Контакт

Свет

Кинеските богаташи се богатат побрзо од растот на економијата

Објавено пред

Богатствата на најбогатите 100 членови на кинескиот парламент и на неговото советодавно тело се зголемиле за 64 отсто во последните четири години откако на власт дојде претседателот Кси Џинпинг, според податоците коишто во четвртокот ги објави организација која ги следи богатствата на поединци во Кина.

dobivaj vesti na viber

Кси Џинпинг води борба против корупцијата и декаденцијата, а борбата против сиромаштијата во најбројната нација на планетата ја прогласи за свој приоритет кога во 2013 година стана претседател на Кина.

Меѓутоа, богатството на личности во врвот на Секинескиот народен конгрес и Кинеската народна политичка советодавна конференција, според институтот „Hurun“ од Шангај, растело во овој период побрзо од кинеската економија, берзата, цените на недвижнините и платите.

Според извештајот кој го пренесува Reuters, 209-те членови на споменатите тела, коишто во петок ќе ги започнат своите годишни заседанија, оваа 2017 година секој има по 290,7 милиони американски долари или повеќе. Нивното вкупно богатство одговара речиси на бруто домашниот производ (БДП) на Белгија, на пример, и изнесува повеќе од 3,3 билиони јуани, или 507 милијарди долари. Повеќето од нов се милијардери, изразено во американската валута.

Стотината најбогати вредат вкупно 3 билиони долари, 64 отсто повеќе од 1,84 билиони јуани во 2013 година.

Тоа е просечно зголемување од 13 отсто од 2013 до 2016 година, додека во истиот тој период кинеската економија растеше со забавено темпо од 7,2 отсто на годишно ниво.

Меѓутоа, треба да се истакне дека станува збор за деловни луѓе, а не за професионални политичари. Нивното присуство во парламентот и во неговото советодавно тело е пресметан потег на Кинеската комунистичка партија којашто со тоа сака да ги осигури нивната лојалност и интерес за партијата, додека тие со тоа добиваат политичка заштита, појаснуваат аналитичарите./крај/мф/сн

Свет

(Видео) Трамп до австралискиот амбасадор: Не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

Објавено пред

Од

Претседателот на САД, Доналд Трамп, му рече на австралискиот амбасадор во САД и поранешен премиер, Кевин Рад, дека не го сака и веројатно никогаш нема да го сака.

dobivaj vesti na viber

Трамп вчера се сретна со сегашниот австралиски премиер, Ентони Албанезе. Политичкиот уредник на австралискиот „Скај њуз“, Ендру Кленел, го праша Трамп зошто требало толку долго време за да се организира состанокот. Тој беше заинтересиран дали има некаква врска со ставот на Австралија за климатските промени, Палестина или изјавите на Рад.

„Не знам ништо за него. Ако рекол нешто лошо, тогаш можеби би сакал да се извини. Дали амбасадорот рекол нешто лошо? Не кажувајте ми. Не сакам да знам. Каде е тој? Дали сè уште работи за вас“, Трамп го праша Албанезе.

Албанезе одговори дека Рад е сè уште амбасадор и покажа кон него. Рад призна дека кажал лоши работи за Трамп пред да стане амбасадор. „Ги повлекувам тие изјави“, рече тој.

„Ни мене не ми се допаѓаш. И веројатно никогаш нема да ми се допаднеш“, рече Трамп.

Во ноември минатата година, откако Рад беше потврден како избор на Албанезе за амбасадор на САД, се појави интервју од 2021 година во кое тој го опиша Трамп како селски идиот. Подоцна се дозна дека Рад избришал некои стари објави на социјалните мрежи во кои го нарекол Трамп предавник на Западот и лудак.

Прикажи повеќе...

Економија

Светските берзи паднаа поради заканата на Трамп за ЕУ

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите паднаа минатата недела бидејќи инвеститорите беа загрижени за намалувањето на кредитниот рејтинг на САД, а на пазарите негативно влијаеа и новите закани на Вашингтон за зголемување на царините за увозот од Европската унија.

dobivaj vesti na viber

На Волстрит минатата недела, Dow Jones се лизна за 2,5 отсто, на 41.603 поени, додека S&P 500 падна за 2,6 отсто, на 5.802 поени, а индексот Nasdaq 2,5 отсто, на 18.737 поени.

Од самиот почеток на неделата индексите беа во минус бидејќи агенцијата Мудис го намали кредитниот рејтинг на САД од Ааа на Аа1 поради големиот дефицит на федералниот буџет, високите финансиски трошоци и планираните даночни намалувања.

Јавниот долг на САД е околу 36.200 милијарди долари, а може да се зголеми за уште 3.800 милијарди во следните десет години бидејќи претседателот на САД Доналд Трамп има намера да ги намали даноците. Поради ова, приносите на државните обврзници значително се зголемија, што значи дека владата мора да се задолжува по повисока цена.

Намалувањето на даноците веројатно би ја стимулирало потрошувачката и би го поддржало економскиот раст, но од друга страна, јавниот долг би се зголемил доколку не се намалат државните трошоци. И намалувањето на федералните трошоци, што е еден од приоритетите на Трамп, не оди толку глатко како што најави претседателот. Освен тоа, се чини дека проектот не е доволно добро подготвен.

Сепак, на крајот на неделата, приносите на обврзниците донекаде се стабилизираа, откако Претставничкиот дом на Конгресот тесно го поддржа предлог-законот на Трамп за даночни намалувања, па се уште се чека поддршката од Сенатот.

Но, во петокот, Трамп повторно ги потресе пазарите заканувајќи ѝ се на Европската унија со царини од 50 отсто од 1 јуни, бидејќи не е задоволен од тоа како напредуваат трговските разговори меѓу САД и ЕУ.

И на повеќето европски берзи цените на акциите паднаа минатата недела. Додуша, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,4 отсто, на 8.717 поени, но франкфуртски DAX се лизна за 0,6 отсто, на 23.629 поени, а париски CAC 1,9 отсто, на 7.734 поени.

Прикажи повеќе...

Економија

Макрон: Албанија за 2 години ќе биде во ЕУ, дојдете и инвестирајте

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон од Тирана упати силна порака до странските инвеститори, повикувајќи ги да дојдат и да вложуваат во Албанија, за која изрази убеденост дека „за две години ќе биде дел од Европската унија“.

dobivaj vesti na viber

Изјавата беше дадена на економскиот форум „Приоритет Европа“, организиран од Институтот „Иницијатива за идни инвестиции“ на Ричард Атијас, кој има за цел да ги поврзе европските лидери и иноватори со големи инвестициски фондови од Блискиот Исток, Азија и САД.

„Албанија е влезна точка за регионот на Балканот и медитеранскиот басен. Европа е стабилно и доверливо место. Во овој луд свет, да не ја потценуваме силата на таквите квалитети“, порача Макрон.

Тој додаде дека премиерот Еди Рама има јасен мандат и посветеност Албанија да ја внесе во ЕУ до 2027 година, а според Макрон, тоа би можело да се случи дури и порано – за две години.

Премиерот Рама, пак, изјави дека неговата земја ги започна преговорите со Европската Унија во 2022 година и дека ако ги завршат сите задачи добро, ќе може да ги затворат преговорите до 2027 година. Ова според Рама би било навистина неверојатно.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ3 минути

(Видео) Расчистено убиство во гостиварско, поднесена кривична пријава

СВР Тетово – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.М.(53) од село Неготино, општина Врапчиште, поради...

Македонија18 минути

Нема веќе одење во Царина за потврди за царински долг, Централен регистар со еден клик ги гледа електронски 

Хартиените потврди за царински долг кои се потребни за упис и промени на правниот субјект во Централниот регистар стануваат минато....

Македонија2 часа

Спасовски 3 месеци го кочел затворањето на станицата за технички преглед во Сарај и овозможил незаконски профит од 90 000 евра, ЈО да реагира, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај, со што фирмата се здобила со противправна имотна корист во висина...

Македонија2 часа

Почината жена пронајдена во дупка во атарот на гостиварско Неготино: за едно осомничено лице одреден краткотраен притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во текот на ноќта изврши увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде...

Македонија2 часа

СДСМ: Милошоски најавува мигранти за пари ама со променет статус во „економски работници“

„Планот на ВМРО-ДПМНЕ за примање мигранти во Македонија е целосно разоткриен. И не се само пишувањата на британските и светските...

Свет3 часа

(Видео) Шефот на НАТО: „Ние сме следната цел на Русија, немаме време“; Москва одговори

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес ги повика сојузниците да ги засилат одбранбените напори за да спречат војна што...

Свет3 часа

(Видео) Австралијанец скокаше од авион, падобранот се заглави во опашката: драматичен инцидент на 4.500 метри

Австралиското биро за безбедност на сообраќајот (ATSB) објави снимка од падобранец чиј падобран се заплеткал во опашката на авионот среде...

Свет4 часа

(Видео) Убиецот на Чарли Кирк за прв пат се појави пред суд

Мажот обвинет за убиство на десничарскиот активист Чарли Кирк, 22-годишниот Тајлер Робинсон, се појави за прв пат лично на суд...

Свет4 часа

САД воведуваат нови санкции врз Венецуела, насочени кон внуците на Мадуро и нафтениот сектор

САД го зголемуваат притисокот врз Венецуела со нови санкции насочени кон тројца внуци на претседателот Николас Мадуро, меѓу другите. Двајца...

Свет4 часа

(Видео) Земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди Јапонија, забележани се мали цунами бранови: пристигнуваат снимки

Земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди североисточна Јапонија, што ја натера Јапонската метеоролошка агенција да издаде предупредување за...

Свет4 часа

Трамп ја презема контролата врз регулативата за вештачка интелигенција

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба насочена кон централизирање на регулирањето на вештачката интелигенција на федерално ниво за да...

Македонија13 часа

Ѓорѓиевски најавува враќање на празничниот дух, на 15 декември почнуваат настаните на плоштад „Македонија“

На 15 декември почнуваат предновогодишните настани на плоштад „Македонија“. „Градот Скопје со радост најавува дека годинава празничниот дух повторно се...

Македонија15 часа

„Јавноста бара одговори, а добива уште една сцена на политичка формалност“, велат од Блупринт групата за реформи во праводуството за комисијата за Кочани

Јавноста бара одговори, но наместо одговорност, добива уште една сцена на политичка формалност. Семејствата уште еднаш беа оставени да гледаат...

Македонија20 часа

Муцунски: Оваа Влада ниту водела, ниту ќе води политика за прифаќање мигранти во каква било форма

Владата е целосно посветена на економскиот развој и на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Градиме партнерства што носат...

Македонија21 час

Не може потпис на правен акт да е предизвикувач на пожар, рече Шилегов, бранител на државниот советник Шофкет Хазари обвинет во „Пулс“

Нешто повеќе од половина час, денес, во судницата во „Идризово“, адвокатот Петре Шилегов, бранител на државниот советник во Министерството за...

Топ24 часа

(Фото) Претрес во Тетовско, пронајдени дрога, оружје и муниција

Денеска околу 08:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода 30-годишниот Ф.Р. од село Орашје, општина Јегуновце....

Македонија24 часа

Обвинение за таткото и двете ќерки: спречиле службени лица да одземат добиток во Крива Паланка

Основното јавно обвинителство Крива Паланка поднесе обвинителен предлог против три лица за кривично дело спречување службено лице во вршење службено...

Македонија24 часа

(Видео) „Филипче работел на изградба на прифатен центар за мигранти во Македонија“: Лефков објави документи

„Филипче не е лидер, туку потрчко на Заев, едно дугме-политичар кој има единствена улога да го покрива и штити неговиот...

Топ1 ден

Уапсено лицето што насилно упадна во студиото на „Инфомакс“

Полициски службеници од ПС Кисела Вода го лишија од слобода 43-годишниот Г. С. од Скопје веднаш по добиената пријава на...

Македонија1 ден

Насилен упад во студиото на „Инфомакс“, ЗНМ бара најстрога санкција за напаѓачот

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро го осудува бруталниот напад што вчера се случи во редакцијата на „Инфомакс“ за...