Контакт

Свет

Катар и Кувајт решија да го намалат производството на нафта

Објавено пред

Нафтените компании во Катар и Кувајт најавија дека ќе го намалат нивото на производство на нафта после Нова Година.

Намалувањето на испумпувањето на нафта, почнувајќи од 1 јануари, доаѓа по неодамнешната одлука на земјите-членки и земјите производители кои се надвор од картелот на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) за ограничување на производството.

“Почнавме да ги информираме потрошувачите за очекуваното намалување на понудата на нафта за да се обезбеди усогласување со земјите на ОПЕК и нивните квоти”, се вели во соопштението на Сад Шерида Ал-Каби, преседател и главен извршен директор во државната компанија Qatar Petroleum.

Во соопштението нема детали за иднината на катарското ниво на производството на нафта. Националниот нафтен конгломерат Kuwait Petroleum исто така ги информираше клиенитие дека нивните извозни количини ќе бидат намалени, почнувајќи од јануари, но и тие не објавија за колку ќе биде намалена испораката.

Локалните медиуми, пак, тврдат дека Кувајт задолжително ќе го намали транспорт на 130.000 барели дневно од сегашното ниво од три милиони барели дневно.

Adnoc конгломератот од Обединетите Арапски Емирати во саботата објави дека ќе се посвети на исполнувањето на новите услови на ОПЕК, и дека со клиентите строго ќе соработува според ревидитираните квоти за јануари.

Adonoc произведува повеќе од 3,15 милиони барели нафта дневно. Членките на ОПЕК се согласија дека од 30 ноември ќе го намалат производството на “црното злато” за 1,2 милиони барели на ден, а на почетокот на овој месец им се придружија и земјите производители надвор од картелот кои се согласија да го намалат производството за 558.000 барели дневно. крај/мф/дѓс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

САД ја отстрануваaт кинеската компанија „Шаоми“ од владината црна листа

Објавено пред

Министерството за одбрана на САД ќе ја отстрани кинеската „Шаоми“ од црната листа на владата, покажуваат судски документи, со што се отвора патот за идни американски инвестиции во овој производител на паметни телефони.

Судското досие вели дека двете страни ќе се договорат да го решат актуелниот спор без натамошни процеси, со што завршува краткиот и контроверзен спор меѓу компанијата и Вашингтон.

Од „Шаоми“ веднаш не одговориле на барањето на „Ројтерс“ за коментар.

Претходно годинава, Министерството за одбрана на САД, под администрација на Трамп, ја прогласи компанијата за поврзана со кинеската војска, па така беше ставена на списокот за забрана за американски инвестиции.

„Шаоми“ бргу реагира со поднесување тужба против владата на САД нарекувајќи го третманот незаконски и неуставен и негирајќи какви било врски со кинеската армија.

Во март, под администрација на Бајден, федерален судија привремено го блокира активирањето на црната листа.

Како што се прошири веста за одлуката, акциите на „Шаоми“ скокнаа 6 проценти во Хонгконг.

Прикажи повеќе...

Економија

Во Германија да се помести старосната граница за пензија на 69 години, бараат економистите

Објавено пред

Во Германија oд 2012 година возраста за пензионирање беше зголемена на 67 години, а според сегашните податоци, сè повеќе луѓе умираат пред да заминат во пензија. И покрај тоа, поради Ковид-19, се погласни се оние кои бараат таа граница да се помести на 69 години, пишува „Дојче веле“.

„ Во 2019 година, 17 проценти од починатите во Германија не наполниле 67 години, а 14,4 проценти не доживеале 65 години. Ова произлегува од одговорот на Министерството за внатрешни работи на барањето на пратеничката група на Левицата“, пренесува „Ноје Оснабрикер Цајтунг“.

Доколку возраста за пензионирање се зголеми на 69 години, логично е дека уште повеќе луѓе не би ја достигнале возраста за пензија, додава „Дојче веле“.

Во 2019 година, 19,8 проценти од сите смртни случаи биле на возраст под 69 години, или речиси секој петти. Во април, неколку економски институти го предложија зголемувањето на возраста за пензионирање на 69 години, со оглед на оптоварувањето на државниот буџет заради пандемијата.

„ Таквиот чекор ќе донесе двојна корист“, напишаа институтите во пролетниот извештај до федералната влада.

Од една страна, приходите од пензиско осигурување би се зголемиле, а од друга страна, повеќе луѓе би биле на располагање на пазарот на трудот. Германија има сè помало население кое старее, изјави потпретседателот на Институтот за економски истражувања од градот Хале, Оливер Холтемелер.

Во иднина, разликата помеѓу бројот на млади луѓе кои доаѓаат на пазарот на трудот и старите кои го напуштаат ќе биде околу 400.000 луѓе помалку годишно. Економистот предупредува дека ова ќе ѝ наштети на германската економија.

Германската централна банка исто така повика на зголемување на возраста за пензија.

„ Досега, очекуваниот животен век кој постојано расте, подразбира сè подолго траење на пензијата, додека периодите на плаќање на придонесите остануваат постојани. Затоа е логично да се зголеми старосната граница од 67 години за пензија “, стои во образложението на Бундесбанк.

Прикажи повеќе...

Економија

Пандемијата го измени списокот на десетте најголеми економии во светот, една земја отпадна

Објавено пред

Пандемијата од Ковид-19 го разниша рангот на најголемите економии во светот, туркајќи многу земји во најлоша економска рецесија во поновата историја.

САД, Кина, Јапонија и Германија и нaтаму се рангираат во првите четири како најголеми економии во светот, додека некои економии напредуваа или паднаа на ранг-листата како резултат на пандемијата, а една земја излезе од листата на првите 10 економии, според анализата на СНБС.

Овој американски медиум ги спореди земјите во однос на номиналниот бруто-домашен производ од 2019 година, изразен во долари, со проценките на БДП за минатата година од извештајот на ММФ.

Соединетите Американски Држави ја задржаа водечката позиција на списокот на топ 10 економии во светот, при што номиналниот БДП падна минатата година на 20,9 трилиони долари од 21,4 трилиони долари претходната година.

Наспроти ова, второпласираната Кина минатата година забележа номинален БДП на 14,7 трилиони долари од 14,3 трилиони долари една година порано.

Јапонија остана трета по големина економија во светот во 2020 година со БДП проценет на 5,0 трилиони долари (5,1 трилиони долари во 2019 година), додека Германија се најде на четвртото место чија економија задржа вредност од 3,8 трилиони долари.

Индија, петта по големина економија во светот во 2019 година, минатата година падна на шестото место, зад Велика Британија, иако споредбените податоци покажуваат дека БДП на двете земји паднал од нивото од 2,8 трилиони долари пред две години на 2,7 трилиони долари минатата година.

Седмата позиција сè уште ја држи Франција со номинален БДП од речиси 2,6 трилиони американски долари (2,7 трилиони долари во 2019 година), а осмата е Италија со вредност на економијата од приближно 1,9 трилиони долари во 2019 година).
Бразил, кој беше деветта по големина глобална економија во 2019 година, испадна од првите десет, препуштајќи ѝ го местото на Канада, чиј БДП минатата година беше проценет на 1,6 трилиони долари (1,7 трилиони милијарди минатата година), и е рангиран на 10-то место од најмоќните.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија1 час

Oд полноќ се намалува цената на еуросупер БС-95 и на мазутот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Свет2 часа

Индија почна со дистрибуција на свој лек против коронавирус

Индија почна со дистрибуција на нов, домашен лек за лекување на симптомите од Ковид-19. Властите го одобрија лекот 2-ДГ, кој...

Македонија2 часа

Захариева: Властите во Македонија ќе направат сѐ што можат Бугарите таму да се сѐ помалку

И Европа и ние ќе го следиме пописот во РСМ и очекуваме да се спроведе според сите европски стандарди и...

Свет2 часа

(Видео) Тврдат дека Израел фрлил забранета бомба врз Газа, од која се топи човечко месо

На социјалните мрежи се шири видео со ракетирање на Појасот Газа, за кое се тврди дека е доказ дека Израел...

Регион4 часа

Почнува самитот Брдо-Бриони: Целта е што побрзо приближување на Западен Балкан кон ЕУ

Балканските лидери учествуваат на самитот Брдо-Бриони. На самитот учествуваат претседателите на процесот, претседателите на Словенија и Хрватска и лидерите на...

Свет5 часа

СЗО: Животниот век на работниците загрозен по пандемијата на коронавирусот

Премногу долгото работно време е смртоносно за стотици илјади луѓе во светот и ова е тренд што може да се...

Европа5 часа

Германски виролог предупредува: И следната година ќе мора да се вакцинираме

Шефот на германскиот независен советодавен панел за вакцинација, вирусологот Томас Мертенс, изјави дека е многу веројатно декаи следната година  сите...

Свет5 часа

На повидок нова вакцина – „Санофи“ и „ГСК“ велат дека произведува силен имунолошки одговор

Француската фармацевтска компанија „Санофи“ денеска соопшти дека експерименталната вакцина против Ковид-19, која ја развива заедно со „Глаксо Смит Клајн“ ќе...

Свет6 часа

Израел утрово изврши серија воздушни напади на Газа, висококатници срамнети со земја

Израелските воздушни сили рано утрово извршија серија масовни воздушни напади на повеќе локации во градот Газа. Најновата беше извршена само...

Свет6 часа

Товарен воз со токсични материи излета од шините во САД

Во близина на градот Сибли во американската држава Ајова воз на компанијата „Унион Пацифик“, кој превезувал тенкови и вагони со...

Македонија16 часа

(Видео) Заев: СДСМ останува локомотива за напредокот на македонската држава

Со задоволство сакам да соопштам дека денеска СДСМ одржа успешен 26. Конгрес, а веднаш потоа и прва седница на новоизбраниот...

Македонија21 час

Лукаревска избрана за заменик-претседателка на СДСМ

Сања Лукаревска е новата заменик-претседателка на СДСМ, беше одлучено на денешниот 26. Конгрес на партијата. Таа беше изгласана со 682...

Свет22 часа

Нетанјаху со благодарност до земјите кои го поддржале Израел, меѓу нив и Македонија

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху на социјалните мрежи им се заблагодари на владите на голем број земји во светот за, како...

Македонија23 часа

Регистрирани се 62 нови случаи на Ковид-19, починати се 14 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.557 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на...

Свет1 ден

(Видео)10 годишно девојче во урнатините на Газа, низ солзи вели: Не можам да го трпам ова, јас сум само дете

Жестоките напади меѓу Израел и Хамас се најтешки за луѓето во Газа, каде што луѓето умираат секој ден – претежно...

Свет1 ден

Курц: Целта на истрагата е да ме отстранат од функцијата

Австрискиот канцелар Себастијан Курц оцени дека целта на поднесената пријава против него, поради наводни лажни изјави пред истражниот одбор во...

Свет1 ден

Гутереш запрепастен од страдањата на цивилите во Газа

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш е „шокиран“ од страдањето на цивилите во Газа, рече неговиот портпарол. „Генералниот секретар е...

Свет1 ден

(Видео) Немирна ноќ во Газа, истрелани околу 120 ракети, бројот на загинати и повредени расте

Израелската армија објави дека 120 проектили биле истрелани од Појасот Газа во текот на ноќта. Продолжена е вонредната состојба во...

Свет2 дена

Нетанјаху до Бајден: Израел не сака да повредува лица кои не се вклучени во борбата со Хамас

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска му соопшти на американскиот претседател Џо Бајден дека Израел „прави се за да избегне повреда...

Македонија2 дена

13 починати и 112 нови случаи на Ковид-19 од 4.196 тестови

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.196 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Досие