Економија
Почина ‘европскиот крал на обувките’ Дајхман

Германскиот милијардер кој го создаде најголемиот продажен синџир на обувки во Европа, Хајнц-Хорст Дајхман, починал на 2-ри октомври во 88 година од животот во Есен, објавија во вторникот германските медиуми.
Долгогодишниот член на клубот на милијардерите на реномираниот економски магазин Forbes, Хајнцц-Хорст Дајхман, која оваа година беше рангиран како 359-от најбогат човек н апланетата со нето заработка од 4,2 милијарди американски долари, ја поседуваше најголемата малопродажна мрежа на обувки „Deichmann – Schuhe SE“, којашто минатата 2013 година остварила продажба од шест милијарди долари. Компанијата којашто под себе има 3.500 продавници, ги вклучува и синџирите „Rack Room Shoes“ и „Off Broadway“ во САД, минатата година во целиот свет продала 167 милиони чифта чевли. Компанијата од 1999 година ја води неговиот син Хајнрих Дајхман.Семејството Дајхман во бизнисот со обувки е цело столетие. Родителите на Хајнц-Хорст го започнале во 1913 година со мала продавница за чевли, а кога неговиот татко починал на 52-годишна возраст, со своите 14 години започнал уште повеќе да се ангажира во дуќанот.Иако студирал медицина и теологија во Бон и во Диселдорф, постојано ѝ помагал на мајка си за да се одржи продавницата. Во 1956 година ја напуштил својата ортопедска ординација и целосно се посветил на семејниот бизнис.Во медиумите беше омилен бидејќи на своето богатство гледаше со она што сега се нарекува полна општествена одговорност. Како голем филантроп, на своите вработени им овозможи голем број повластици, како бесплатни лекарски третмани во Швајцарија. Соработуваше и со многу хуманитарни организации, од кои најпозната е програмата „Wortundtat“, првично замислена како помош за заболените од лепра во Индија, која во моментов дава медицински услуги за околу 130 илјади луѓе во Индија, Танзанија, Молдавија, Грција и Германија.Тој и неговата покојна сопруга Рут се познати и по големите донации за израелскиот универзитет „Бен Гурион“ во Негева, вклучително и за математичкиот и природонаучниот отсек односно Катедрата Х.Х. Дајхман за деловна етика./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати

Владата, по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), донесе три одлуки за едностран раскин на Договори за концесија за експлоатација на минерални суровини и една одлука за одбивање на ново барање за концесија. Одлуките се веќе објавени во Службен весник на Република Македонија.
Од формирањето на Министерството до денес, вкупно се донесени 34 одлуки за едностран раскин на концесии поради непочитување на законските одредби за експлоатација на минерални суровини, неплаќање на концесиски надоместоци согласно утврдениот тарифник, непочитување на мерките за заштита на животната средина, пренесување на концесијата на друг субјект без согласност и експлоатација надвор од одобрениот експлоатационен предел.
Од Министерството информираат дека во моментов се во тек и повеќе постапки за раскин или одбивање на продолжување на концесии по исти или слични причини. Во истиот период констатиран е и раскин на 11 дозволи за експлоатација поради истек на договорот за концесија.
МЕРМС води и регистар на одземени концесии и тој од следниот период поради поголема транспарентност ќе биде јавно објавен на сајтот на министерството.
Министерката Сања Божиновска истакна:
„Нашата цел е транспарентно и одговорно управување со природните ресурси. Со засилената контрола и примената на законските мерки, обезбедуваме фер и одржлива експлоатација, која носи економски придобивки за државата и поддршка за локалните заедници. Овие одлуки се директна последица на посветените активности и системската работа на Министерството за воспоставување на највисоки стандарди за транспарентно и фер управување со природните ресурси, подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите. “
Економија
Мицкоски: Неколкукратно е зголемена бројката на апликанти за мерката млад земјоделец во вредност од 70 милиони денари

Поради изборните ограничувања, мерката млад земјоделец не можеме да ја промовираме, иако огласот е завршен, филтерот е направен, 117 корисници односно апликанти за околу 70 милиони денари, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на новинарско прашање.
Премиерот Мицкоски истакна дека за разлика од 2023 година кога имало само 44 апликанти, односно само 18 корисници, истата денеска е зголемена неколкукратно односно на 117 апликанти.
Можеби бројката 117 не значи многу грандиозно, но ако се има предвид дека во 2023 година од 44 апликанти, само 18 имаме корисници, тогаш станува збор за неколкукратно зголемување. Така што веднаш по завршување на локалните избори кога веќе ќе ги немаме оние законски ограничувања, и формално ќе биде ставена во функција оваа мерка за поддршка на младите земјоделци.
Економија
Во јули годишен раст од 13,0 отсто на вкупните депозити и од 13,0 отсто на вкупната кредитна поддршка

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 13,0%, којшто во поголем дел се должи на растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при помал раст и на депозитите на корпоративниот сектор, извести Народната банка.
На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 13,0%, поради повисоките кредити на двата сектора, со поголем придонес на корпоративниот сектор.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на линкот