Контакт

Свет

Поради недостиг на пазарот цената на нафтата ќе скокне до 100 долари за барел

Објавено пред

Светот може да се соочи со недостиг од нафта на пазарот и раст на нејзината цена од над 100 долари за барел поради недоволните вложувања во откривање на нови нафтени резерви, предупреди Кристоф де Маргери, претседател на управата на Тотал

“Ако не се раздвижиме, ќе дојдат проблемите. За две до три години може да биде предоцна”, истакна Де Маргери.Тој наведува дека цената на нафтата ќе скокне од сегашното ниво од околу 70 долари на повеќе од 100 долари за барел.“Прашањето е само кога тоа ќе се случи. Сегашната цена не е доволна за да ги заштитиме нашите долгорочни вложувања”, истакна првиот човек на Тотал.Де Маргери наведува дека со сегашното ниво на цени на светките пазари нафташите не се мотиворани да ги зголемат вложувањата, поради што е се поизвесен недостиг од нафта на пазарот.“Нафтените резерви се тука, меѓутоа, ако не вложите пари во нивното кристење, нафтата сама нема да дојде на пазарот”, изјави де Моргери, пренесува Би Би Си.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Авиокомпаниите губат речиси 30 милијарди долари поради коронавирусот

Објавено пред

Авиокомпаниите од азиско-пацифичкиот регион поради коронавирусот ќе загубат 27,8 милијарди долари, додека пак побарувачката за авиобилети во тој регион ќе се намали за 13 отсто, покажуваат проценките на Меѓународното здружение на авиопревозници.

Со оглед на тоа дека проценките на растот се проектирани на 4,8 проценти, вкупниот пад на профитот ќе изнесува 8,2 отсто. Загубата на приходот ќе изнесува 27,8 милијарди долари за авиокомпаниите во азиско-пацифичкиот регион, а најголема загуба ќе забележат компаниите од Кина, чии пад на профитот само на домашниот пазар се проценува на 12,8 милијарди долари.

Според податоците, компаниите кои работат надвор од тој регион ќе изгубат 1,5 милијарди долари, под претпоставка дека падот на побарувачката е ограничен само на азиските пазари.

Загубата на глобално ниво ќе изнесува 29,3 милијарди долари, што пак значително ќе ги намали проценките на глобалниот раст за оваа година.

Проценките се, како што се наведува во соопштението, слични на тие за време на епидемијата на САРС. Тогаш 6-месечниот остар пад беше проследен со еднакво брзо опоравување, а во 2003 година САРС беше одговорен за падот на приходите од 5,1 отсто на азиско-пацифичките авиокомпании. Ова се важи доколку се задржи епидемијата претежно во Кина. Ако епидемијата се прошири на азиско-пацифичкиот пазар, тогаш влијанието на авиокомпаниите од другите региони би било поголемо.

Прикажи повеќе...

Економија

Поради коронавирусот откажан најголемиот светски саем за мобилни

Објавено пред

Организаторите на најголемиот светски саем за мобилни телефони Mobile World Congress (MWC), кој се одржува во Барселона, потврдија дека настанот, закажан за крајот на февруари, е откажан поради загриженост од коронавирусот.

Организаторот на саемот, GSMA, во соопштение за јавноста објаснува дека го откажува MWC Барселона поради глобалната загриженост од коронавирусот, стравовите за меѓународни патувања и други околности кои ја попречуваат организацијата на настанот, објави Би-би-си.

Саемот требаше да се одржи во Барселона, но организаторите соопштија дека тоа е едноставно невозможно бидејќи големите изложувачи како „Фејсбук“, „Нокиа“, „Сони“ и „Водафон“ го откажале нивното присуство поради коронавирусот.

Ова е еден од најголемите меѓународни деловни настани откажани поради страв од епидемија.

Саемот требаше да се одржи од 24 до 27 февруари во Барселона, при што шпанскиот министер за здравство ги замоли луѓето да останат мирни.

Тој рече дека граѓаните треба да му веруваат на шпанскиот здравствен систем и дека одлуката ќе биде донесена врз основа на најновите информации.

Обично, на овој саем учествуваат над 100.000 луѓе, од кои околу 6.000 доаѓаат од Кина.

Саемот за мобилни телефони се одржува во Барселона од 2006 година.

Прикажи повеќе...

Економија

Кинеската економија не трпи застој – следната недела на работа се враќаат 160 милиони луѓе

Објавено пред

Кина очекува околу 160 милиони луѓе да се вратат на работните места следната недела, бидејќи земјата се обидува да го намали економското влијание од коронавирусот.

Си-ен-ен пишува дека следниот вторник го означува официјалниот крај на периодот на лунарната Нова година, кој годинава беше засенет од вирусот што однесе повеќе од 1.110 животи во континентална Кина.

Огромната мобилизација на луѓе доаѓа и покрај претходните предупредувања до граѓаните да избегнуваат големи собири.

На брифинг кој се одржа во вторникот, кинеските власти соопштија дека ќе бидат преземени мерки за да се намали ризикот од пренесување.

Овие мерки вклучуваат ограничување на бројот на патници во возовите и автобусите, подобрување на стерилизацијата во јавниот превоз и вршење на проверки на температурата на патниците, рече Су Јахуа, директор на Одделот за транспортни услуги.

 

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Европа30 минути

Шести смртен случај од коронавирус во Италија

Шеста личност почина денеска од коронавирус во Италија. Според италијанските медиуми, починала жена од градот Крема, покрај Милано. Таа починала...

Македонија1 час

(Видео) Мицкоски: Заев бил премиер, судија и обвинител, утре протест против главата на Рекетот

Вчера бевме сведоци на болната вистина како Зоран Заев владее со Македонија и зошто државата е на дното, а тоа...

Македонија1 час

Филипче апелира граѓаните да ги откажат патувањата во Италија

По петте смртни случаи од коронавирус во Италија, министерот за здравство, Венко Филипче, апелира граѓаните да ги одложат сите патувања...

Македонија3 часа

Филипче најави засилени контроли на аеродромите и границите поради ширење на коронавирусот во Италија

Поради новонастаната состојба со коронавирусот и проширувањето на вирусот во областите Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања во Италија, утрово министерот за...

Економија4 часа

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина, односно за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цените на...

Македонија4 часа

Притвореничка од истражниот затвор каде што е Ангела ќе сведочи за убиството на Пино

На денешното рочиште за убиството на Пино Секондо сведочеше жената на која обвинетите првично ѝ признале дека сториле убиство. Адвокатката...

Топ5 часа

Двајца скопјани повредени од огнено оружје во Бутел

Доцна синоќа во 00:21 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Ферид Бајрам во Бутел биле слушнати истрели...

Европа5 часа

(Видео) Полиците во повеќе италијански маркети се целосно празни, луѓето се подготвуваат за епидемија

Во неколку помали места во италијанските региони Ломбардија и Венето, со население од околу 50.000 луѓе, од вчера на сила...

Европа5 часа

Четврта жртва на коронавирусот во Италија

Бројот на жртви од коронавирусот во Италија се искачи на четири, а бројот на заразени надмина 150. Според статистиката, во...

Свет7 часа

Сандерс: Ако треба би ја нападнал Кина

Фаворитот на партиските избори на американската Демократска партија за кандидат за претседател на САД, Берни Сандерс, воено би интервенирал против...

Свет7 часа

Нови 150 починати од коронавирусот во Кина

Кина денеска соопшти дека има нови 150 нови смртни случаи во епидемијата на коронавирусот, што е нов дневен рекорд откако...

Европа20 часа

Италија е трета земја во светот по бројот на заразени од коронавирус

Бројот на заразени со коронавирус во Италија значително се зголеми во последните три дена. До денеска се потврдени 152 случаи,...

Свет22 часа

Трет патник од бродот во Јапонија почина од коронавирус

Трет патник од крузерот „Дајмонд принцес“ во Јапонија почина од коронавирусот, објави денеска јапонското Министерство за здравство. 80-годишниот јапонски државјанин...

Европа23 часа

Десет градови во Италија во изолација поради коронавирусот

Десет италијански градови, претежно во Ломбардија, се ставени во изолација откако вчера беа потврдени два смртни случаи и речиси 80...

Македонија24 часа

Четворица пациенти по инцидентот во Романовце се во животна опасност

Во текот на денешниот ден во Клиничкиот центар во Скопје примени се седум пациенти со изгореници, повредени од експлозија на...

Топ1 ден

Три деца загинаа а шест луѓе се повредени во експлозија на плинска боца во куќа во Романовце

Три малолетни деца на возраст од 8, 9 и 11 години утрово загинаа во експлозија на плинска боца во семејна...

Свет1 ден

Во земјотресот меѓу Иран и Турција – седум загинати во Турција, има и затрупани

Најмалку седум луѓе загинаа, а некои се затрупани под урнатините од згради на југоистокот од Турција, по потресот со јачина...

Спорт1 ден

Шпанците го обвинуваат тетовскиот супер-агент Фаљи Рамадани за перење пари!

Фаљи Рамадани, еден од најмоќните фудбалски агенти на светот, е под истрага на шпанските власти за учество во шема за...

Македонија1 ден

(Видео) Милошоски објави нов аудио-материјал: Заев договарал одлуки со Врховниот суд

На прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Антонијо Милошоски објави нов материјал, кој рече дека како транскрипт му го доставил...

Топ1 ден

На автопатот „Пријателство“ во камион превезувани 43 мигранти од Бангладеш

Во близина на бензинска пумпа на автопатoт „Пријателство“, во правец од ГП Табановце- Куманово, синоќа полициски службеници од Полициска станица...

Досие