Економија
Skopje Design Week од 23. до 28. септември
Четвртото издание на Skopje Design Week оваа година ќе се одржи од 23. до 28. септември во Куршумли Ан под мотото „Четврта смена“.
Skopje Design Week ќе биде обвиткан со елегантен француски шмек од причина што оваа година Франција се јавува како земја во фокус. Претставени ќе бидат 10 реномирани дизајнери и француски дизајн студија. Француските дизајнери ќе бидат дел од целокупната програма и разменуваат искуства и визии со локалните експерти, а најавена е нивна посета на македонски фабрики за да се стимулира соработка.
Практичните работилници ќе бидат зголемени и во квалитет и во квантитет со директна поврзаност и вмрежување со деловната субјекти. Новина е гастро талент зоната на Горење, а музичката програма ќе вистински поклон за публиката.
Инаку, пријавувањето на компании, нови брендови, млади иноватори, дизајнери и институции, за учество во годинешниот SDW, е во тек. Сите оние кои сакаат да ја запознаат јавноста со своите новитети, бараат и нудат конкретни можности за вмрежување, се во потрага по вистински партнери за соработка, имаат можност до 20 јули да се пријават во најразлични категории. Целта и оваа година е да го насочи креативниот потенцијал во унапредување на економската клима и општеството. Четвртата смена е најавена од организаторите како досега најдобро издание.
Оваа година продолжува соработката на SDW и винарската визба „Тиквеш“ што почна лани со меѓународниот повик за дизајн на етикета на врвно македонско вино чиј конкретен резултат беше лансирањето на пазарот на виното „Шардоне“ со етикета која ја освои првата награда на авторката Дијана Димитриевска.
„Задоволни од резултатите од минатогодишниот конкурс, со задоволство ја продолжуваме соработката со SDW. Оваа година одиме чекор понапред со тоа што од креативците во земјава и светот, преку меѓународен повик, ќе побараме интегрално решение за брендирање на нашиот нов автентичен производ – гроздовиот мед. На ваков начин, сакаме да креираме уникатен идентитет на овој природен и исклучително здрав производ кој и досега го произведувавме, но не комерцијално. Поради сѐ поголемата побарувачка, сметаме дека треба да го направиме препознатлив и достапен за потрошувачите во Македонија и пошироко“, изјави Елена Младеновска Јеленковиќ, маркетинг менаџер во винарската визба „Тиквеш“.
Конкурсот ќе биде отворен до 5-ти септември оваа година, а изборот на најдобро решение за брендирање на новиот производ ќе го изврши меѓународно жири. Наградата за најдобро решение изнесува две илјади евра.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

