Економија
Помогнете преку „Рековинст“ за да помогнеме

Во Македонија, од неоддамна, почна да функционира шведската инвестиција Рековинст, која нуди наградно-забавна апликација за паметни телефони.
„Како шведска инвестиција во Македонија, првичната идеја е Рековинст да се развие како апликација за паметни телефони, од наградно-забавен карактер, во која корисниците имаат шанси да добијат одредени награди, спонзорирани од фирмите коишто се рекламираат на апликацијата. Значи, ние нудиме простор за рекламирање на апликацијата и на компаниската интернет страница. Од друга страна, концептот на работа на апликацијата е едноставен каде корисникот има шанси да освои награда, гледајќи ги огласите и одговарајќи точно на поставените прашања. Апликацијата е компатибилна за работа на Android и iOS системи“, вели Мартин Стоев, претседател на „Рековинст“ Македонија.
Според него, Рековинст соработува со многу хуманитарни организации, како што е СОС „Детското село“ и досега донира таму каде што е најпотребно.
„Организиравме неколку хуманитарни акции и собиравме пари за обновување на изгорениот дом на нашиот сограѓанин Никола Александров од Велес. Рековинст, како компанија, е отворена за секаков вид на хуманитарна соработка и проекти, во кои исто така можат да бидат вклучен самите читатели и корисници на апликацијата“, додава Стоев.
За амбасадорот на Рековинст во Македонија, актерот Зоран Љутков, станува збор за „компанија која нуди нешто различно од останатите, сака да помага на оние кои им е најпотребно и успева во тоа. Помогнете им да помогнат“.
Компанијата, исто така, отвори своја интернет страница со забавен карактер www.rekovisnt.mk, со единствена цел да се популаризира апликацијата и компанијата во Македонија.
Шведската фирма Рековинст АБ двои средства од нивниот профит и ги донира кај организации кои се грижат за дечињата болни од рак. Главната мисија на Рековинст Македонија е таа идеја да се пренесе и во земјава и да се подигне свеста на младите луѓе и компаниите да донираат таму каде што е најпотребно./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.