Свет
Еврогрупата и’ порача на Грција да најде убедлив излез од програмата за помош

Челникот на Еврогрупата, (министрите за финансии на земјите од еврозоната), Јоарен Дијсеблом ја предупреди Грција дека треба да пронајде убедлив пат за излегување од меѓународната програма за помош, имајќи предвид дека владата во Атина посакува предвремено излегување од надзорот на меѓународните доверители.
Доколку го оствари тоа, Грција по Ирска и Португалија ќе биде третата земја од еврозоната којашто излегла од меѓународната програма за помош.
Атина досега од 2010 година доби 240 милијарди евра во рамките на помошта од ткн „тројка“ – Европската комисија, Европската централна банка (ECB) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Меѓутоа, тие средства беа одобрени со строги услови кои доведоа до непопуларните зголемувања на даноците, намалување на платите и пензиите, како и ревизија на програмите за социјална и здравствена помош. Во меѓувреме невработеноста во Грција надмина 26 отсто.
Атина постигна значителен напредок во текот на летото, меѓутоа уште многу значајна работа треба да направи, изјави Челникот на Еврогрупата, Јоарен Дијсеблом во понеделникот по состанокот на министрите за финансии во Луксембург.
„Ситуацијата во Грција е многу чувствителна. Тоа е така зашто многу структурни реформи мора да бидат спроведени за да се подобри економскиот раст и инвестициската клима“, изјави европскиот комесар за економија, Јирки Катаинен.
Програмата на ММФ за помош на Грција би требало да трае најмалку до првата половина на 2016 година, додека европскиот дел од програмата за помош би требало да заврши до крајот на 2014 година.
„Не го добивме официјалното мислење од грчката влада за тоа како тие ја гледаат ситуацијата по 1-ви јануари (2015-та). Постои цврст консензус околу фактот дека тоа би требало да биде одржлив излез, а мора да биде уверлив за сите надворешни партнери“, рече Дијсеблом.
Челникот на Еврогрупата не ја исклучи притоа можноста од превентивна кредитна линија, којашто би се вовела за Грција откако ќе излезе од програмата за помош, за да примират инвеститорите.
„Пред крајот на годинава ќе направат нови пресметки за одржливоста на долгот, за да се види кои се финансиските потреби на грчката влада, а по тоа ќе можеме да видиме што е неопходно“, додаде Дијслеблом.
Портпаролката на грчката влада Софија Вултепси за приватната телевизија ANT 1 изјави дека излегувањето од меѓународната програма за помош ќе протече без пореметувања на државните финансии и без нови долгови и кусоци. „Ќе продолжиме со нашата сопствена програма, која нема да биде под строгиот надзор каков што го имавме досега“, изјави по состанокот на грчкиот министер за финансии Гикас Хардувелис и челничката на ММФ, Кристине Лагард во Вашингтон изминатиов викенд.
Меѓународните кредитори во првата половина на ноември повторно ќе пристигнат во Атина за да ја продолжат петтата по ред процена на состојбата на напредокот во спроведувањето на она што е договорено во рамките на програмата за помош на Грција. Атина се надева дека тоа ќе биде последната оцена за напредокот на грчката програма за реформите, а премиерот Антонис Самарас е истраен во тврдењата дека неговата земја е подготвена за порано излегување од таа програма.
„Нема да ни биде потребна нова програма на спасоносните заеми, односно задолжителното кредитирање“, изјави Самарас пред пратениците минатата седница пред гласањето за доверба на неговиот кабинет. Притоа рече дека цел на владата е да излезе од програмата на меѓународните кредитори година ипол порано откако што се очекуваше.
Фокусот на сегашниот круг од преговорите за заштедите со заемодавачите беше ставен грчкиот предлог на буџетот за 2015 година и настојувањата на владата да го намали прекумерниот државен сектор, каки да ги продолжи мерките за реструктуирање на пензискиот систем./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.
Економија
Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.
Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:
Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто
Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.
Економија
Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.
Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.
„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.
Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.