Економија
„Пежо“ е лидер на пазарот за патнички автомобили на крајот на септември 2021 година во Франција

„Пежо“ ја задржува позицијата број еден во сегментот на патнички автомобили со пазарен удел од 17,3% во првите девет месеци од 2021 година. Овие резултати ги вклучуваат сите возила во гамата, а особено „пежо 208“, кој останува најпродавано возило во Франција, како и „пежо“ 2008, 3008, 5008 и 508, што овозможија брендот „Пежо“ да ја консолидира својата лидерска позиција во овој период. „Пежо“ е исто така лидер во продажба кај големите корисници – компаниите, во првите девет месеци од 2021 година
Во текот на девет месеци до 2021 година:
– „Пежо“ има две возила во првите пет најпродавани патнички автомобили во Франција:
o„Пежо“ 208 води со пазарен удел од 5,2
o „Пежо“ 2008 го задржува третото место со пазарен удел од 4,3
– Пет возила се лидери во нивниот сегмент:
o „Пежо“ 208 во В сегментот со пазарен удел од 5,2
o „Пежо“ 2008 во сегментот B-SUV со пазарен удел од 4,3
o „Пежо“ 3008 во C-SUV сегментот со пазарен удел од 3,2
o„Пежо“ 5008 во сегментот C-SUV со 7 седишта со пазарен удел од 1,4
o „Пежо“ 508 во сегментот D со пазарен удел од 0,5
На пазарот за патнички возила што порасна за 3,9%,„Пежо“ имаше пазарен удел од 17,3%
На пазарот за LCV, 17,3% „Пежо“ има пазарен удел од 17,9%
На пазарот PC+LCV што порасна за 9,8%, „Пежо“ објави пазарен удел од 17,4%.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,16 % во однос на одлуката од 6.2.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 2,271 %, кај дизелот 4,708 %, кај екстра-лесното масло 4,532 % и кај мазутот 0,836 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,104 %.
Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 2,50 денара/лит.
Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 2,00 денара/лит.
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „еросупер БС-98“ и на „мазутот М-1 НС“ не се менуваат.
Од 9.2.2023 година, од 00.01 часот. максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин „евросупер БС-95“ 82,00 (денара/литар)
Моторен бензин „евросупер БС-98“ 84,00 (денари/литар)
Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) 75,00 (денари/литар)
„Мазут М-1 НС“ 41,411 (денар/килограм)
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 9.2.2023 година.
Економија
(Видео) Шкријељ: 3,2 милиони евра поддршка за граѓаните за справување со енергетската криза

СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи продолжува да се грижи за стандардот на сите граѓани преку мерки за помош при справување со последиците од енергетската криза. За таа цел, во буџетот на Министерството за економија обезбедени се 200 милиони денари, односно речиси 3,2 милиони евра. Продолжува финансиската поддршка за домаќинствата за субвенционирање на сметките за електрична енергија на најранливите категории граѓани за што предвидени се 60 милиони денари или околу еден милион евра, изјави на денешната прес-конференција, Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ.
Таа додава дека со оваа мерка од 600 до 800 денари месечно ќе се субвенционираат сметките за струја на домаќинствата со ниски примања. Јавниот повик е веќе објавен на официјалната страница на Министерството и сите што ги исполнуваат условите може да аплицираат до крајот на февруари.
Шкријељ наведе дека минатата година преку оваа мерка беа субвенционирани 4.379 домаќинства и исплатени се вкупно 33 милиони денари. Оваа година мерката е проширена со други социјално ранливи категории на лица, како што се корисници на правото на надоместок поради попреченост, самохрани родители, кои не се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош, и корисници на право на надомест за телесно оштетување.
Таа додава дека оваа година продолжува и финансиската поддршка за домаќинствата за фотонапонски панели, сончеви термални колекторски системи, како и замена на ПВЦ или алуминиумски прозорци. Со ваквите инвестиции во обновливи извори се овозможува граѓаните да ги задоволат потребите за струја, но и да имаат заштеда во време на криза.
За овие три мерки предвидени се вкупно 70 милиони денари или 1,15 милион евра, рече Шкријељ.
Економија
Кавадарци, „Кожувчанка“ и Фондацијата „Никола Јанчев“ со донација за Турција и Сирија!

Веднаш по потресната вест за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија, Советот на Општина Кавадарци и градоначалникот на општина Кавадарци свикаа седница, на која се обезбедија 900.000 денари помош!
Општина Кавадарци вчеравечер ја одржа вонредната, шеста по ред седница на Советот на Општина Кавадарци, со цел одобрување финансиска помош од буџетот на Општина Кавадарци за погоденото население од земјотресот во Република Турција и Сирија. На почетокот од седницата советниците со едноминутно молчење им оддадоа почит на загинатите во земјотресот.
Едногласно беше одлучено сума од 600.000 денари да биде уплатена на трансакциската сметка добиена од турската амбасада за настраданите во Р. Турција, а сума од 300.000 денари да биде уплатена на сметката на Црвениот крст на РСМ со намена за настраданите од земјотресот во Сирија.
На седницата градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, информира дека на помошта дополнително ќе се приклучат и компанијата „Кожувчанка“ од Кавадарци и Фондацијата „Никола Јанчев“ испраќајќи денес и утре 10 шлепери со вода за пиење за настраданите. Пет шлепери се донација од „Кожувчанка“ и Фондацијата „Никола Јанчев“, а пет од почесниот конзул на Р. Турција во Битола, господинот Ајдован Адемоски.
На крајот, беше упатен и отворен апел до граѓаните и до сите, до бизнис-секторот, за организирано прибирање финансиска и материјална помош за настраданите подрачја, со напомена дека во медиумите ќе биде објавен списокот на материјални добра што се потребни и кои може да се собираат.
Можеме заедно!
Да помогнеме во овие тешки моменти за Турција и Сирија со својата солидарност и хуманост на дело!
ПР