Економија
„Пежо e-2008“ ја доби наградата „Argus Trophies“ во категоријата електричен SUV
За ова издание на „Argus Trophies 2021“, доделувањето на наградите се одржа на дигитална ТВ-програма на 28 јануари 2021 година. Како домаќин на настанот беше новинарката Маргот Лафит. На списокот со наградите доминираа електрични возила, а „пежо e-2008“ се истакна со освојување на наградата „Argus Trophy“ во категоријата електричен SUV.
Претходните години „Пежо“ многупати нижеше успеси на „Argus Trophies“.
– „пежо 208“ ја освои наградата „ Argus Car 2020“.
– „пежо 508“ кој ја освои наградатa „ Argus Car 2019“.
– Брендот, исто така, освои награди во многу други категории.

Во ерата на енергетската транзиција, триумфот на „пежо e-2008“ со наградата за електричен SUV за 2021 година претставува особена чест за брендот „Пежо“.
„Пежо e-2008“ се истакнува во компактниот SUV сегмент и допринесува во успехот на гамата „Пежо“ денес: со посебно докажување во дизајнот и истакнување преку иновации и технологија.
Овој прв електричен PEUGEOT SUV го отвора патот кон новиот свет на сензации. 100% електричен, возачот ќе ужива во висок степен на функционалност во возило кое е потполно тивко и без вибрации.
Од неопходните елементи кои го обележуваат брендот „Пежо“ посебен акцент е ставен на динамичното однесување на новиот SUV „пежо e-2008“ обезбедувајќи уникатно чувство и задоволство при возење, во споредба со бензинските и дизел верзиите.
Во Франција, продадени се повеќе од 66.000 „пежо e-2008“ во 2020 година и скоро 10% од нив беа електрични верзии.
„Само што ја преземав функцијата извршен директор на брендот ‘Пежо’, јас сум многу горда и почестена што ја примивe наградата „Argus Trophy“ за ‘пежо e-2008’. Добивањето на овој трофеј е јасен доказ за моќта на заведување на овој модел и ги наградува неговите извонредни перформанси. Тој исто така е совршено усогласен со нашата енергетска транзиција бидејќи 100% од нашата гама ќе се електрифицира во 2025 година“- Линда Џексон – извршен директор на брендот „Пежо“.
Оваа награда ја додели жири составено од 18 стручни новинари во категориите „Rating“ и „Argus“. Рангирањето се одредува според следниве критериуми: нова набавна цена, преостаната вредност, потрошувачка и услуги при употреба (квалитет, комфор, задоволство при возење и дизајн).
„Пежо e-2008“ го освои првото место на подиумот пред Audi e-tron Sportback, Mazda MX-30 и Volvo XC40 P8.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Андоновски: Е-трговијата веќе не е алтернативен, туку доминантен економски модел
Владата на Република Македонија ја потврдува својата посветеност кон унапредување на електронската трговија како двигател на економијата, преку спроведување на јасна стратегија за дигитална трансформација, зајакнување на интероперабилноста и намалување на административните пречки за граѓаните и компаниите, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на отворањето на 8-та Регионална Е-комерц конференција во Скопје.
Тој истакна дека е-трговијата веќе не е алтернативен, туку доминантен економски модел, кој бара силна поддршка од државата преку модерни дигитални платформи, регулаторна предвидливост и иновации ориентирани кон пазарот.
„Интероперабилноста што ја бесплатно ја овозможивме за повеќе од 76 институции и компании – со повеќе од 2.6 милиони безбедни трансакции месечно и раст од 260% – претставува не само успех на администрацијата, туку можност за приватниот сектор. Таа отвора простор за дигитални услуги, безбедна размена на податоци, брз пристап до потребните административни податоци и нови бизнис-модели што ја поврзуваат државата и компаниите во еден заеднички дигитален екосистем“, изјави министерот Андоновски.
Во рамки на поддршката за мали и средни претпријатија, Министерството за дигитална трансформација преку Европскиот дигитален иновациски хаб – INNOFEIT EDIH, им овозможува на компаниите пристап до лаборатории, дигитални алатки и експертска поддршка за тестирање нови технологии пред инвестирање. Овој хаб нуди и обуки за дигитални вештини во областа на вештачка интелигенција, сајбер-безбедност, автоматизација и интернет на нештата, со цел да ја зголеми конкурентноста на домашните компании на европскиот пазар.
Во истата насока, Националниот центар за вештачка интелигенција – Везилка, развива АИ решенија применливи и во приватниот сектор, со што создава услови електронската трговија да стане поефикасна, попаметна и побезбедна.
„Намалувањето на бирократијата и отворањето на податоците за бизнис-заедницата се клучни за модерна држава. Владата создава инфраструктура каде иновацијата е во центарот, а граѓаните и компаниите се вистинските корисници на дигиталната трансформација“, додаде Андоновски.
Тој најави дека во следниот период Владата ќе продолжи да инвестира во дигитална инфраструктура, унапредување на екосистемот за иновации, како и во програми за поддршка на стартапи и претприемачи во дигиталната економија.
Економија
„Виз Ер“ воведува евтина „бизнис класа“, можете да платите за да го задржите средното седиште празно
Нискобуџетната унгарска авиокомпанија „Виз Ер“ ќе започне со тестирање на таканаречената „основна бизнис класа“ на одредени летови од декември оваа година, нудејќи малку повеќе удобност во рамките на својата стандардна услуга без додатоци. Оваа нова функција ќе биде воведена на пет рути, вклучувајќи летови до Лондон, Рим и Будимпешта.
Концептот е едноставен – во првиот ред од авионот, средното седиште ќе биде оставено празно за да им се обезбеди на деловните патници повеќе простор и да се олесни качувањето. Мајкл Делехант, виш комерцијален и оперативен директор, нагласи дека цената нема да биде драстично повисока.
„Што се однесува до цените на билетите, таа никогаш нема да биде повеќе од цената на купување дополнително седиште“, изјави тој на прес-конференција.
Иако билетите за овие специјални седишта ќе бидат поскапи, патниците сепак ќе бидат третирани исто како и сите други.
„Повеќе се работи за ефикасноста на патувањето и малку дополнителен простор во авионот“, рече Делехант.
Воведувањето премиум услуги е тренд што го следат и американските нискобуџетни превозници за да се натпреваруваат со големите превозници.
Делехант забележа дека сè уште има силна побарувачка за нискобуџетни летови во Европа, но дека пазарот треба да се развива.
Економија
Поскапуваат бензините и дизелот
Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 4.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,913 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,856 ден/кг и сега ќе изнесува 36,913 ден/кг.

