Македонија
Патувачкиот гуру ја скенира Македонија
Перси вон Липински, поранешен дипломат, наградуван новинар на американската телевизиска мрежа CNN, попознат уште и како „патувачки гуру“ а во последните години дел од холивудското студио Universal како „ловец на атрактивни локации“ деновие престојува во Битола заедно со екипата која наредните денови низ цела Македонија ќе снимаат промотивни филмови за Македонија.
„Досега ова беше прекрасно патување, турата е прекрасна Кристијан (Џамбазовски, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот), ни помогна околу организацијата. Почнавме во Скопје, тргнавме низ земјата, сега сме во Битола, каде забележавме огромен потенцијал за туризам тука, многу е добро“, вели Перси Липински, новинар и продуцент. Неговата екипа во Битола пристигна во вторникот. „Бевме кај Пеце Цветковски, во вила Дихово, се запознавме со Слоу фуд, сместени сме во прекрасен хотел и знаете што – бевме во казино вчера и изгубивме. Вие победивте, а ние изгубивме, вели Липински.Средата им започна со скенирање на Старата битолска чаршија. „Си купив очила и капа, и мислам дека тоа таму го правеле неколку стотици години, не продавале очила, но нешто друго сигурно. Јадевме многу добра храна, доручек, ручек и вечера, искусивме многу топла гостопримливост. Кога патувате, се разбира дека зградите и архитектурата е она што го гледате, но она што навистина го искусувате се луѓето. Тука има навистина прекрасни луѓе, на секој чекор. Ни помагаат, не знаат кои сме, ние им изгледаме како просечни луѓе, не нé третираат како да сме посебни луѓе, тие нé третираат онака како што се однесуваат со сите, може да се почуствува тоа во околината“, вели Липински.Екипата го посети и музејот во Битола, каде беа примени од раководството и добија подароци, промовирачки материјал за градот под Пелистер. Хо искажаа своето одушевување од големината на музејот и со нетпрпение чекаа да видат што се нуди. Самиот Липински вели дека многу се интересира за историјата и корените на народите и земјите.„Македонија ја нарекувам Швајцарија на Балканот, ги имате сите овие култури, сите доаѓаат од различни страни, тука препознав дел и од моите корени, имам руска и хрватска крв. Еве ова овде е балканска вена“, рече Липински кој е одушевен и од Широк Сокак.Следните дестинации на неговиот тим се Хераклеја и Пелистер. „Јас тука носам две капи, една е мојата капа за туризам која ја носам како промотор на туризмот. Ги знам луѓето од овој бизнис, работев за CNN долги години, бев главен новинар кој патуваше низ земјите и ме викаа патувачки гуру. Сум бил во многу земји, кога ја споредувам Македонија, таа е на високо место. Кога одиме во земјата ги гледате луѓето, храната, културата, историјата, сите тие работи комбинирани во едно место. Вие го имате сето тоа во Македонија. Некогаш велиме, помалото е подобро, не мора да биде колку Русија, со цела почит кон Русија, може да бидете мала земја и да имате многу да понудите, бидејќи од едно до друго местос се стигнува многу брзо, неколку часа до Охрид, до Скопје. Она што мене ми се допаѓа е што имате многу различни култури и јадења, во една релативно мала земја“, заклучи Липински.Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од 24-ти до 10-ти септември организира инфо тура за Липински, репортер, новинар, продуцент, преку која ќе се запознаат со природните и културните убавини на нашата земја. Липински заедно со својот тим на соработници ќе снимаат петнаесет кратки промотивни филмови за Македонија кои ќе се емитуваат на пет странски јазици на YouTube, ќе бидат промовирани на социјалните мрежи ширум светот и на познати светски медиуми, меѓу кои и CNN./крај/мф/мб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

