Контакт

Свет

Европратениците сакат да го разбијат монополот на Google

Објавено пред

Европарламентарниците со големо мнозинство во четвртокот го прифатија барањето поради борбата против монополите да се разбие Google, што претставува нов тежок удар за најпознатиот интернет пребарувач.

dobivaj vesti na viber

Европските законодавци се занимаваат со Google од 1010 година, а необврзувачката резолуција на Европскиот парламент досега е најсилниот знак на европската загриженоста поради сé поголемото влијание на американските технолошки гиганти на Стариот континент. Резолуцијата е усвоена со 384 гласови „за“ и 174 „против“.

Германскиот конзервативен пратеник и еден од иницијаторите на резолуцијата Андреас Шваб изјави дека тоа претставува политички сигнал за Европската комисија којашто е задолжена на компаниите да им обезбедува рамноправност во 28-члената Европска унија. „Монополите, во кој и да е облик, никогаш не биле полезни, ниту за потрошувачите, ниту за компаниите“, изјави Шваб и додаде дека нема ништо против Google и дека со него редовно се користи. „Јас секој ден сум на Google“, рече

Од Google не ја коментираа европската резолуција од четвртокот, а европската комесарка за конкурентност Маргет Вестрагер изјави дека ќе го разгледа овој случај.

Франција и Германија во четвртокот побараа ревизија на прописите на Европската унија за пазарното натпреварување, за да може успешно да бидат казнувани глобалните интернет компании./крај/мф/сн

Извор: AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Во Сирија се случува масакр, над 1.000 лица се убиени за 48 часа

Објавено пред

Повеќе од 1.000 луѓе, меѓу кои 745 цивили, се убиени во дводневните судири меѓу сириските безбедносни сили и борците лојални на соборениот режим на Башар ал Асад, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

dobivaj vesti na viber

Според оваа британска организација, во борбите загинале 125 припадници на безбедносните сили и 148 лица лојални на Асад, додека различни проценки укажуваат дека бројот на жртвите може да биде поголем.

Се споменува дека во петокот и саботата биле извршени околу 30 масакри врз алавитите, верската малцинска заедница од која потекнува Асад.

Судирите избија во четвртокот кога борците лојални на соборениот режим на Асад ги нападнаа безбедносните сили во Џаблех, град во крајбрежната провинција Латакија.

Оваа широко координирана офанзива беше најголемиот предизвик за новите сириски власти, кои дојдоа на власт пред три месеци кога опозицијата, предводена од исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам, го собори Асад.

За да го задуши бунтот, сириската влада повика засилување, предизвикувајќи илјадници борци да пристигнат на брегот од сите делови на земјата. Иако официјално е под контрола на новата влада, многу милиции останаа недисциплинирани и обвинети за злосторства во минатото.

Сириската влада призна дека се случиле масовни убиства, но тврди дека „индивидуалните акции“ предизвикале смрт на цивили и дека доаѓањето на голем број борци во крајбрежниот регион довело до кршење на човековите права.

Според Сириската мрежа за човекови права, повеќе од 40 луѓе биле убиени одеднаш во градот Ал Мухтарија, додека на снимката се гледа како борци во безбедносни униформи убиваат луѓе од непосредна близина, принудувајќи ги затворениците да лаат како кучиња и брутално да ги тепаат. Автентичноста на снимката не е независно потврдена.

Латакија, регион со големо население алавити, сектата од која дојде соборениот претседател Асад, стана сцена на убиства од одмазда. Иако повеќето алавити не беа поврзани со режимот на Асад, новата влада вети дека нема да има репресалии против оваа малцинска заедница.

Но, убиствата на стотици алавити во последните денови предизвикаа бран страв меѓу членовите на религиозната група. Жител на градот Снобар во Латакија опиша како вооружени напаѓачи убиле најмалку 14 негови соседи од семејството Арис, меѓу кои и 75-годишен татко и неговите три сина, егзекутирани пред очите на нивната мајка.

„Откако ги убиле таткото и синовите, ѝ рекле на мајката да го извади златото или ќе ја убијат и неа“, рекол мажот кој побарал анонимност од безбедносни причини.

Друг жител на Латакија рече дека нема струја и вода повеќе од 24 часа и дека луѓето се плашат да ги напуштат своите домови поради милитантите кои ги убиваат сите на патот.

„Тела се расфрлани по улиците. Ова е колективна казна“, вели тој.

Претставникот на ОН за Сирија Геир Педерсен повика на заштита на цивилите, додека Франција го осуди насилството врз цивилите „поради нивната религија“.

Француското Министерство за надворешни работи ги повика сириските власти да обезбедат независна истрага за масакрите и да ги казнат одговорните.

Групите за човекови права предупредија дека вистинската посветеност на транзициската правда и инклузивната влада е клучна за да се спречи Сирија да се врати во насилство.

Новата сириска влада се очекува овој месец да го објави составот на новиот кабинет, кој ќе биде внимателно проверен за да се утврди дали ја одразува верската и етничката разновидност на земјата, особено по овој бран насилство.

Сирискиот лидер Ахмед ал-Шара повика на мир и национално единство по повеќедневните судири меѓу безбедносните сили и лојалистите на поранешната влада во кои загинаа повеќе од 1.000 луѓе, повеќето од нив цивили.

„Мораме да го зачуваме националното единство и граѓанскиот мир колку што е можно повеќе и, ако даде Бог, ќе можеме да живееме заедно во оваа земја“, рече Шара во говор одржан од џамија во Дамаск.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Хаос во Цирих, полицијата користеше гумени кушруми и созавец врз демонстрантите

Објавено пред

Оваа сабота, на Меѓународниот ден на жената, 8-ми март, во Цирих беше најавена неовластена демонстрација на левичарските екстремисти за правата на жените, која се одржа и на крајот настана целосен хаос!

dobivaj vesti na viber

Расположението на собирниот плоштад првично беше мирно, но полицијата постави блокади на патиштата. Полицијата беше вооружена со штитови и пушки и најави дека ова е неовластена демонстрација која ќе ја толерира се додека е мирна.

Сепак, набрзо избувна хаос. Полицијата употреби солзавец против демонстрантите и ги турна назад со палки, а некои од демонстрантите мораа да побараат лекарска помош.

 

Еден демонстрант претрпел оштетување на слухот.

За време на демонстрациите во Цирих имаше и материјална штета, при што некои згради беа обоени во црвено и фрлани јајца.

Според еден од присутните, полицијата го започнала насилството: „Полицијата едноставно ги нападна демонстрантите со гумени куршуми, палки и пепер спреј“.

Еден полицаец паднал на земја, но не е повреден.

Прикажи повеќе...

Економија

Турција ѝ нуди помош на Европа, 10 милијарди кубни метри гас годишно преку балканскиот гасовод

Објавено пред

Турскиот министер за енергетика, Алпарслан Бајрактар, изјави дека Турција е подготвена да и испорачува на Европа до 10 милијарди кубни метри природен гас годишно преку балканскиот гасовод, но само доколку европските земји покажат политичка волја и вложат во потребните инфраструктурни врски.

dobivaj vesti na viber

„Турција е подготвена да придонесе повеќе за енергетската безбедност на Европа. Доколку Европа покаже политичка волја и посветеност, и се направат дополнителни инвестиции во меѓусебните врски, ќе можеме да извезуваме до 10 милијарди кубни метри гас годишно во Централна и Источна Европа преку балканскиот гасовод“, истакна Бајрактар во интервју за јапонското економско издание „Никеи“.

Изјавата на турскиот министер доаѓа по прекинот на транзитот на рускиот гас преку Украина, кој беше значаен дел од снабдувањето на Европа.

Транзитниот договор меѓу Русија и Украина истече на 1 јануари годинава, а Киев одби да преговара за продолжување на договорот поради тековната воена агресија на Русија врз Украина. Ова предизвика сериозни прашања за идното снабдување со природен гас во Европа и можноста Турција да стане клучен играч во енергетската стабилност на регионот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Само 12 лиценци за кабареа биле издадени лани, Мицкоски вели – сите што работат на диво ќе бидат затворени

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека минатата година биле издадени смо 12 лиценци за кабареа, а може а се заклучи колку...

Македонија18 минути

Петнаесетмина експерти за изгореници од странство се стигнати во земјава, ќе ги лекуваат 84-те пациенти од пожарот кои се во македонските болници

Некои од лекарите специјалисти за лекување изгореници, кои најавија дека ќе дојдат за да помогнат во лекувањето на повредените од...

Македонија49 минути

Папазов бил должен да знае дека фирмата немала лиценца и не исполнува услови за таа дејност, министерството за економија не издало лиценца, велат од ДУИ

Катастрофалната трагедија во Кочани, во која загинаа голем број наши сограѓани, покрена многу прашања за безбедноста, контролата и функционирањето на...

Македонија1 час

Тошковски: Пиротехничките средства ги донел бендот ДНК, концертот бил одржан на диво

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одржа прес конференција и рече од извршен разговор со член на групата на...

Македонија2 часа

Градоначалникот на Кочани поднесе оставка

„Во овие најтешки мигови за нашата земја и за мене лично, сакам да соопштам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата...

Македонија2 часа

Поради можни вдишувачки изгореници, на лекар да се јават и оние кои се чувствуваат добро, а биле во дискотеката, апелираа Таравари и Клековски

Сите пациенти се во релативно стабилна состојба, испратените на лекување во странство се сместени во болниците и состојбата е под...

Регион3 часа

„Повредите им се тешки, изгорениците покриваат и до 28% од кожата“: се огласија лекарите од Ургентниот центар во Белград

Најмалку 59 лица загинаа во пожар што избувна ноќта меѓу саботата и неделата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Најмладата жртва...

Македонија4 часа

ЈОРМ: Пребарување на серверите и на уште еден компјутер во Министерството за економија, наредено е графолошко вештачење на потписи на одредена документација

Обвинителскиот тим кој работи на истрагата за утврдување на причините за катастрофата во Кочани од утрово е проширен и во...

Македонија5 часа

(Фото) Знамињата пред Собрание на половина копје, денови на жалост во Македонија

Поради тргагедијата во Кочани, Владата на РСМ прогласи седумдневна жалост на територија на целата држава. „На вонредната владина седница по...

Македонија6 часа

Фудбалерот Лазаров не е единствениот, уште двајца спортисти загинаа во страотниот пожар во Кочани

Страшниот пожар што избувна во дискотеката во Кочани, го одзеде животот на повеќе од еден спортист. Покрај фудбалерот Андреј Лазаров,...

Регион6 часа

(Видео) Осум од повредените во Кочани се во „Пирогов“ во Софија, три се деца, сите се во тешка состојба

Осум од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се во тешка состојба во Софија во болницата „Пирогов“. Од...

Регион7 часа

(Видео) Тројца пациенти од Кочани се примени во болница во Варна

Тројца повредени во пожарот во Кочани вчера се примени на Клиниката за изгореници при ВМА-Варна, јави Бгнес. Тие беа пренесени...

Регион7 часа

(Видео) Авион на српската армија со 12 повредени во пожарот во Кочани пристигна во Белград

Дванаесет пациенти повредени во пожарот во дискотека во Кочани вчера вечер се пренесени од Македонија во Белград со авион CASA...

Македонија14 часа

Пациентите кои се префрлени во странство се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега

Министерството за здравство информира дека од раните утрински часови во Клиничкиот центар функционира кризниот штаб, во тесна координација со Министерството...

Македонија15 часа

Обвинителството поведува постапка за проверка на 11 лица, за осум веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор

Обвинителството до овој момент поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица. Од нив предлог за краткотраен притвор е веќе...

Македонија17 часа

Дискотеката во Кочани имала само два противпожарни апарати, немала хидрантска мрежа, имала само една импровизирана врата и таа била затворена: Обвинителството регистрирало бројни неправилности

Вечерва државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, обзнани дека по извршениот увид во дискотеката во Кочани, биле забележани многу неправилности. Тој...

Македонија18 часа

Ексминистерот за економија, Бектеши, повикан на распит во полиција

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши е повикан на информативен разговор во полиција. Во моментов се наоѓа во ПС Карпош....

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски не дава оставка: Прво ќе ги поразам сите овие кои го доведоа овој систем да биде корумпиран, а потоа ќе излеземе на избори

Премиерот Христијан Мицкоски на вонредна прес-конференција кажа дека дискотеката имала фалсификувана лиценца издадена на 13 март 2024 година, потпишана од...

Македонија19 часа

Животите на млади луѓе за миг згаснаа заради самоволие, импровизација и манипулација, ниту еден одговорен не смее да избегне казна, порача претседателката Сиљановска-Давкова

Со солзи во очите и растреперен глас вечерва на македонските граѓани се обрати претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за пожарот во Кочани...

Македонија21 час

„Голем човек, големо срце, голема загуба“, „Секогаш ќе те памтам по твојата насмевка и блесава смисла за хумор“, колегите се простуваат од Андреј „ДНК“

Колегите на Андреј од „ДНК“ со емотивни пораки се простуваат од музичарот. „Голем човек, големо срце, голема загуба. Почивај во...