Свет
ECB бара од грчките банки да не ги зголемуваат портфељите на државниот долг

Европската централна банка (ECB) побара од грчките банки во средата да не ги зголемуваат портфељите на грчкиот државен долг, вклучително и трезорските записи, изјави за Reuters неименуван извор, при што се оценува дека со тоа на владата во Атина би и’ го блокирал и последниот извор на финансирање од комерцијални извори.
„Како супервизори, Европската централна банка и грчката централна банка ги предупредуваат комерцијалните банки, поради претпазливост, да не ја зголемуваат изложеноста на грчкиот државен долг“, рекол соговорникот на агенцијата.
Издавањето на трезорските записи е единствениот преостанат извор на финансии за владата на премиерот Алексис Ципрас за време на преговорите со меѓународните доверители за измените на условите од меѓународната програма за финансиска помош на Грција. Пораката на ECB на грчките банки сугерира дека нејзините челници одлучиле да го блокираат овој извор.
Претседателот на ECB, Марио Драги, порача на почетокот од март дека оваа институција ќе продолжи да позајмува пари на грчките банки кога ќе се увери дека Атина ги спроведува обврските од меѓународната програма за штедење и дека е на добар пат да добие преодна оцена за тоа спроведување. Рече, исто така, дека ECB нема да го зголеми лимитот за издавање на краткорочниот долг, потсетувајќи дека европскиот договор забранува монетарно финансирање на националните влади.
Атина во февруари, инаку, побара да се зголеми договорениот лимит за издавање на краткорочниот долг од 15 милијарди евра, па најновиот потег на ECB би можел дополнително да ги затегне и онака веќе напнатите односи меѓу Грција и нејзините странски заемодавачи.
Од февруари ECB не го прифаќа грчкиот долг како колатерал за кредитите на комерцијалните банки, така што преостанува само финансирање преку програма за идни кредити за ликвидност (ELA), којашто, пак, носи поголеми камати, од 1,55 отсто во однос на 0,05 отсто, колку што изнесуваат во случај на редовно финансирање преку ECB.
Податоците покажуваат дека финансирањето на грчките банки од споменатиот извор во февруари скокнало за 12 пати во однос на јануари, на 65,64 милијарди евра, наведува Reuters. Притоа ECB, која инаку ја разгледува оваа програма на седмично ниви, во последно време започна да одобрува значително помало зголемување на неговиот вкупен износ, дополнително зголемувајќи го притисокот врз Грција. Атина, инаку, во април ќе мора да рефинансира 2,4 милијарди евра трезорски записи./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.
Економија
Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.
Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:
Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто
Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.
Економија
Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.
Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.
„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.
Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.