Контакт

Свет

Германците минатата година потрошиле 88 млрд евра на патувања и одмори

Објавено пред

 

Германците минатата година, и покрај стравувањата од терористички напади, потрошиле рекордни 88 милијарди евра на туристички патувања и одмор, покажуваат податоците претставени на саемот на туризам во Берлин.

 

Желбата за патувања и планови за одмор и натаму се доста големи кај Германците – и во оваа година дури 69 проценти планираат заминување на одмор, додека 12 отсто рекле дека нема да патуваат а останатите се уште не донеле одлука, пренесува Танјуг.

 

Тероризмот не влијаел толку на одлуката дасе патува, колку што имал влијание врз изборот на дестинацијата. Дури 38 отсто Германци рекле дека го пресметале овој светски проблем во своите туристички цели,  па така минатата година Турција ја посетиле 23 проценти помалку Германци отколку во 2015-та година, а Северна Африка дури 29 проценти помалку германски туристи. Интересот на Германците за летување во Франција исто така значително бил намален.

 

Германија минатата година биле најомилената туристичка цел на своите државјани – дури 30 отсто од нив ги искористиле своите кратки одмори во татковината,  а особено е омилена поранешната источногерманска покраина Мекленбург-Предна Померанија, лоцирана на брегот на Балтикот и границата кон Полска.

 

Шпанија и натаму е најомилената странска туристичка дестинација за Германиците – минатата година 14,8 отсто од Германците таму ги поминале своите одмори, нешто повеќе отколку во 2015-та година. По Шпанија следи Италија со непроменети 8,2 проценти, па Турција со 5,6 отсто, Австрија со 4,6 проценти и Грција во која минатата година се одморале 3,5 отсто од Германците./крај/мф/бс

Најново

Спорт11 минути

Меси со емотивна порака пред финалето: Што и да се случи, веќе испишавме историја

Лионел Меси е на чекор до ново испишување историја и втора последователна титула светски шампион со Аргентина. Во големото финале,...

Спорт18 минути

Вечерва се игра големото финале на СП: Шпанија против Аргентина

Шпанија и Аргентина вечерва на стадионот во Њу Џерси ќе се борат за титулата светски шампион во финалето на Светското...

Спорт32 минути

Мбапе го надмина Меси и стана најдобар стрелец во историјата на Светските првенства

Францускиот капитен Килијан Мбапе испиша историја на Светските првенства, откако со двата гола против Англија во натпреварот за третото место...

Спорт36 минути

Рајс: Ова е најдобрата Англија после долго време

Англискиот репрезентативец Деклан Рајс изјави дека оваа генерација е најсилната што Англија ја имала во последните години, по победата над...

Спорт46 минути

Kолку заработи Англија со бронзата на Светското првенство

Англија освои бронзен медал на Светското првенство, откако во спектакуларниот натпревар за третото место ја победи Франција со 6:4. Покрај...

Култура51 минута

Стоечки овации за Ана и Игор Дурловски на „Охридско лето“

Македонската музичка традиција во своето најавтентично и најемотивно издание синоќа одекна на сцената Долни Сарај, каде во рамките на фестивалот...

Спорт7 часа

Спектакл во Мајами – Сака со хет трик ја сруши Франција во последниот меч на Дешан

Англиската репрезентација ја победи Франција со 6:4 во спектакуларен натпревар за 3-то место на СП и го освои бронзениот медал....

Спорт11 часа

Челзи го договори трансферот на Морган Роџерс

Челзи постигна усмен договор со Астон Вила и Морган Роџерс кој ќе стане еден од најплатените играчи. Астон Вила ја...

Црна хроника11 часа

Мајка пријавила дека нејзиниот малолетен син со месеци бил физички малтретиран во Аеродром

МВР истражува случај на врсничко насилство во Аеродром. Мајка од Скопје пријавила дека нејзиниот син со месеци бил физички малтретиран...