Свет
ЕУ даде зелено светло за унгарската нуклеарка Пакс

Европската унија официјално ги одобри плановите за снабдување со гориво на двата нуклеарни реактора во централата Пакс, кои Унгарија ќе започне да ги гради во 2018 година во партнерство со Русија, објави во вторникот владата во Будимпешта.
„Отстранети се сите пречки“ за спроведување на проектот во износ од 12,5 милијарди евра, изјави портпаролот на унгарската влада, Јанош Лазар. Одобрувањето од Европската унија за AFP го потврдил и еден европски извор од Брисел.
Унгарија и Русија во јануари 2014 година потпишаа договор за градење на двата нови реактора со моќност од 1.200 MW секој во единствената унгарска нуклеарна централа сместена крај градот Пакс, стотина километри јужно од главниот град Будимпешта. Четирите реактори од оваа централа во моментот произведуваат 40 отсто од унгарската потрошувачка на електрична енергија. Градењето на новите реактори би требало да започне во 2018-та, а првиот реактор во функција би требало да биде ставен во 2023 година.
Агенцијата на „Еуроатом“ за снабдување изминатите месеци не се согласуваше со планираниот увоз од горивото за идните реактори исклучиво од Русија. Но трите страни кон крајот на март постигнаа компромис за ограничувањето на снабдувањето од Русија на 10 наместо на 20 години, како што првично беше предвидено. Овој компромисен договор уште би требало да биде потврден.
Унгарската опозиција го критикуваше изостанувањето на целосна транспарентност во доделувањето на овој проект за кој тврди дека е направен без тендер, и е доделен на руската компанија „Росатом“. Одредбите од договорот за градење на реакторите ќе бидат имено државна тајна 30 години. Особено се смета за контроверзно финансирањето на проектот, за што е обезбеден руски кредит од 10 милијарди евра./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.
Економија
Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.
Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:
Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто
Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.
Економија
Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.
Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.
„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.
Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.