Економија
Македонските инвестициски можности презентирани во Канада
Изминатиот викенд, Македонија2025 ја организираше бизнис конференцијата во Торонто која ја промовираше Македонија како извозно-ориентирано средиште за поголем број индустрии и нејзините инвестициски можности.
Свое обраќање имаа претставници на владата на Македонија- министрите Миле Јанакиески и Џери Наумоф, како и Виктор Мизо – Директор на Дирекцијата за техонолошки индустриски развојни зони, кои ги претставија можностите за инвестирање во земјата, како и претставници на владата на Канада и провинциската влада на Онтарио.
Повеќе од 25 говорници, извршни директори и предводници на одредени сектори на индустријата дискутираа за можностите за инвестирање во автомобилскиот, енергетскиот, рударскиот, информацискиот, агроиндустрискиот и во здравствениот сектор, кои се клучни сектори на македонската економија
Сенаторот на Онтарио Дон Мередит истакна дека Торонто- трговскиот центар на Канада и дом на повеќе од 100.000 Македонци, е домаќин на овогодинешната конференција.
„Канада и Македонија ги користат во полза на взаемниот бенефит добрите односи чии почетоци датираат уште од почетокот на 19 век. Како претприемач и горд пријател на Македонија, ја поздравувам оваа навистина особена можност за подобрување на билатералните инвестиции и трговските партнерства помеѓу Канада и пазарот од 175 милиони жители на Јужна и Централна Европа, што е во пораст“, изјави Сенаторот Мередит.
На конференцијата учествуваа повеќе од 100 реномирани претставници на македонската бизнис дијаспора во Северна Америка, членови на Одборот на Македонија2025, потенцијални канадски инвеститори, како и бизнис делегација од Македонија.
„Овој инвестициски форум е навистина многу успешен од аспект на темите, почесните говорници и присутните гости. Дури и македонците кои досега не ја посетиле Македонија се импресионира од она што го слушнаа за земјата и се надеваме дека настанот ќе вроди со нов прилив на инвестиции во Македонија“, изјави Џон Битов Помладиот, член на одборот на МК2025.
На почетната церемонија говорниците, Фил Евершед- генералниот директор на Canaccord Genity и Бет Причард- главната стратешка советничка на Sunrise Beauty Studio, потенцираа колку е голема потребата од стратешка експанзија на меѓународните пазари, како и за тоа колку се важни стратешките партнерства во создавањето на глобални брендови.
„Големите интернационални партнерства доведуваат до зголемување на главните компетенции. Природните ресурси што ги има Македонија, стручната и образована работна сила, како и одличната оперативност поддржуваат добри резултати во бизнисот. Сево ова овозможува создавање на партнерства што произведуваат развој и профитабилен пораст“, потенцираше Причард.
Трибината посветена на секторот за автомобилски делови ја посочи Македонија како прва постојка на тлото на Европа што ќе и овозможи подобра глобална компетитивност на оваа канадска индустрија. На трибината зборуваше Флавио Волпе- Претседател на здружението на изработувачи на автомобилски делови, што е канадско национално здружение кое ги претставува интересите на ОЕМ (Произведувачи на оригинална опрема) пред светската автомобилска индустрија; членовите на ова здружение претставуваат 90% од сите независни произведувачи на делови во Канада. Во 2013, извозот на автомобилски делови достигнал 24 милијарди долари, а индустријата вработува над 80,000 луѓе.
Волпе ја препознава добрата позиционираност на Македонија во однос на критичните индикатори во оваа индустрија, ефикасната оперативна структура, пристапноста до стручен работен кадар, поддршката од страна на владата и достапноста до клучни пазари.
„Македонија има правилен однос кон привлекување инвестиции и ужива репутација на добар поддржувач на производствените компании. Производителите на автомобилски делови, кои се во потрага по критична маса на Произведувачи на оригинална опрема (ОЕМ) во отворен пазар, дефинитивно треба да ги имаат предвид клучната поставеност и добрата инфраструктура со кои располага Македонија“, прецизираше Волпе.
Македонија2025 ќе работи на зајакнување на врските со канадските инвеститори и ќе продолжи и понатаму да ја промовира Македонија како добра локација за бизнис. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем
Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.
Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.
Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.
Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.
Економија
Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje
Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.


Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:
„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:
„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.


Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.



За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.
ПР
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

