Свет
Американската економија со раст од само 0,2 отсто во првиот квартал

Американската економија порасна во првото тромесечје само за 0,2 отсто на годишно ниво, значително побавно во споредба со претходниот квартал, бидејќи поради лошите временски прилики забавен е растот на личната потрошувачка, а енергетскиот компании го намалија производството и инвестиците поради ниските цени на нафтата.
Американската економија порасна во првото тромесечје само за 0,2 отсто на годишно ниво, значително побавно во споредба со претходниот квартал, бидејќи поради лошите временски прилики забавен е растот на личната потрошувачка, а енергетскиот компании го намалија производството и инвестиците поради ниските цени на нафтата.
Министерството за трговија на САД ја објави во средата првичната проценка според која бруто домашниот производ во првото тромесечје пораснал само 0,2 отсто на годишно ниво.
Тоа е значително помалку во однос на очекувањата на аналитичарите во анкетата на Reuters од 1 отсто и значително помалку во однос на последниот квартал од минатата година, кога економијата пораснала 2,2 отсто. Ова е и најбавен раст на економијата во изминатата година.
Во извештајот на министерството не е квантифицирано колку на забавувањето на растот на економијата влијаеле лошите временски услови, штрајкот во западните пристаништа во САД, високиот курс на доларот и ниската цена на нафтата.
Меѓута, економистите проценуваат дека невообичаеното студено време во февруари ја намали стапката на раст за половина отстотен поен, бидејќи влијаеше на градежните активности и на растот на личната потрошувачка, која сочинува две третитни од економските активности во САД. Растот на личната потрошувачка е намалена на 1,9 отсто, додека во претходниот квартал изнесуваше 4,4 отсто. Штрајкот во пристаништата намали 0,3 отсотни поени.
Ниските цени на нафтата предизвикаа, пак, остро намалување на производството на црното злато во САД и на инвестициите на енергетските гиганти како што се Schlumberger, Halliburton, Exxon Mobil…
Деловните инвестиции во рударството, истражуваето и ископините се намалени за над 48 отсто, а потрошувачката на нестанбени градежни објекти паднаа за 23 отсто, што е нејзин прв пад од 2013 година. Економистите проценуваат дека поради ова стапката на раст на БДП-то е намалена за 0,75 отстотни поени.
Но, изненади силниот раст на залихите, за дури 110 милијарди долари, што придонесе за растот на БДП-то за 0,74 отстотни поени.
Иако првите макроекономски показатели од април укажуваат на подобрување на состојбата, аналитичарите не очекуваат брзо закрепнување, како што беше забележано минатата година по исто така слабото прво тромесечје, по што економијата силно порасна во второто тромесечје.
„Раширеноста и длабочината во овој изветај за БДП-то најавуваат уште еден разочарувачки, иако нешто подобар извештај за БДП-то за вториот квартал. Но, се уште не се предаваме, се уште не планираме значително да ги намалиме проценките за растот за целата оваа година“, вели Скот Андресон, главен економист во Bank of the West. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.
Економија
Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.
Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:
Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто
Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.
Економија
Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.
Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.
„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.
Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.