Свет
Австралиската економија бележи раст 25 години по ред
Економијата на Австралија порасна 0,5 отсто во вториот квартал, благодарејќи на зголемувањето на државната потрошувачка која го компензираше падот на нето извозот, со што оваа земја бележи 25 години непрекинат економски раст.
Податоците на заводот за статистика на ова држава покажаа дека во вториот квартал годишниот економски раст изнесувал 3,3 отсто, што е во согласност со очекувањата, со оглед дека економијата напредува во свртувањето од потпирањето на досегашниот раст заснован на невиден бум на инвестиции и ресурси.„Тоа е официјално. Австралија сега оствари 25 години непрекинат економски раст. Но, ова не е време за самозадоволство. Продолжуваме да се бориме за секој инч на растот во економијата“, соопшти министерот за финансии Скот Морисон.Економскиот раст од 1,1 отсто во кварталот од јануари до крајот на март беше поттикнат од нето извозот и потрошувачката на домаќинствата, но извозот, кој претставува главен мотор на растот, запре во тромесечјето од април до јуни.Падот на извозот во тие три месеца му одзема на бруто домашниот производ(БДП) два процентни поена, но тоа го надомести поголемата од очекуваното владина потрошувачка, при што јавните инвестиции забележаа скок од 15,5 отсто во однос на првиот квартал.Централната банка на Австралија во вторник ги задржа каматните стапки на рекордно ниските 1,5 отсто, по двете смалувања во последните четири месеци во обид да ја поттикне забавената инфлација, откако економијата се наоѓа во процес на транзиција на растот што нема да се потпира врз инвестиции во производството на суровини. /крај/он/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.
Свет
Градоначалникот на Чилпасинго убиен шест дена по преземањето на функцијата во Мексико
Алехандро Аркос, градоначалникот на Чилпансинго, главниот град на мексиканската држава Гереро, е убиен во неделата, помалку од една недела по преземањето на функцијата, потврди гувернерот на државата.
Аркос е убиен само шест дена откако станал градоначалник на Чилпанцинго во југозападно Мексико, град со околу 280.000 жители, пренесува Ројтерс.
„Поради неговото убиство, целата заедница на државата Гереро тагува и не исполнува со гнев“, рече гувернерката на таа држава Евелин Салгадо во изјавата споделена на социјалните мрежи.
Свет
Западноафриканските земји најавуваат подобра жетва, но какаото и чоколадото нема да поевтинат
Клучните производители на какао во Западна Африка, Гана и Брегот на Слоновата Коска најавуваат дека бербата на плодовите од какаото ќе биде поуспешна од претходните сезони, но дека е извесно дека тоа нема да ја намали цената на чоколадото на светските берзи.
Временските услови се подобри, а локалните производители добија пестициди за контрола на какао болестите и очекуваат приносите да бидат значително повисоки од минатата година, пренесува Блумберг.
Бербата започнува веќе во октомври.