Свет
Финска не е подготвена да за отпис на долговите на Грција

Финска не е подготвен да го олесни должничкиот товар на Грција и да ѝ прости дел од нејзиниот долг кон меѓународните кредитори, изјави за локалната телевизија финскиот премиер Јуха Сипилја.
„Одлуката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) да не ѝ се нуди нова програма за помош додека не постигне договор со Европската унија, не го менува ставот на Финска“, рече Сипилја. Според него, бришење на кој и да е дел од износот на грчкиот долг не е на дневен ред.
„Ниедна земја од еврозоната не е подготвена за тоа. Тоа беше ставот кој сите земји го искажаа на самитот. Тогаш стана јасно дека таа позиција (бришење на дел од долгот) никој не ја поддржува“, додаде финскиот премиер.
Прецизираше дека преговорите за третиот пакет меѓународна финансиска помош за Грција штотуку започнаа и претстои цел месец во кој „неопходно е да се најде решение“.
Претходно Финска присуството на ММФ меѓу кредиторите го истакнуваше како услов за нејзиното учество во третиот пакет помош за Грција и се спротивстави на отпишување на грчките долгови. ММФ седмица објави дека на Грција нема да ѝ биде понуден нова програма за финансиска помош, доколку Атина не постигне договор со Европската унија.
Според претставниците на ММФ, за разговорите за новата програма меѓу Грција и европските кредитори „ќе биде потребно уште извесно време“. „Европејците, исто така, треба да разговараат за реструктуирањето на грчкиот долг. ММФ нема да учествува во програмата, доколку тие два услова не бидат исполнети“, истакнаа од ММФ очекувајќи дека тоа „нема да се случи порано од неколку месеци“.
Во вторникот во Грција започна со работата мисијата на меѓународните кредитори, кои настојуваат својата проверка на грчките финансии со грчката централна банка и министерството за финансии да ја завршат уште овој викенд за да се избегне одложувањето на потпишување планирано за 20-ти август на новиот тригодишен кредитен договор во размер до 86 милијарди евра.
Во периодот октомври–ноември, мисијата на „квартетот“ (Европската унија, Европската централна банка, Европскиот механизам за стабилизација и Меѓународниот монетарен фонд) треба да ја направат својата прва процена за спроведувањето на програмата, по што кредиторите ветуваат дека ќе ги започнат преговорите за реструктуирање на грчкиот долг, со проширување на рокот за доспевање на кредитите и пониските каматни стапки
Втората кредитна програма од ЕУ и ЕЦБ истече кон крајот на јуни годинава, додека програмата на ММФ продолжува до март 2016 година, но и потоа исплатата на Атина по каматите на заемот ќе остане на сила. Покрај тоа, преговорите меѓу Грција и кредиторите се усложнија поради настојувањето на ММФ да се откаже од својата стара програма, според која на Атина треба да ѝ префрли уште 16,5 милијарди евра и да започне нова програма./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.
Економија
Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.
Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:
Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто
Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.
Економија
Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.
Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.
„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.
Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.