Контакт

Македонија

Светска банка предупредува на внимателно однесување со задолжувањето

Објавено пред

Политичките превирања во Македонија, се главна причина за загриженост во редовниот полугодишен економски извештај за Југоисточна Европа на Светска банка, како и високото ниво на фискален дефицит, слабости во менаџментот со јавните финансии и ефикасноста на трошењето, зголемениот јавен долг и стагнацијата во структурните реформи.
 

dobivaj vesti na viber

Политичките превирања во Македонија, се главна причина за загриженост во редовниот полугодишен економски извештај за Југоисточна Европа на Светска банка, како и високото ниво на фискален дефицит, слабости во менаџментот со јавните финансии и ефикасноста на трошењето, зголемениот јавен долг и стагнацијата во структурните реформи.

 

Директорот на Светска банка за Македонија и Косово, Марко Мантованели посочува дека годинава економскиот раст во земјава се намалил на 2 отсто главно како последица на намалените инвестиции кои биле силно погодени од политичката криза. Тој нагласи дека фискалниот дефицит расте, а тоа има импликации врз вкупниот јавен долг на државата. „Нема ништо лошо во задолжувањето за да се одржува јавниот долг, и да се покрие фискалниот дефицит. Но кога се задолжувате, потребно е да ги инвестирате тие средства колку што е можно попродуктивно“, изјави директорот на Светска банка за Македонија и Косово, Марко Мантованели.Од Светската банка посочуваат дека изгледите за економскиот развој се позитивни и се надеваат дека по изборите, политичката криза ќе се надмине и ќе се воспостави политичка стабилност, по што ќе почне циклусот на привлекување нови странски инвестиции.„Инвестициите имаат значаен придонес како контрибутор кон растот во Македонија, но лани и оваа година имаме негативен придонес на инвестициите кон растот и покрај тоа што имаме значително зголемување на јавните инвестиции, тоа не е доволно да го компензира падот на приватните инвестиции што се толкува како последица на пролонгираната политичка криза и намалената сигурност во економските текови“, објаснува Бојан Шимов, економски аналитичар во Светска банка.Во извештајот, меѓу другото, се забележува дека фискалната потрошувачка останала главниот двигател на растот, поткрепена од подобрувањето на пазарот на труд и повисоките плати и трансфери од јавниот сектор. Во последната година растот главно е движен од градежниот сектор и трговијата. Во поглед на пазарот на труд, забележан е тренд на зголемување на вработеноста и намалување на невработеноста.„Во 2016 гледаме намалување на стапката на активно население, што претставува индикатор дека дел од населението кое е подолго време невработено, е заморено од барање работа и го напушта пазарот на трудот, или пак може е тренд на иселување од земјата. Вториот ефект е тоа што од сите новокреирани работни места може да се види дека истите се со фискален стимул, каде работодавачот е ослободен од плаќање на социјални придонеси и слични давачки“, изјави Шимов.Токму тоа пак, создава притисоци врз пензискиот систем, што значи дека околу 45 проценти од приходите на пензискиот систем се остваруваат преку трансфери од државниот буџет.„Загриженоста што ја изрази Светска банка за темпото на задолжувања во Македонија и за висината на јавниот долг е потврда на нашите предупредувања.  Начинот на којшто владее актуелната власт, преку задолжувања, негативно се одразува на економијата. Светска банка во Извештајот ги потврдува податоците што ги соопштив на граѓаните дека износот на јавниот долг за 2016-та година ќе изнесува 50 отсто. Банката соопшти дека очекува јавниот долг на Македонија да достигне  52,2 отсто во 2017 година. Исто така Светска банка предупредува за дефицит од 3,4 отсто следната година што потврдува дека актуелната власт носи неразвојни буџети за економијата“, предупредува дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов.„Светска банка јасно и недвосмислено посочи дека успорувањето на економскиот раст, странските инвестиции, а со тоа и зголемување на буџетскиот дефицит со цел да се задржи растот, се директна последица на политичката криза која во Македонија ја создадоа аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ“, реагираат од партијата на власт ВМРО-ДПМНЕ. Потсетуваат дека Наумов и СДСМ добро знаат дека половина од државниот долг е направен во време на СДСМ, со таа разлика што тие немаат ниту еден единствен проект со кој може да го оправдаат овој долг. Дополнително, ден денес има околу 40 активни кредити од времето на СДСМ кои земјава се’ уште ги отплаќа, пари кои испарија во воздух, односно во џебовите на функционерите на СДСМ.

„Наспроти тоа, Македонија е меѓу најниско задолжените земји во Европа и нејзиниот долг е скоро двојно помал од европскиот просек. И овие факти СДСМ ги смета за поразителни, бидејќи се води по мотото „колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ“.     И покрај политичката криза Светска банка оцени дека нивото на раст на Македонија е за респект во Европа, како и дека нејзиниот потенцијал е многу поголем и ќе се реализира по завршување на политичката криза која СДСМ ја креираше“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ./крај/мф

Економија

Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“

Објавено пред

Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.

dobivaj vesti na viber

„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.

„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“

Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:

„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.

Прикажи повеќе...

Економија

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Објавено пред

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.

dobivaj vesti na viber

Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.

На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.

Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

Прикажи повеќе...

Економија

Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.

„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.

Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.

Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.

„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ14 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија14 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија15 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија16 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија16 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион17 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија18 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија18 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет18 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет18 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа19 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет19 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет19 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа19 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион1 ден

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија1 ден

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет1 ден

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија1 ден

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија2 дена

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...