Контакт

Свет

ММФ благо ги намали прогнозите за глобалната економија

Објавено пред

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го намали во вторникот прогнозите за раст на глобалната економија, проценувајќи дека влијанието на негативните фактори, вклучително и слабите вложувања, ќе го надвладее поволното влијание на пониските цени на нафтата.

dobivaj vesti na viber

Според овие процени на ММФ, активностите на глобално ниво во 2015 година би требало да пораснат за 3,5 отсто, по што о следната година би требало благо да забрзаат на 3,7 отсто, покажуваат зимските меѓупрогнози на меѓународниот земодавач. Со тоа Меѓународниот монетарен фонд ги намали есенските прогнози за 0,3 процентен поен. Во зимските меѓупрогнози се објавуваат само прогнозите за водечките економии и за региони.

ММФ меѓу поттикнувањата за економијата се издвојуваат пониските цени на нафта, кои во значителна мерка ја одразуваат поголемата понуда, но предупредува дека нивниот позитивен ефект ќе биде повеќе од поништен од негативните фактори, издвојувајќи ги во прв ред послабите инвестиции, поради продолжениот тренд на прилагодување на намалените очекувања на раст во среден рок во многу развиени и економиите во формирање. Влошените глобални изгледи се резултат на намалените проекции за Кина, Русија, еврозоната и Јапонија, додека подобрени се само оние за САД.

За еврозоната во целина ММФ ги намали прогнозите од октомври за 0,2 односно за 0,3 процентни поени, на 1,2 отсто во оваа и на 1,4 отсто во следната година. Намалувањето го одразува она за германската економија, којашто според новите прогнози на ММФ, во 2015-та би можело да порасне за 1,3 отсто, и 1,5 отсто во 2016 година.

Значително, пак, се намалени прогнозите за Италија, третата според обемот економија во еврозоната, и тоа за половина процентен поен за ова и за идната година. Се очекува, така, раси од 0,4 отсто во 2015-та и 0,8 отсто во 2016-та. Подобар раст пак и’ се предвидува на Шпанија, четвртата економија од еврозоната, за која ММФ во оваа година прогнозира раст од 2 отсто, подигнувајќи ја есенската прогноза за 0,3 процентни поени. Во 2016-та растот ан Шпанија вби требало благо да забави, на 1,8 отсто, во согласност со есенската прогноза.

Во групата развиени економии се издвојуваат САД, за која ММФ во оваа година прогнозира 3,6процентен раст, повишувајќи ја со тоа есенската прогноза за половина процентен поен. Во 2016 година, пак, растот на американската економија би требало благо да ослаби на 3,3 отсто, со што есенската прогноза е подигната за 0,3 процентни поени.

Прогнозите за Јапонија, пак, се благо намалени, на 0,6 отсто за оваа година од 0,8 отсто кои беа прогнозирани во извештајот на ММФ од октомври. Таа стапка на раст се очекува и во 2016 година, како што и беше прогнозирано во октомврискиот извештај.

Целата група развиени економии би требало ова и следната година да порасне за 2,4 отсто, со што е за само 0,1 процентен поен подигната есенската прогноза, додека онаа за следната година е потврдена.

Намалувањето на прогнозите за светот во целина е резултат на очекуваните послаби активности во поедините значајни извозници на нафта, поради остриот пад на цената на овој енергенс, за дури 55 отсто на американскиот пазар во однос на септември, потсетуваа во ММФ.

Особено во овој контекст се издвојува Русија, којашто поради пониските цени на нафтата би можела да забележи пад на активностите во оваа година за 3 отсто, додека минатата есен ММФ прогнозираше раст од 0,5 отсто. Во 2016 година падот би требало чувствително да забави, на 1 отсто, додека во есенската прогноза беше предвиден раст на активностите од 1,5 отсто.

Во групата економии во формирање и развој, ММФ ја намали и прогнозата на растот на кинеската економија во 2015 година, за 0,3 процентен поен, на 6,8 отсто, како и за половина процентен поен во 2016 година, на 6,3 отсто

Намалена е годинешната прогноза за целата група економии во формирање и развој, за 0,6 процентен поен, на 4,3 отсто, и на 4,7 отсто во 2016 година, што претставува половина процентен поен помалку отколку што ММФ г прогнозираше минатата есен.

Од ММФ истакнуваат дека дистрибуцијата на ризиците според нивната оцена сега е подобро е урамнотежена отколку во октомври, укажувајќи на можноста од изразување поддршка на растот којашто би можеле да ја генерираат чувствително пониските цени на нафтата. Од друга страна, пак, растот би можеле да го придушат промените на расположението и острите осцилации на глобалните финансиски пазари, во прв ред во пазарните економии во формирање, поврзано со ранливост на извозниците на нафта.

Меѓу причините за загриженост ја издвојуваат и стагнацијата и ниската инфлација во еврозоната и во Јапонија./крајмф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Трамп до австралискиот амбасадор: Не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

Објавено пред

Од

Претседателот на САД, Доналд Трамп, му рече на австралискиот амбасадор во САД и поранешен премиер, Кевин Рад, дека не го сака и веројатно никогаш нема да го сака.

dobivaj vesti na viber

Трамп вчера се сретна со сегашниот австралиски премиер, Ентони Албанезе. Политичкиот уредник на австралискиот „Скај њуз“, Ендру Кленел, го праша Трамп зошто требало толку долго време за да се организира состанокот. Тој беше заинтересиран дали има некаква врска со ставот на Австралија за климатските промени, Палестина или изјавите на Рад.

„Не знам ништо за него. Ако рекол нешто лошо, тогаш можеби би сакал да се извини. Дали амбасадорот рекол нешто лошо? Не кажувајте ми. Не сакам да знам. Каде е тој? Дали сè уште работи за вас“, Трамп го праша Албанезе.

Албанезе одговори дека Рад е сè уште амбасадор и покажа кон него. Рад призна дека кажал лоши работи за Трамп пред да стане амбасадор. „Ги повлекувам тие изјави“, рече тој.

„Ни мене не ми се допаѓаш. И веројатно никогаш нема да ми се допаднеш“, рече Трамп.

Во ноември минатата година, откако Рад беше потврден како избор на Албанезе за амбасадор на САД, се појави интервју од 2021 година во кое тој го опиша Трамп како селски идиот. Подоцна се дозна дека Рад избришал некои стари објави на социјалните мрежи во кои го нарекол Трамп предавник на Западот и лудак.

Прикажи повеќе...

Економија

Светските берзи паднаа поради заканата на Трамп за ЕУ

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите паднаа минатата недела бидејќи инвеститорите беа загрижени за намалувањето на кредитниот рејтинг на САД, а на пазарите негативно влијаеа и новите закани на Вашингтон за зголемување на царините за увозот од Европската унија.

dobivaj vesti na viber

На Волстрит минатата недела, Dow Jones се лизна за 2,5 отсто, на 41.603 поени, додека S&P 500 падна за 2,6 отсто, на 5.802 поени, а индексот Nasdaq 2,5 отсто, на 18.737 поени.

Од самиот почеток на неделата индексите беа во минус бидејќи агенцијата Мудис го намали кредитниот рејтинг на САД од Ааа на Аа1 поради големиот дефицит на федералниот буџет, високите финансиски трошоци и планираните даночни намалувања.

Јавниот долг на САД е околу 36.200 милијарди долари, а може да се зголеми за уште 3.800 милијарди во следните десет години бидејќи претседателот на САД Доналд Трамп има намера да ги намали даноците. Поради ова, приносите на државните обврзници значително се зголемија, што значи дека владата мора да се задолжува по повисока цена.

Намалувањето на даноците веројатно би ја стимулирало потрошувачката и би го поддржало економскиот раст, но од друга страна, јавниот долг би се зголемил доколку не се намалат државните трошоци. И намалувањето на федералните трошоци, што е еден од приоритетите на Трамп, не оди толку глатко како што најави претседателот. Освен тоа, се чини дека проектот не е доволно добро подготвен.

Сепак, на крајот на неделата, приносите на обврзниците донекаде се стабилизираа, откако Претставничкиот дом на Конгресот тесно го поддржа предлог-законот на Трамп за даночни намалувања, па се уште се чека поддршката од Сенатот.

Но, во петокот, Трамп повторно ги потресе пазарите заканувајќи ѝ се на Европската унија со царини од 50 отсто од 1 јуни, бидејќи не е задоволен од тоа како напредуваат трговските разговори меѓу САД и ЕУ.

И на повеќето европски берзи цените на акциите паднаа минатата недела. Додуша, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,4 отсто, на 8.717 поени, но франкфуртски DAX се лизна за 0,6 отсто, на 23.629 поени, а париски CAC 1,9 отсто, на 7.734 поени.

Прикажи повеќе...

Економија

Макрон: Албанија за 2 години ќе биде во ЕУ, дојдете и инвестирајте

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон од Тирана упати силна порака до странските инвеститори, повикувајќи ги да дојдат и да вложуваат во Албанија, за која изрази убеденост дека „за две години ќе биде дел од Европската унија“.

dobivaj vesti na viber

Изјавата беше дадена на економскиот форум „Приоритет Европа“, организиран од Институтот „Иницијатива за идни инвестиции“ на Ричард Атијас, кој има за цел да ги поврзе европските лидери и иноватори со големи инвестициски фондови од Блискиот Исток, Азија и САД.

„Албанија е влезна точка за регионот на Балканот и медитеранскиот басен. Европа е стабилно и доверливо место. Во овој луд свет, да не ја потценуваме силата на таквите квалитети“, порача Макрон.

Тој додаде дека премиерот Еди Рама има јасен мандат и посветеност Албанија да ја внесе во ЕУ до 2027 година, а според Макрон, тоа би можело да се случи дури и порано – за две години.

Премиерот Рама, пак, изјави дека неговата земја ги започна преговорите со Европската Унија во 2022 година и дека ако ги завршат сите задачи добро, ќе може да ги затворат преговорите до 2027 година. Ова според Рама би било навистина неверојатно.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ15 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија16 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија16 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија18 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија18 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион18 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија19 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија20 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет20 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет20 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа21 час

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет21 час

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет21 час

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа21 час

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион1 ден

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија1 ден

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет1 ден

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија2 дена

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија2 дена

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...