обединува целите за декарбонизација, развојот на обновливите извори на енергија и потребите за флексибилност на енергетскиот систем, со посебен фокус на регионите погодени од транзицијата од јаглен. По неговото усвојување, Планот ќе претставува стабилна основа за јавните и приватните инвестициски одлуки.
На регулаторен план, во завршна фаза е и подготовката на Законот за обновливи извори на енергија, со чијштоo усвојување ќе се создадат услови за значително забрзување на инвестициите и исполнување на целите за декарбонизација.
Овие активности не претставуваат изолирани реформи, туку овозможувачки чекори за реализација на проектната рамка на Инвестициската платформа.
Владата уште еднаш ја потврди својата силна посветеност на праведната енергетска транзиција, поддржувајќи ја Инвестициската платформа како клучен механизам за координација, инвестиции и забрзана имплементација на реформите.

