Свет
Euractiv: Еврозоната е „проблем“ за светската економија

Еврозоната се мачи да се ревитализира и би можела да влезе во рецесија во следните две години, што би го забавило опоравувањето на глобалната економија, смета француската економска опсерваторија OFCE, пишува Euractiv.
Директорот при одделот на OFCE за анализа и прогнози, Ксавиер Тимбо, ги презентирал економските предвидувања за следната година, нагласувајќи дека „еврозоната е проблем за глобалната економија“.
Според Тимбо, еврозоната во моментот делува како кочница за светската економија и ќе предивика „фаза на ниска инфлација во одредени земји“, доведувајќи до рецесија за две години. Француските експерти велат дека промената ќе биде бавна, но дека нема да може да се избегне.
Германија, која е основата на еврозоната, се очекува да забележи ограничен економски раст од 1,5 проценти во 2015-та година. Прогнозата за Италија, пак, е разочарувачка, бидејќи се очекува земјата да влезе во рецесија. Шпанија, каде невработеноста останува на високи 25 проценти, е единствената економија од еврозоната каде се очекува раст од 2,1 процент за 2015-та година.
По периодот на ревитализацијата во 2011-та година, опоравувањето на еврозоната се одвива бавно, а според Тимбо, ова се должи на буџетските одлуки на земјите-членки, како и на „зацврстувањето на монетарните услови во 2013-та и 2014-та година“. Дури и ако се оствари благо олабавување на економските ограничувања, ефектите од мерките за штедење од 2012-та и 2013-та година продолжуваат да и тежат на економијата.
Според OFCE, прогнозите за 2015 година се дека еврозоната ќе има раст од 1,3 проценти. Експертите на OFCE, пак, се скептични околу инвестицискиот план на новиот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер. Според Тимбо, „инвестицискиот план на Јункер ќе биде формиран од постоечките мерки, но нема да содржи ништо ново“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.
Економија
Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.
Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:
Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто
Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.
Економија
Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.
Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.
„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.
Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.