Контакт

Свет

Bundesbank прогнозира побавен раст на еврозоната поради судирите

Објавено пред

Економијата на еврозоната ќе расте побавно од очекуваното во втората половина на годината поради неповолното влијание на судирите во Украина и другите делови на светот врз довербата на компаниите, предупреди во понеделникот германската централна банка.

dobivaj vesti na viber

 

 

„По стагнацијата во второто тромесечје, еврозоната повторно ќе бележи позитивни стапки на раст, иако не онакви какви што прогнозираа пролетоска многу аналитичари“, предупреди Bundesbank во редовниот извештај во август.

 

„Се чини дека геополитичките напнатости во источна Европа поради судирите во Украина и во останатите делови на светот, посилно го притискаат расположението на компаниите“, се додава во извештајот.

 

Меѓу факторите кои особено ги загрижуваат компаниите Bundesbank ги издвои европските санкциикон Русија и рускиот одговор. Сепак се наведува дека трговското ограничувања директно ќе погодат само дел од извозот на Европската унија.

 

Позначително подобрување Bundesbank не очекува ниту во втората половина од годината, за што сигнализираат придушените економски прогнози.

 

„Сегашните показатели ја доведуваат под знак на прашање претпоставката на која се темелат пролетните прогнози, имено темелните цикличен тренд дополнително ќе зајакне во втората половина од годината“, се додава во извештајот на Bundesbank.

 

„Притоа треба да се земе в предвид дека расположението се спушти од високо ниво, што заедно со фактот дека трендот на домашната побарувачка во основа е нагорен наведува на претпсотавката дека нема да дојде до промена на насоката на економските активности“, напоменуваат од Bundesbank. /крај/

Економија

Светските берзи паднаа поради заканата на Трамп за ЕУ

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите паднаа минатата недела бидејќи инвеститорите беа загрижени за намалувањето на кредитниот рејтинг на САД, а на пазарите негативно влијаеа и новите закани на Вашингтон за зголемување на царините за увозот од Европската унија.

dobivaj vesti na viber

На Волстрит минатата недела, Dow Jones се лизна за 2,5 отсто, на 41.603 поени, додека S&P 500 падна за 2,6 отсто, на 5.802 поени, а индексот Nasdaq 2,5 отсто, на 18.737 поени.

Од самиот почеток на неделата индексите беа во минус бидејќи агенцијата Мудис го намали кредитниот рејтинг на САД од Ааа на Аа1 поради големиот дефицит на федералниот буџет, високите финансиски трошоци и планираните даночни намалувања.

Јавниот долг на САД е околу 36.200 милијарди долари, а може да се зголеми за уште 3.800 милијарди во следните десет години бидејќи претседателот на САД Доналд Трамп има намера да ги намали даноците. Поради ова, приносите на државните обврзници значително се зголемија, што значи дека владата мора да се задолжува по повисока цена.

Намалувањето на даноците веројатно би ја стимулирало потрошувачката и би го поддржало економскиот раст, но од друга страна, јавниот долг би се зголемил доколку не се намалат државните трошоци. И намалувањето на федералните трошоци, што е еден од приоритетите на Трамп, не оди толку глатко како што најави претседателот. Освен тоа, се чини дека проектот не е доволно добро подготвен.

Сепак, на крајот на неделата, приносите на обврзниците донекаде се стабилизираа, откако Претставничкиот дом на Конгресот тесно го поддржа предлог-законот на Трамп за даночни намалувања, па се уште се чека поддршката од Сенатот.

Но, во петокот, Трамп повторно ги потресе пазарите заканувајќи ѝ се на Европската унија со царини од 50 отсто од 1 јуни, бидејќи не е задоволен од тоа како напредуваат трговските разговори меѓу САД и ЕУ.

И на повеќето европски берзи цените на акциите паднаа минатата недела. Додуша, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,4 отсто, на 8.717 поени, но франкфуртски DAX се лизна за 0,6 отсто, на 23.629 поени, а париски CAC 1,9 отсто, на 7.734 поени.

Прикажи повеќе...

Економија

Макрон: Албанија за 2 години ќе биде во ЕУ, дојдете и инвестирајте

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон од Тирана упати силна порака до странските инвеститори, повикувајќи ги да дојдат и да вложуваат во Албанија, за која изрази убеденост дека „за две години ќе биде дел од Европската унија“.

dobivaj vesti na viber

Изјавата беше дадена на економскиот форум „Приоритет Европа“, организиран од Институтот „Иницијатива за идни инвестиции“ на Ричард Атијас, кој има за цел да ги поврзе европските лидери и иноватори со големи инвестициски фондови од Блискиот Исток, Азија и САД.

„Албанија е влезна точка за регионот на Балканот и медитеранскиот басен. Европа е стабилно и доверливо место. Во овој луд свет, да не ја потценуваме силата на таквите квалитети“, порача Макрон.

Тој додаде дека премиерот Еди Рама има јасен мандат и посветеност Албанија да ја внесе во ЕУ до 2027 година, а според Макрон, тоа би можело да се случи дури и порано – за две години.

Премиерот Рама, пак, изјави дека неговата земја ги започна преговорите со Европската Унија во 2022 година и дека ако ги завршат сите задачи добро, ќе може да ги затворат преговорите до 2027 година. Ова според Рама би било навистина неверојатно.

Прикажи повеќе...

Свет

Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Објавено пред

Од

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.

dobivaj vesti na viber

„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.

„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.

Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.

„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.

„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.

Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.

Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

Фон дер Лајен: Путин мора да седне на преговарачка маса, Европа ќе ја одигра својата улога

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес разговараше телефонски со украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд...

Топ9 часа

21-годишно момче загина а две лица се тешко повредени во сообраќајка кај Градско

Денеска (28.08.2025) околу 00:10 часот во СВР Велес, е пријавено дека на локалниот пат с.Горно Чичево-с.Долно Чичево, општина Градско, патничко...

Топ9 часа

Битолчанец се удавил во водите на Охридското езеро

Вчера во 12.55 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро бил пронајден починат В.Т.(49) од...

Македонија10 часа

Мицкоски до Филипче: Време е да бидат конструктивна опозиција, растот на нето-платата сега е двојно поголем во однос на периодот на Владата на СДСМ

„Добро е да се направи споредба меѓу параметрите што ги прават СДСМ и ДУИ кога тие беа во Владата седум...

Македонија10 часа

Османи: Албанците никогаш нема да прифатат некој друг да одлучува во нивно име

Кандидатот за градоначалник на Чаир од редовите на ДУИ, Бујар Османи, реагираше на последните изјави на премиерот Мицкоски, кој најави...

Македонија12 часа

Арсовска: „Такво време дојде, ем да тепаат жени, ем да глумат жртви дека се тепани“

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со објава на социјалните мрежи пред утрешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје, на...

Македонија14 часа

ДУИ: Од Балансер до Бадeнтер, план за рушење на уставниот поредок

Северна Македонија никогаш немала влада- по настроена против Охридскиот договор, против европската иднина и европската интеграција и повеќе од рамнодушна...

Свет14 часа

Сијарто: Европските политичари се најжестоките противници на мирот во Украина

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека европските политичари во моментов се „најжестоките противници на мирот во Украина“,...

Топ15 часа

Го удирале со боксови по целото тело и глава: преку психијатриско вештачење ќе се утврди дали тројцата осомничени свесно го извршиле убиството во Кавадарци

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека како...

Македонија16 часа

На ГП Меџитлија откриени над 300 шишиња со хемиски препарати за прскање: спречен обид за криумчарење

Царинските службеници на граничниот премин Меџитлија спречија обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија. Во раните...

Свет16 часа

(Видео) Напаѓачот од САД се претставувал како жена: оставил морничави пораки

Напаѓачот во училиштето во Минеаполис, кој уби две деца и рани најмалку 17 други, е идентификуван додека полицијата истражува манифест...

Македонија1 ден

СДСМ ги објави имињата на уште 11 кандидати за градоначалници

Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ. Членовите донесоа одлука со која е дадена согласност за кандидатури за...

Македонија1 ден

Родителите од Демир Хисар револтирани: Законот ги принудува учениците на сместување во домови за да добијат превоз

Родители од Демир Хисар изразија незадоволство од измените на законот за средно образование и изразија загриженост за превозот на децата...

Македонија1 ден

(Видео) „Филипче со лаги за економијата во стилот на Заев – не знае чија е јахтата, ама знае дека ќе коалира со ДУИ“, вели Стојаноски

„Денешната прес-конференција на Венко Филипче е најдобар доказ дека СДС е изгубена во сопствените лаги и дека се обидува со...

Македонија1 ден

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година, и тоа по сите предмети, велат од МОН

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година и тоа по сите предмети согласно наставните планови во...

Топ1 ден

МВР со детали за пожарот кај „Зебра“: четири возила зафатени од огнот

Денеска, во 2.05 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на територијата на Центар, било опожарено патничко моторно...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт основните трошоци се зголемени за 4.300 денари, а минималната платата за 1.800 денари

ВМРО-ДПМНЕ за една година ја доведе државата во најголема економска несигурност што сме ја виделе досега, а граѓаните живеат сé...

Македонија2 дена

„Кандидатурата на Мециновиќ за Скопје е договор на партијата Левица да им помогне на СДС и ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Јасно е дека кандидатурата на Амар Мециновиќ е дил на Левица за помош на ДУИ и СДС, со математика Орце...

Топ2 дена

Убиство во Кавадарци, тројца уапсени

Денеска во 04:56 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на улицата „Никола Минчев“ во...

Македонија2 дена

Муцунски за „Политико“: Државата не е подготвена за уставните измени што ги бара Бугарија без цврсти гаранции од ЕУ дека тоа ќе биде последното такво барање

Во рамки на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, даде интервју за политичкиот...