Контакт

Свет

Хрватска остварила пад од 0,8 отсто во вториот квартал

Објавено пред

Хрватската економија падна во вториот квартал за 0,8 отсто на годишно ниво, веќе 11-то тромесечје по ред, јави агенцијата Хина, додавајќи дека падот е поголем во споредба со првиот квартал и е поголем од очекуваното.

dobivaj vesti na viber

 

 

Хрватскиот завод за статистика во петокот ја објави првичната проценка спроед која бруто домашниот производ(БДП) во вториот квартал паднал 0,8 отсто во однос на истиот период лани. Ова е 11-то тромесечје по ред во кое хрватската економија слабее.

 

Во првото тромечје од годината во Хрватска беше забележан пад од 0,4 отсто.

 

Економските аналитичари кои учествуваа во анкетата на Хина во просек предвидуваа пад од 0,6 отсто.

 

Според расходната метода, најголем придонес за падот имаат намалувањето на брутоинвестициите во фиксен капитал, додека поголем пад спречил зголемениот извоз.

 

Според производната метода, најголем пад има во градежниот сектор, а раст во преработувачката индустрија./крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Градоначалникот на Чилпасинго убиен шест дена по преземањето на функцијата во Мексико

Објавено пред

Алехандро Аркос, градоначалникот на Чилпансинго, главниот град на мексиканската држава Гереро, е убиен во неделата, помалку од една недела по преземањето на функцијата, потврди гувернерот на државата.

dobivaj vesti na viber

Аркос е убиен само шест дена откако станал градоначалник на Чилпанцинго во југозападно Мексико, град со околу 280.000 жители, пренесува Ројтерс.

„Поради неговото убиство, целата заедница на државата Гереро тагува и не исполнува со гнев“, рече гувернерката на таа држава Евелин Салгадо во изјавата споделена на социјалните мрежи.

Прикажи повеќе...

Свет

Западноафриканските земји најавуваат подобра жетва, но какаото и чоколадото нема да поевтинат

Објавено пред

Клучните производители на какао во Западна Африка, Гана и Брегот на Слоновата Коска најавуваат дека бербата на плодовите од какаото ќе биде поуспешна од претходните сезони, но дека е извесно дека тоа нема да ја намали цената на чоколадото на светските берзи.

dobivaj vesti na viber

Временските услови се подобри, а локалните производители добија пестициди за контрола на какао болестите и очекуваат приносите да бидат значително повисоки од минатата година, пренесува Блумберг.

Бербата започнува веќе во октомври.

Прикажи повеќе...

Свет

Тони Блер: Бомбардирањето на НАТО беше правилно, стојам со народот на Косово

Објавено пред

Поранешниот премиер на Велика Британија, Тони Блер, во Приштина истакна дека „интервенцијата на НАТО пред 25 години била вистинската работа“ и дека „застанува со граѓаните на Косово“.

dobivaj vesti na viber

„Да се ​​биде овде, буди длабоки емоции. Му честитам на народот на Косово за храброста и непоколебливата решителност да ја искористат за ослободување на земјата. Тогаш се уверив дека тоа е вистинската работа и денеска стојам со народот на Косово со убедување“, рече Блер на заедничката конференција со претседатката на Косово, Вјоса Османи.

Блер додаде дека очекува Косово во иднина да стане дел од Европската Унија.

„Овде се случуваат многу позитивни работи, кои се добри за целиот свет. Едвај го чекам денот кога Косово ќе го заземе своето место во европското семејство“, изјави Блер.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија51 минута

Шеесетмина се затруле на Воената академија, Мисајловски, место храна, сега им исплаќа пари

Вкупно 60 луѓе се затруле од храната на Воеаната академија минатиот месец, извести денес министерот за одбрана, Владо Мисајловски, во...

Свет3 часа

(Видео) Егзодус на Флорида, илјадници бегаат, заглавени на патиштата, без гориво

Денеска е последниот ден за жителите на Флорида да се евакуираат или да се предадат пред ураганот Милтон од петта...

Македонија3 часа

Божиновска ги излажа граѓаните за бугарското државјанство и пасошот, вели СДСМ

„Министерката за енергетика Сања Божиновска ја излажа јавноста. Божиновска тврдеше дека се откажала од бугарското државјанство и бугарскиот пасош но...

Македонија3 часа

„Приоритет на СДС и ДУИ биле сомнителни тендери, цената на автопатот Кичево – Охрид ја зголемиле за 200 милиони евра без образложение“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„За да одиме напред, мора да имаме информации за минатото, поточно што ни остави владата на СДС. Руинирани институции кои...

Европа3 часа

Украински историчар: Зеленски е сакан во странство, но презрен дома

Јарослав Хрицак, професор по историја на Универзитетот во Лавов, во интервју за Corriere della Sera зборуваше за слабостите на украинскиот...

Свет4 часа

(Видео) Предупредувања до жителите на Флорида: Бегајте или ќе умрете

Претседателот Џо Бајден ги предупреди жителите на Флорида да се евакуираат веднаш пред ураганот Милтон, ураган од четврта категорија, велејќи...

Свет6 часа

(Видео) Научници влетаа во центарот на монструозниот ураган: камерата сними нереални сцени

Ураганот Милтон се движи низ Мексиканскиот Залив и се поблиску до Флорида. Ударот се очекува во текот на среда, а...

Топ15 часа

МВР за трагедијата во Слатино: Сопругот ќе биде дополнително испитуван

Денеска (08.10) околу 14:00 часот во СВР Тетово Т.Ј. од Теарце во својство на лекар пријавил дека бил повикан на...

Топ18 часа

Мајка и ќерка пронајдени мртви во нивниот дом во тетовско Слатино, таткото и малолетниот син пренесени во болница

Во СВР Тетово денеска околу 14 часот доктор од Теарце пријавил дека бил повикан за интервенција во Слатино, а таму...

Топ21 час

Скопјанка го пријавила роднината за полово вознемирување врз малолетната ќерка: ја соблекувал и допирал по телото и се самозадоволувал пред неа

Вчера во Полициската станица Карпош, жена од скопско пријавила дека во текот на 2020 година нивниот роднина Б.М.(24) полово ја...

Македонија24 часа

Спречен обид за нелегална трговија со марихуана и лекови

На граничен премин Блаце царинските службеници спречија обид за нелегална трговија на опојна дрога, марихуана. Притоа, запленети се 36,4 килограми...

Топ1 ден

Уапсен маж од Косово, се сомничи дека подметнал пожар во Општина Тетово

Вчера, во 20.15 часот, на улицата Маршал Тито во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 38-годишниот...

Македонија1 ден

(Видео) Владата на СДС и ДУИ ја заглави „Национални шуми“, еден милион евра ненаплатени побарувања, за 800.000 нема никакви податоци, вели Петрушевски

„Владата на СДС и ДУИ ги има заглавено Национални шуми. Според Извештајот на ДЗР нема воспоставен попис на побарувања по...

Свет1 ден

(Видео) Метеоролог се расплака додека ја објаснуваше големината на ураганот Милтон: Ова, едноставно, е страшно

Ураганот Милтон бргу зајакна до категоријата пет додека се движи кон брегот на Мексиканскиот Залив во САД, објави американскиот Национален...

Македонија1 ден

Очекувавме дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе праша за одземеното оружје од југословенската армија на средбата со српскиот премиер, вели партијата на Љубчо Георгиевски

„ВМРО-Народна партија беше во очекување и голема надеж дека новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ која демонстрира достоинствена политика на исправена кичма...

Македонија1 ден

Ниски цени и недоволна транспарентност при продажба на државно градежно земјиште, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Недоволна транспарентност и ниски цени при продажбата на државно градежно земјиште“ кое открива...

Регион1 ден

(Видео) Протест во Албанија, луѓето фрлаа „молотови коктели“, полицијата солзавец

Вчера илјадници демонстранти излегоа на улиците на главниот град на Албанија, Тирана, за да протестираат против владата. Демонстрантите го повикаа...

Економија1 ден

Министерката Димитриеска-Кочоска во Унгарија, ќе го потпише договорот за заем од 500 милиони евра

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска престојува во работна посета на Република Унгарија, каде во име на Владата ќе потпише...

Свет1 ден

(Видео) Ловците на урагани направија снимка од смртоносната бура што ѝ се заканува на Флорида

Застрашувачката снимка е објавена на мрежите, а на неа се гледаат т.н. ловци на урагани, кои летаат веднаш до разорниот...

Свет1 ден

Ким Џонг-ун: Северна Кореја ќе ги забрза чекорите за да стане нуклеарна суперсила

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека неговата земја ќе ги забрза чекорите за да стане воена суперсила со нуклеарно...