Економија
Производството на енергија од нуклеарките падна на најниско ниво
Уделот на нуклеарната енергија во глобалното снабдување со енергија е на најниско ниво од осумдесеттите години на минатиот век, откако јапонските реактори беа исклучени по катастрофата во Фукушима, а би можел и дополнително да падне ако не бидат изградени нови големи постројки.
Оваа прогноза е еден од главните заклучоци на извештајот за статусот на светската нуклеарна индустрија во 2014 година, до кој дојде агенцијата Reuters пред неговото официјално објавување.
Извештајот го отсликува сивилото во нуклеарната индустрија, по повеќе од три години по растопувањето на трите реактора во јапонската нуклеарна централа Фукушима Даичи, по разорниот земјотрес и цунамито.
Бројот на оперативни нуклеарни единици во светот е намален на 388, што е за 50 отсто помалку во однос на максимумот забележан во 2002 година, се наведува во извештајот. Уделот на нуклеарната енергија во глобалното енергетско производство паднал на 10,8 отсто, што е најниско ниво од 80-сетите години. Колку за споредба, во 1996 година тој изнесувал 17,6 отсто.
Во извештајот, исто така, се укажува на доцнењето на проектот на изградба, дури и во Кина чија влада се залага токму за нуклеарните централи, со кои сака да ги земени електраните на јаглен.
Од 67 реактори колку што биле во изградба во јули 2014 година на глобално ниво, барем 49 доцнат со реализацијата, а осум се градат веќе 20 години, се наведува во извештајот. Просечната старост на реакторите исто така пораснала, сега надминува 28 години, додека повеќе од 170 единици, односно 44 отсто од вкупниот број, работат подолго од 30 години.
„Повеќе од 200 реактори би можеле да бидат угаснати во следните две децении“, наведува Татсуиро Сузуки, поранешен потпретседател на јапонската комисија за атомска енергија. Според него, ако темпото на изградба на нови централи не го следи темпото на гаснење, тогаш уделот на нуклеарната енергија бргу ќе паѓа.
Обновливите извори на енергија заземаат сè поголем дел во снабдувањето со енергија, се наведува понатаму во извештајот. Инсталираните соларни капацитети во Кина ги надминаа оперативните нуклеарни капацитети, додека во Шпанија во 2013 година е произведено многу повеќе енергија од ветер отколку од било кој друг извор. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

