Свет
Грција: Остар пад на даночните приходи и депозитите во банките

Грчките даночни приходи падна во јануари за 23 отсто во однос на планираните, бидејќи граѓаните не ги плаќаат обврските во надеж дека владата под водство на Сириза ќе го одржи ветувањето за укинување на некои даноци, како оној за имот.
Според податоците на грчкото министерство за финансии, во јануари даночните приходи изнесуваше 3,5 милијарди евра, или околу една милијарда помалку во однос на буџетскиот план, што е лоша вест за владата која нема намера да ја продолжи програмата за меѓународна помош на ЕУ и ММФ во вредност од 240 милијарди евра, која истекнува кон крајот на месецот.
Без програмата, на Атина би можело да и недостасуваат средства за исплата на обврските кои доспеваат во следните месеци, но радикалната левичарска партија Сириза победи на 25 јануари на парламентарните избори врз основа на ветувањето дека нема да ја продолжи програмата која на Грција и наметна строги мерки на штедење. Поради тоа преговара со партнерите во еврозоната за можно поинакво решение и да одложи одделни реформи.
По узбуната во медиуите поради падот на јануарските даночни приходи, владата порача дека е уверена дека ќе ги прибере даноците.
„Постечките даночни обврски кои се одложени веруваме дека ќе успееме да ги прибереме во следните месеци“, рече заменик минисерот за финансии Димитрис Мардас.
Добра вест за Атина стигна од лондонската аналитичка компанија CrossBorder Capital, според која одливот на пари од Грција е многу помал од што се плашеа многумина.
Според податоците, од минатиот месец од Грција се одлеале 177 милиони долари, додека во декември изнесуваше 166 милиони, а во ноември 149. Тоа е значително помалку во споредба со 2,4 милијарди долари колку што изнесуваше во август минатата година.
„Податоците за јануари покажуваат дека Грција е постабилна од стравувањата на многумина“, соопшти CrossBorder Capital.
Сепак, ова не ги намалува проблемите на локалниот финансиски систем, бидејќи, според податоците на грчката централна банка, во декември изнозот на депозити на компаниите и домаќинствата во банките е намален за 4 милијарди евра. Банкарите проценуваат дека од банките во јануари биле повлечени дополнителни 12 милијарди евра, како и дека вкупните депозити во грчките банки паднале под 150 милијарди евра.
Банкарите велат дека тоа е последица на стравувањата на граѓаните од последиците од евентуално излегување на Грција од еврозоната, поради што грчките банки би можеле да се најдат во големи проблеми. Поради одливот на пари на грчките банки со итни кредити им помага ЕЦБ.
„Да биде јасно, парите излегле од грчките банки, но не излегле од грчката економија. Граѓаните ги повлекле парите од грчките банки, но не ги изнеле од државата, туку ги држат под душек или ги депонириаат во подружниците на странските банки“, велат експертите. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.
Економија
Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.
Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:
Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто
Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.
Економија
Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.
Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.
„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.
Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.