Контакт

Свет

Американски бизнисмени заинтересирани за инвестирање во Македонија

Објавено пред

Најниските трошоци за компаниите за водење бизнис во Европа, претставени преку ниските и рамни даноци и погодностите во технолошко – индустриските развојни зони и континуираната заложба на Владата за дијалог со бизнис заедницата, беа дел од поентите што ги истакна премиерот Никола Груевски на бизнис форум во Њу Џерси, на кој присуствуваа поголем број бизнисмени од компании од поголем број сектори.

dobivaj vesti na viber

„Ние сме многу фокусирани на подобрување на бизнис климата. Всушност, тоа е нашата главна преокупација во последните седум/осум години на која работиме на повеќе начини, и тоа за сите инвеститори во земјата, домашни или странски. Како резултат на многу чекори коишто ги направи Владата, бизнис климата сериозно се подобри, што се рефлектираше во повеќе извештаи на меѓународни финансиски организации“, рече Груевски во своето обраќање пред присутните.Ги претстави позитивните макроекономски индикатори, како што се растот на бруто домашниот производ (БДП) и извозот од зоните, ниското и умерено ниво на надворешен државен долг и стабилната стапка на инфлација. Во неговото обраќање се осврна и на владините проекти за намалување на административните бариери, и обезбедувањето на поголем пазар за производителите преку потпишаните договори за слободна трговија на Македонија со сите земји од континентот Европа. Премиерот се осврна и на проектите во образованието чијашто цел е градење конкурентна и талентирана работна сила, како еден од аргументите за привлекување на странски инвеститори и во функција на обезбедување на вработување и професионален развој и надградба на македонските работници.Присутните бизнисмени дадоа позитивна оценка за бизнис климата во Македонија, со особен акцент на даночната политика која обезбедува поволност за бизнис секторот.„Во прв ред, сакам да кажам дека вашите даноци се соодветни и за граѓаните и за компаниите, целиот ваш даночен систем е добро осмислен и обезбедува долгорочност, со други зборови стабилност, и земјата нема потреба да се грижи за зголемување на даноците, а компаниите не треба да прават промена на нивните инвестициски планови. Слободно можам да кажам дека за некои нешта можеме да учиме од вас“, изјави Џон Кулбертсон, од енергетската компанија Кулбертсон.Дел од компаниите истакнаа дека како резултат на работа на тимот за привлекување на инвестиции на Владата, промоторите во САД, и денешната презентација,  тие добро ги имаат проучено поволностите за инвестирање кои ги нуди нашата земја, и потенцираа дека кај нив постои сериозен интерес за разгледување на Македонија како опција за инвестиции и проширување на нивниот бизнис.Хари Чо, сопственик на компанијата AFM и претседавач со Американско-индонезискиот бизнис совет, кој се занимава со производство на мебел за луксузни клиенти и на светлечки уреди, истакна дека поволностите кои ги нуди нашата земја се поволни и дека има намера да оствари посета на Македонија како дел од неговата финална анализа за потенцијални инвестиции.„Мислам дека македонската Влада е од голема помош за бизнисот во насока на поддршка на инвеститорите. Јас се занимавам со производство на мебел за луксузни хотели и сакам да работам со домашните производители и затоа прво планирам да ја посетам Македонија, да се сретнам со луѓето таму и да видам со што се занимаваат“, изјави Хари Чо. Едвард Мајлс од компанијата за медицински услуги Биосити, истакна дека поволностите кои се овозможуваат за странските инвеститори се позитивни и дека неговата компанија ја разгледува нашата земја како сериозна потенцијална дестинација за отворање капацитети од нивната дејност.„Моите партнери веќе ја посетија Македонија со цел да направат евалуација на можностите за отворање на центар за трансплантација и медицински центар. Работите кои не заинтересираа се едуцираната работна сила и ниските даноци“, изјави Едвард Мајлс./крај/мф/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Трамп до австралискиот амбасадор: Не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

Објавено пред

Од

Претседателот на САД, Доналд Трамп, му рече на австралискиот амбасадор во САД и поранешен премиер, Кевин Рад, дека не го сака и веројатно никогаш нема да го сака.

dobivaj vesti na viber

Трамп вчера се сретна со сегашниот австралиски премиер, Ентони Албанезе. Политичкиот уредник на австралискиот „Скај њуз“, Ендру Кленел, го праша Трамп зошто требало толку долго време за да се организира состанокот. Тој беше заинтересиран дали има некаква врска со ставот на Австралија за климатските промени, Палестина или изјавите на Рад.

„Не знам ништо за него. Ако рекол нешто лошо, тогаш можеби би сакал да се извини. Дали амбасадорот рекол нешто лошо? Не кажувајте ми. Не сакам да знам. Каде е тој? Дали сè уште работи за вас“, Трамп го праша Албанезе.

Албанезе одговори дека Рад е сè уште амбасадор и покажа кон него. Рад призна дека кажал лоши работи за Трамп пред да стане амбасадор. „Ги повлекувам тие изјави“, рече тој.

„Ни мене не ми се допаѓаш. И веројатно никогаш нема да ми се допаднеш“, рече Трамп.

Во ноември минатата година, откако Рад беше потврден како избор на Албанезе за амбасадор на САД, се појави интервју од 2021 година во кое тој го опиша Трамп како селски идиот. Подоцна се дозна дека Рад избришал некои стари објави на социјалните мрежи во кои го нарекол Трамп предавник на Западот и лудак.

Прикажи повеќе...

Економија

Светските берзи паднаа поради заканата на Трамп за ЕУ

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите паднаа минатата недела бидејќи инвеститорите беа загрижени за намалувањето на кредитниот рејтинг на САД, а на пазарите негативно влијаеа и новите закани на Вашингтон за зголемување на царините за увозот од Европската унија.

dobivaj vesti na viber

На Волстрит минатата недела, Dow Jones се лизна за 2,5 отсто, на 41.603 поени, додека S&P 500 падна за 2,6 отсто, на 5.802 поени, а индексот Nasdaq 2,5 отсто, на 18.737 поени.

Од самиот почеток на неделата индексите беа во минус бидејќи агенцијата Мудис го намали кредитниот рејтинг на САД од Ааа на Аа1 поради големиот дефицит на федералниот буџет, високите финансиски трошоци и планираните даночни намалувања.

Јавниот долг на САД е околу 36.200 милијарди долари, а може да се зголеми за уште 3.800 милијарди во следните десет години бидејќи претседателот на САД Доналд Трамп има намера да ги намали даноците. Поради ова, приносите на државните обврзници значително се зголемија, што значи дека владата мора да се задолжува по повисока цена.

Намалувањето на даноците веројатно би ја стимулирало потрошувачката и би го поддржало економскиот раст, но од друга страна, јавниот долг би се зголемил доколку не се намалат државните трошоци. И намалувањето на федералните трошоци, што е еден од приоритетите на Трамп, не оди толку глатко како што најави претседателот. Освен тоа, се чини дека проектот не е доволно добро подготвен.

Сепак, на крајот на неделата, приносите на обврзниците донекаде се стабилизираа, откако Претставничкиот дом на Конгресот тесно го поддржа предлог-законот на Трамп за даночни намалувања, па се уште се чека поддршката од Сенатот.

Но, во петокот, Трамп повторно ги потресе пазарите заканувајќи ѝ се на Европската унија со царини од 50 отсто од 1 јуни, бидејќи не е задоволен од тоа како напредуваат трговските разговори меѓу САД и ЕУ.

И на повеќето европски берзи цените на акциите паднаа минатата недела. Додуша, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,4 отсто, на 8.717 поени, но франкфуртски DAX се лизна за 0,6 отсто, на 23.629 поени, а париски CAC 1,9 отсто, на 7.734 поени.

Прикажи повеќе...

Економија

Макрон: Албанија за 2 години ќе биде во ЕУ, дојдете и инвестирајте

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон од Тирана упати силна порака до странските инвеститори, повикувајќи ги да дојдат и да вложуваат во Албанија, за која изрази убеденост дека „за две години ќе биде дел од Европската унија“.

dobivaj vesti na viber

Изјавата беше дадена на економскиот форум „Приоритет Европа“, организиран од Институтот „Иницијатива за идни инвестиции“ на Ричард Атијас, кој има за цел да ги поврзе европските лидери и иноватори со големи инвестициски фондови од Блискиот Исток, Азија и САД.

„Албанија е влезна точка за регионот на Балканот и медитеранскиот басен. Европа е стабилно и доверливо место. Во овој луд свет, да не ја потценуваме силата на таквите квалитети“, порача Макрон.

Тој додаде дека премиерот Еди Рама има јасен мандат и посветеност Албанија да ја внесе во ЕУ до 2027 година, а според Макрон, тоа би можело да се случи дури и порано – за две години.

Премиерот Рама, пак, изјави дека неговата земја ги започна преговорите со Европската Унија во 2022 година и дека ако ги завршат сите задачи добро, ќе може да ги затворат преговорите до 2027 година. Ова според Рама би било навистина неверојатно.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 минути

Русија реагира на протечениот телефонски разговор меѓу Виткоф и советникот на Путин

Кремљ се огласи утрово откако во извештај на Блумберг се наведува дека еден од претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп...

Регион1 час

(Видео) Шокантна сцена во Дубровник: што се исфрли морето на брегот

Шокантни слики доаѓаат од Јадранот, каде што најпознатата плажа во Дубровник, Бање, е оставена покриена со ѓубре откако морето исфрлило...

Свет1 час

(Видео) Дали конечно е блиску крајот на војната во Украина: Остануваат три клучни пречки

Американската администрација оптимистички најавува голем напредок во преговорите за завршување на војната во Украина. Претседателот Трамп го пофали „огромниот напредок“...

Свет2 часа

(Видео) Новинар: Какви отстапки нуди Русија? Трамп: Ќе престанат да се борат

Американскиот претседател Доналд Трамп е убеден дека Русија, со запирање на својата офанзива, би направила „голема отстапка“ за Украина, што,...

Свет2 часа

„Донецк и размена на територии“: Целиот транскрипт од разговорот меѓу луѓето на Трамп и Путин

Блумберг објави транскрипт од телефонски разговор помеѓу Стив Виткоф, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за мировни мисии, и...

Свет3 часа

Трамп се откажа од ултиматумот за Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера се повлече од ултиматумот што ѝ го даде на Украина да го прифати американско-рускиот мировен...

Свет3 часа

Претседателот на Тајван: Ќе предложам да потрошиме уште 40 милијарди долари за одбрана

Тајван ќе воведе дополнителни 40 милијарди долари за одбрана за да ја нагласи својата решителност да се брани, изјави претседателот...

Свет3 часа

Кина: Ќе ги потиснеме сите странски обиди за мешање во ситуацијата околу Тајван

Кина денес предупреди дека ќе ги „потисне“ сите странски обиди за мешање во ситуацијата околу Тајван, откако Јапонија објави планови...

Свет4 часа

Објавени транскриптите, Виткоф до човекот на Путин: Знам што е потребно за да се постигне договор

Пратеникот на Трамп, Стив Виткоф, по успехот на мировниот договор за Газа, минатиот месец оствари телефонски разговор со висок функционер...

Македонија19 часа

Владата именува повереници за општините Маврово Ростуше, Гостивар, Центар Жупа и Врапчиште

Владата на денешната седница именува повереници за општините Маврово Ростуше, Гостивар, Центар Жупа и Врапчиште во кои што на локалните...

Свет19 часа

Украина се согласи на мировен договор со Русија, тврдат САД

Украина се согласи на договор за прекин на војната со Русија, при што остануваат само мали детали, изјави американски функционер...

Македонија19 часа

Уапсени директори и заменик министер за земјоделство: излажале дека недостасуваат пченица и јачмен вредни 780.000 евра

Полицијата денеска уапси пет лица осомничени за злоупотреба на стоковите резерви, излажале дека недостасуваат пченица и јачмен вредни 780.000 евра....

Македонија20 часа

Откажано утрешното рочиште за „Пулс“: Недостасуваат адреси од оштетени и нивни застапници

Утрешното судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица и околу 200 се повредени, е...

Македонија21 час

Не е работа на бранителот да биде судска достава, забележаа адвокатите и побараа судот да им го достави интегрираното обвинение и на обвинетите за „Пулс“

Место воведни зборови од одбраната и изјаснување дали се чувствуваат виновни обвинетите за пожарот во кочанската дискотека “Пулс”, денешното второ...

Македонија22 часа

Мицкоски: 6.045 пристигнати апликации, најголем интерес за искористување на мерката за самовработување

Како Влада, силно веруваме дека економијата расте тогаш кога граѓаните имаат поддршка да создаваат, да иновираат и да стануваат претприемачи,...

Топ24 часа

42-годишник пронајден мртов кај селото Нераште: наредена е обдукција, ќе се вештачат траги најдени на местото

Обвинителството извести дека е извршен увид на лице место, дадени се повеќе насоки и наредби со цел откривање на сторителите...

Македонија24 часа

Голема полициска акција: претреси во Скопје, Куманово и на други локации

Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други...

Европа1 ден

Зеленски пред тежок избор: планот на Трамп или несигурните Европејци, пишува Политико

Европските претставници вчера воздивнаа со олеснување, верувајќи дека разговорите во Женева вродиле со плод и дека Доналд Трамп ќе ги...

Македонија1 ден

Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење

Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата...

Европа1 ден

Би-би-си: Украинците би можеле да се согласат на изменет мировен план, Русите се друга приказна

Доналд Трамп силно сака мировен договор во Украина. Киев сака мир уште повеќе, но не по секоја цена, пишува Би-би-си...