Свет
Фолксваген ќе укинува повеќе од 30 илјади работни позиции
Раководството на германскиот автомобилски производител Фолксваген веќе го договорило затворањето на повеќе од 30 илјади работни места во нивните фабрики ширум светот.
Најголемиот дел од преструктрурањето ќе се случи во Германија, каде ќе има промена на околу 23 илјади работни места , но ќе бидат задржани сите производни погони. Од фирмата велат дека нема да има отпуштања на работници и дека редукцијата на работни места ќе се одвива преку различни модели, меѓу другото и скратено работно време за постарите работници.
Ова се должи на премалата заработувачка од производство на автомобилите, како и скандалот со манипулираниот софтвер за издувни гасови кој дополнително ја влоши состојбата. Иако продава најмногу автомобили во светот, Фолксваген сепак мора да се задоволи со добивка од само 4,5 проценти по возило.
Фолксваген во своите фабрики ширум светот вработува околу 624 илјади луѓе, од кои 282 илјади во Германија. Производителот планира до 2020-та година да ги намали трошоците на 3,7 милијарди евра годишно./крај/мф/вв
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Градоначалникот на Чилпасинго убиен шест дена по преземањето на функцијата во Мексико
Алехандро Аркос, градоначалникот на Чилпансинго, главниот град на мексиканската држава Гереро, е убиен во неделата, помалку од една недела по преземањето на функцијата, потврди гувернерот на државата.
Аркос е убиен само шест дена откако станал градоначалник на Чилпанцинго во југозападно Мексико, град со околу 280.000 жители, пренесува Ројтерс.
„Поради неговото убиство, целата заедница на државата Гереро тагува и не исполнува со гнев“, рече гувернерката на таа држава Евелин Салгадо во изјавата споделена на социјалните мрежи.
Свет
Западноафриканските земји најавуваат подобра жетва, но какаото и чоколадото нема да поевтинат
Клучните производители на какао во Западна Африка, Гана и Брегот на Слоновата Коска најавуваат дека бербата на плодовите од какаото ќе биде поуспешна од претходните сезони, но дека е извесно дека тоа нема да ја намали цената на чоколадото на светските берзи.
Временските услови се подобри, а локалните производители добија пестициди за контрола на какао болестите и очекуваат приносите да бидат значително повисоки од минатата година, пренесува Блумберг.
Бербата започнува веќе во октомври.
Свет
Тони Блер: Бомбардирањето на НАТО беше правилно, стојам со народот на Косово
Поранешниот премиер на Велика Британија, Тони Блер, во Приштина истакна дека „интервенцијата на НАТО пред 25 години била вистинската работа“ и дека „застанува со граѓаните на Косово“.
„Да се биде овде, буди длабоки емоции. Му честитам на народот на Косово за храброста и непоколебливата решителност да ја искористат за ослободување на земјата. Тогаш се уверив дека тоа е вистинската работа и денеска стојам со народот на Косово со убедување“, рече Блер на заедничката конференција со претседатката на Косово, Вјоса Османи.
Блер додаде дека очекува Косово во иднина да стане дел од Европската Унија.
„Овде се случуваат многу позитивни работи, кои се добри за целиот свет. Едвај го чекам денот кога Косово ќе го заземе своето место во европското семејство“, изјави Блер.