Македонија
Започна осмото издание на образовната програма Лидер
Осмата по ред програма за бизнис образование наречена „Лидер“, започна во понеделникот во Скопје, во организација на невладината организација Македонија2025.
Осмата по ред програма за бизнис образование наречена „Лидер“, започна во понеделникот во Скопје, во организација на невладината организација Македонија2025.
Оваа образовна програма се одржува под мотото „Предводиме со образование и развој“ и во неа ќе учествуваат четириесет претставници на мали и средни компании како и млади претприемачи од Македонија. Целта на интензивната десетдневна обука е да им пренесе специфични знаења и искуства на учесниците кои веќе имаат или целат кон основање на сопствен бизнис.
Лидер проектот е уникатна програма што потекнува од бизнис школото Ричард Ајви, кое е дел од универзитетот Вестерн Онтарио во Канада и е едно од најдобро рангираните бизнис школи во Северна Америка. Наставата е градена според МБА програмот на школото и вклучува пренесување широк распон на знаења како практично истражување на случаи, испитување иновации, изводливост на бизнис план, усовршување на стратегија, работа во групи, аналитичко размислување, презентирање финален бизнис план и многу повеќе.
„Интересот за проектот секоја година е се поголем, а работната програма е побогата. Досегашните искуства на учесниците во ЛИДЕР проектот се покажаа многу позитивни бидејќи им овозможија на учеснисиците да го унапредат својот бизнис преку деловните и аналитичките вештини кои ги стекнуваат на предавањата. Македонија2025, како регионален лидер во овој проект, оваа година овозможи и учество на претставници на бизнис секторот од Србија.Преку Лидер проектот, ја продолжуваме нашата традиција на пренесување знаење и вештини која како крајна цел го има унапредувањето на компетитивноста на домашната економија. Предавањата ќе бидат дополнети со пренесување на искуства од индустријата од страна на успешни лидери како Мајк Зафировски, ко-основач на Македонија2025“, рече Билјана Марковиќ, директор на Македонија2025. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

