Контакт

Македонија

Вработените во Вип донираа за децата без родителска грижа

Објавено пред

 

Вработените во Вип ја покажаа својата хуманост и одлучија да ги збогатат новогодишната магија и празничното расположение за децата згрижени и поддржани од СОС Детско село и за децата без родителска грижа згрижени во Домот за деца “11 Октомври” во Скопје.

Сите вработени од сопствени средства донираа подароци со кои ги израдуваа дечињата сместени во овие институции убедени дека заедничкото делување е еден од начините да се создаде подобро утре за општеството во кое сите живееме и делуваме.

Играчките беа доставени лично од вработените на Вип до повеќе од 200 деца во СОС Детско село на возраст од 3 до 18 години и до 50 деца на возраст до 14 години сместени во Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври”.

Уверени во јасната определба на компанијата да вложува во заедницата каде што работи и живее, Виповци уште еднаш покажаа дека секој може да направи нешто повеќе, особено за најмладите, велат од компанијата./крај/со/бб

Економија

Халк банка и Триглав осигурување – живот со ексклузивна заедничка соработка во животното осигурување

Објавено пред

Халк банка АД Скопје и Триглав осигурување – живот АД Скопје потпишаа договор за соработка во делот на животно осигурување, со кој е дефинирана заедничка ексклузивна соработка. Овој партнерски договор има за цел да ја зголеми понудата на банко осигурување на македонскиот осигурителен пазар преку зголемување на премијата за животно осигурување, но и обезбедување на комплетна услуга на сите кредитокорисници на банката.

Во доменот на неживотното осигурување банката и понатаму ќе ги нуди производите на Халк осигурување АД, а со оваа нова соработка секој клиент на банката ќе може на брз и едноставен начин и со врвно понудена услуга и услови, да дојде до полиса за осигурување согласно своите потреби и можности.

Халк банка АД Скопје оваа година го слави својот јубилеј – 10 години на македонскиот пазар. Благодарение на начинот на работа и раст во сите сегменти на банкарското работење банката стана една од четирите најголеми банки во земјава, во категоријата системски значајни банки, а со тоа и најбрзо растечката банка во Северна Македонија.

Триглав осигурување – живот АД Скопје на македонскиот осигурителен пазар работи три години а изминатата ја одбележа со најголем раст на премијата за животно осигурување на пазарот, но и со нов препознатлив пристап со кој на клиентите им понуди нови и прилагодени производи со сеопфатни покритија, но и уникатно корисничко искуство типично за една од водечките групации во Југоисточна Европа.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Економија

„Нордвинд ерлајнс“ отвора редовна авиолинија Скопје – Москва

Објавено пред

Eдна од најголемите руски авиокомпании, „Нордвинд ерлајнс“ ќе почне со летови од московскиот Меѓународен aеродром Шереметјево до Меѓународниот aеродром Скопје, од 21 мај 2021 година, воспоставувајќи нова редовна директна авиолинија помеѓу двата главни града, најавува ТАВ Македонија.

Во рамки на летниот распоред на летање, Нордвинд одлучи да го прошири опсегот на директни редовни летови, со додавање нова авиолинија до македонскиот главен град Скопје.

Првиот лет на Нордвинд од Москва до Скопје е закажан за петок, 21 мај 2021 година, со време на поаѓање од Меѓународниот aеродром Шереметјево во 14 часот и 45 минути и време на пристигнување на Меѓународниот aеродром Скопје во 17 часот и 10 минути. Времетраењето на летот е 3 часа и 25 минути.

Нордвинд е една од најголемите авиокомпании во Русија според прометот на патници и ја има една од најразвиените мрежи на авиолинии во земјата. Базата на Нордвинд е Меѓународниот aеродром Шереметјево во Москва. Со флексибилни авионски билети, лесен распоред на летови и бонуси во програмите за лојалност, летовите со Нордвинд ќе бидат успешен почеток за патувања на бизнис-патниците, како и оние кои сакаат да уживаат во планираниот одмор.

Прикажи повеќе...

Економија

Бектеши-Домбровскис: Потребна е реформа кон отворена трговија

Објавено пред

Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната средба со извршниот потпретседател на Европската комисија за економија, Владис Домбровскис истакна дека трговијата во целост треба да се движи во чекор со развојот на настаните во глобалната економија.

Министерот Бектеши и еврокомесарот Домбровскис се согласија дека се потребни реформи во СТО за да се воспостават нови правила што ќе ја модернизираат оваа организација и ќе се усогласат со економската и трговската реалност од 21 век.

Меѓу соговорниците било заклучено дека Северна Македонија е силен поддржувач на мултилатералниот трговски систем заснован на правилата во Светската трговска организација (СТО), кој дава поголема сигурност во трговските односи, особено за малите земји, и придонесува за промовирање на отворена трговија, глобален економски раст и создавање нови работни места.

Реформите треба да се во насока на трговска одржливост почитувајќи ги целите на ООН Агендата за одржлив развој 2030, интегрирање на бизнис сектор во тие цели и тековните предизвици поврзани со Ковид-19 во меѓународната трговија со крајна цел раст на вработеноста и раст на економиите.

Министерот Бектеши истакнал дека очекува суштински напредок да се постигне на 12 Министерска конференција на СТО што се планира да се одржи од 30 ноември до 3 декември 2021 година, за што сите земји членки на СТО треба во овој период, односно до одржување на конференцијата активно да работат на подготовка на соодветни спогодби односно програми по иницијативите.

Овие иницијативи се наменети за поддршка на малите и средни претпријатија, кои треба да придонесат за подобро учеството во глобалната трговија.

Денес, 95% од компаниите низ целиот свет се мали и средни претпријатија, сочинувајќи 60% од вкупното вработување во светот, информира надлежното министерство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Шахпаска: Состојбата во градинките е стабилна, побаравме зголемување на групите

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, се сретна со претставнички на мајките коишто се на породилно отсуство. На...

Македонија13 минути

Филипче: Сите вакцини се безбедни

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека нема ниту можност, ниту потреба граѓаните да бираат со која вакцина ќе се...

Македонија1 час

Министерство за здравство: Граѓаните кои добиле порака да се вакцинираат во друг град, сами ја згрешиле локацијата

Граѓаните при закажување на веб-страницата vakcinacija.mk сами направиле погрешен избор на локација каде сакаат да се вакцинираат и поради тоа...

Македонија1 час

Заев: Не верувам дека Црвенковски ќе формира нова партија

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, не верува дека експретседателот на Социјалдемократскиот сојуз Бранко Црвенковски ќе формира нова партија....

Свет2 часа

Вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ ја намалуваат хоспитализацијата на стари лица за 94 проценти

Вакцинацијата со вакцините на „Модерна“ или на „Фајзер“ значително го намалува ризикот од хоспитализација на стари лица, покажуваат податоците на...

Регион2 часа

Вучиќ: Вакцинираните ќе добијат парична помош како награда

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека е донесена одлука за обезбедување дополнителна парична помош за оние кои се вакцинирани...

Свет2 часа

(Видео) Израел ја рaкетираше Сирија, има и жртви

Израел рано утрово ja ракетираше северозападна Сирија при што загина најмалку еден човек, а повредени се шестмина. Авиони на израелското...

Свет2 часа

Бајден: Нашата цел е до 4 јули да бидат вакцинирани 70 отсто Американци

Американскиот претседател, Џо Бајден, изјави дека целта е до 4 јули барем со една доза вакцина против коронавирус да бидат...

Македонија4 часа

Полициски час од 23 часот, угостителските објекти ќе работат до 22 и 30 часот

Од денеска полицискиот час ќе почнува од 23 часот, а угостителските објекти ќе работат до 22 и 30 часот, одлучи...

Регион16 часа

Борисов: Жртвата на Гоце Делчев да биде пример за Бугарија и Република Северна Македонија

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешното одбележување на 118-годишнината од смртта на Гоце Делчев рече дека тој е еден од...

Свет16 часа

Колкy заработи „Фајзер“ оваа година од вакцините против коронавирусот

Минатата година во трката за развој на вакцина против Ковид-19 компанијата „Фајзер“ донесе голема одлука. За разлика од конкурентите, кои...

Свет16 часа

(Видео) Масакр во Бразил: тинејџер со мачета влегол во градинка и убил три деца и учителка

Осумнаесетгодишно момче со мачета влегло во градинка и убило три деца и учителка во Саудадес во бразилската држава Санта Катарина....

Македонија17 часа

Од Австрија пристигна првата количина вакцини од „Фајзер“

Mинистерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со Каролине Едштадлер, сојузна министерка за ЕУ и Устав на Австрија. „Денеска, од...

Македонија19 часа

Регистрирани 67 новозаболени и 31 починат од Ковид-19

Во последните 24 часа направени се 1.169 тестирања, а регистрирани се 67 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопе...

Европа21 час

Шефот на СЗО за Европа: Гледаме светлина на крајот од тунелот

Шефот на канцеларијата на СЗО во Европа, Ханс Клуге, изјави во Сараево дека е претпазлив оптимист и верува дека светот...

Македонија22 часа

Поднесено обвинение против Оливер Дерковски за набавката на софтверот за изборите

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, и...

Економија24 часа

Дизелот поскапува

Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за половина денар, а цената на бензините останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Свет1 ден

Светски научници: Нема да се постигне имунитет на стадо, вирусот брзо мутира

Меѓу научниците постои растечко верување дека имунитетот на стадото кога станува збор за коронавирус нема да се постигне во блиска...

Македонија1 ден

ИЈЗ: Намален бројот на новозаболени и починати од коронавирус

Во периодот од 26 април до 2 мај е регистриран намален број на новозаболени и починати од коронавирус во Македонија...

Македонија1 ден

Во Македонија досега се вакцинирани повеќе од 76.000 луѓе

Во Македонија досега се вакцинирани 76.937 граѓани, а две дози примиле 15.334 луѓе, соопшти Институтот за јавно здравје. Вакцинацијата во...

Досие