Свет
Американските и европските банки лани укинале 59.000 работни места

Водечките европски и американски банки укинаа во минатата година 59.000 работни места во рамки на реструктуирање и намалување на трошоците, а во Европа се очекува и натамошен пад на бројот на вработените, бидејќи банките настојуваат да ја подобрат профитабилноста, која е под притисок на построгите регулативи.
Водечките европски и американски банки укинаа во минатата година 59.000 работни места во рамки на реструктуирање и намалување на трошоците, а во Европа се очекува и натамошен пад на бројот на вработените, бидејќи банките настојуваат да ја подобрат профитабилноста, која е под притисок на построгите регулативи.
Аналитичарите истакнуваат дека европските банки, особено оние во еврозоната, веројатно и натаму ќе го намалуваат бројот на вработените, со оглед дека сеуште се меѓу најмалку профитабилните на светот.
„Само неколку банки на светот спроведоа вистински структурни реформи и направија големо кастрење на трошоците. Повеќето презедоа само тактично стегање на ременот за да ги намалат трошоците, но без создавање на темелни промени на начинот на работење или на деловниот модел“, вели Амен Салех, директор на компанијата Boston Consulting Group во Лондон.
Осумнаесет најголеми европски банки укинаа во минатата година вкупно 21.500 работни места, откако во 2013 го намалија бројот на вработените за 56.100, покажуваат податоците на Reuters.
Шесте најголеми американки банки во минатата година укинаа вкупно 37.500 работни места, откако во претходната година укинаа 45.700 работни места.
Тоа значи дека 24 банки во последните две години укинале над 160.000 работни места.
Шесте американски банки во наведениот период го намалиле бројот на вработените за 7,3 отсто, додека европските банки скратија 4,1 отсто од работната сила. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.
Економија
Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.
Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:
Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто
Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.
Економија
Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.
Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.
„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.
Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.