Македонија
Учениците неупотребливи за компаниите ако немаат пракса
Фирмите се жалат дека не можат да обезбедат квалификуван стручен кадар, а од друга страна само 40 отсто од нив оствариле соработка со средни стручни училишта и го прифаќаат дуалниот систем на образование кој предвидува учење преку работа, односно практична работа за средношколците.
Фирмите се жалат дека не можат да обезбедат квалификуван стручен кадар, а од друга страна само 40 отсто од нив оствариле соработка со средни стручни училишта и го прифаќаат дуалниот систем на образование кој предвидува учење преку работа, односно практична работа за средношколците.
Како што покажува анкетата на Стопанската комора направена неодамна исто така само 40 отсто од компаниите кои се вклучени во системот за практична работа за средношколците, вработиле двајца или тројца од нив по завршување на учењето, а само 9 отсто од компаниите вработиле до шест ученици кои биле кај нив на практична работа.Дефицитарни се струките поврзани со електромашинската и металната струка, текстилната струка, угостителството и туризмот и рударско-геолошката струка, но најмногу фалат ѕидаро-тесари.„Кај компаниите постои првичен интерес да се вклучат во процесот на дуално образование, но многу од нив не се упатени што тоа всушност претставува. Тие трошат пари за дообука на нестручен кадар, наместо да го обучат уште додека е во образовниот процес“, вели Софче Јовановска, советник во Стопанската комора која презентираше дел од анкетата.Со дуалното образование директно се придонесува за поголема конкурентност на претпријатијата и за намалување на невработеноста, како и за одливот на стручниот кадар.„Помалку од десет отсто е невработеноста во земјите кои го негуваат системот на дуално образование, а 70 отсто од најдобрите менаџери во светот минале токму ваков циклус на школство – паралелно учење теорија и стекнување пракса во соодветна компанија“, рече Јовановска. Спротивно на ова кај нас се уште се стравува дека ако средношколците работат додека учат, ќе завршат како чираци, наместо како академски граѓани.Компаниите се резервирани во однос на праксата на средношколците затоа што треба да им дозволат да работат на скапи машини, но од Комората посочуваат дека, при реализирањето на практичната работа се ангажирани обучени ментори.Како што посочи Јаневска, во Министерството за образование веќе се размислува за воведување некаков облик на субвенционирање на компаниите да се вклучат во овој систем на образование, но каков ќе биде тој модел рано е да се каже.Во однос на дуалното образование во Европа, предничат Германија, Австрија и Швајцарија./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Алкалоид“ со бизнис план за 2026: продажба од 361 милион евра и раст на добивката
АЛКАЛОИД АД Скопје во својот Бизнис-план за 2026 година предвидува консолидирани приходи од продажби од околу 361 милион евра, што претставува раст од 7 отсто во однос на очекуваните резултати за 2025 година.
Според планот, 91 отсто од продажбите ќе се реализираат преку профитниот центар Фармација, додека 9 отсто ќе отпаѓаат на Хемија, козметика и билкарство. Компанијата очекува 34 отсто од приходите да бидат остварени на домашниот пазар, а 66 отсто преку извоз.
Планираните финансиски резултати предвидуваат раст од 8 отсто на консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (EBITDA), како и раст на консолидираната нето-добивка од најмалку 7 отсто во однос на 2025 година.
Во делот на инвестициите, Алкалоид најавува вложувања од околу 8 отсто од консолидираните приходи, продолжувајќи ја долгорочната инвестициска стратегија, во чии рамки во изминатите две децении се инвестирани повеќе од 250 милиони евра. Фокусот и натаму останува на модернизација на производствените капацитети и усогласување со најсовремените GMP-стандарди.
Бизнис-планот за 2026 година предвидува и зголемување од најмалку 10 отсто на издатоците за истражување и развој, со цел натамошно унапредување на генеричкото и патентираното портфолио на компанијата.
Во рамки на ESG-стратегијата, Алкалоид ќе продолжи со интеграција на еколошките, социјалните и управувачките стандарди во сите сегменти од работењето. Паралелно, компанијата планира околу 50 нови вработувања во 2026 година и натамошни вложувања во човечкиот капитал.
Акциите на Алкалоид остануваат меѓу најликвидните на Македонската берза, со раст на просечната цена од 24 отсто во 2025 година, додека дивидендната политика ќе продолжи во согласност со остварените резултати и инвестициските потреби.
Бизнис-планот за 2026 година е усвоен од Управниот одбор на компанијата на седница одржана на 29 декември 2025 година.
Економија
Зголемени цените во индустријата во ноември
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во ноември 2025 година се зголемени за 0,3 отсто во однос на претходниот месец, соопшти Државниот завод за статистика.
Месечниот раст на цените е забележан кај интермедијарните производи, освен енергија, каде што има зголемување од 0,5 отсто, како и кај трајните производи за широка потрошувачка, кои пораснале за 3,0 отсто.
На годишно ниво, односно во споредба со ноември 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се зголемени за 4,6 отсто. Во овој период, раст на цените е регистриран кај енергијата за 6,9 отсто, кај интермедијарните производи, освен енергија за 4,2 отсто, како и кај нетрајните производи за широка потрошувачка, каде што е забележано зголемување од 4,4 отсто.
Економија
Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители
Денеска е реализирана исплата на средства во вкупен износ од 39.065.031 денари кон 663 оризопроизводители.
Исплатата се однесува за финансиска поддршка од 6 денари по килограм предадена оризова арпа во откупувачки центри, за периодот од 1 март до 30 септември 2025 година, со ова се опфатени сите оризопроизводители од минатата реколта.
Министерството за земјоделство соопшти дека нивна цел останува зајакнувањето на домашното производство и поддршката на земјоделците.
Фото: pexels

