Свет
Јапонија нуди 6,1 милијарда американски долари на земјите долж реката Меконг

Јапонија, која во сабота е домаќин на лидерите на пет држави низ кои протекува реката Меконг, најави помош од 6,1 милијарди долари за тој регион, каде што Токио сака да го зајакне своето влијание наспроти растечката сила Кина.
Премиерот Шинзо Абе ја најави оваа помош во обраќањето кон своите колеги од Камбоџа, Лаос, Мианмар, Тајланд и Виетнам на почетокот на седмиот годишен состанок на врвот Јапонија-Меконг, организиран во Токио.
„Јапонија ќе го даде својот придонес кон развојот на тие земји во износ од 750 милијарди јени(6,1 милијарда американски долари) во следните три години“, рече Абе.
Оваа помош се надоврзува на 600 милијарди јени кои Јапонија ги намени за тие земји во изминатите три години.
Регионот на реката Меконг има голема потреба за инфраструктура, рече Абе.
Ден претходно, јапонскиот економски весник Nikkei објави дека три јапонски компании го добиле договорот вреден речиси милијарда долари за изградба на железничка мрежа во предградието на Бангкок.
Владата на премиерот Абе сака во прво време да го зголеми работењето на јапонските компании од подрачјето на автопатиштата, железничките пруги и електрани во светот, со цел да и помогне на јапонската економија.
Со самитот во сабота Јапонија сака да ги зацврсти своите врски со тој регион во кој Кина го зајакнува своето влијание. За таа цел, Јапонија во мај најави дека за пет години во Азија ќе вложи 10 милијарди долари.
Кина, пак, не ги крие своите економски и територијални претензии градејќи вештачки острови во спорното подрачје на Јужното кинеско море. Кинескиот министер за надворешни работи во март најави дека сака да ја јакне билатералната размена со десетте членки на АСЕАН(Сојуз на земји од југоисточна Азија), за да ја удвои до 2020 на 1.000 милијарди долари.
Во таа борба за доминација Кина многу смета на новата Азиска инвестициска банка за инфраструктура, која неодамна ја покрена и во која пристапија 50 држави, а нејзиниот капитал изнесува 100 милијарди долари. /крај/хн/ст
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.
Економија
Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.
Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:
Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто
Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.
Економија
Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.
Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.
„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.
Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.