Свет
ММФ ги поддржува негативните каматни стапки воведени од централните банки

Меѓународниот монетарен фонд(ММФ), утврди дека негативните каматни стапки, кои ги воведоа некои од најголемите централни банки во светот, ќе резултираат со дополнителни монетарни поттици и олабавување на условите за кредитирање.
Шест светски централни банки воведоа негативни каматни стапки, меѓу кои и европската и јапонската централна банка, па така околу четвртина од светската економија мерено според БДП-то сега има официјални каматни стапки под нула.Тоа го постигнаа со спуштање на каматните стапки на банкарските депозити во негативно подрачје во распон од минус пет основни бодови во Унгарија, до минус 125 основни бодови во Шведска, што практично значи „данок“ на депозитите.Негативните каматни стапки најпрво беа воведени во Шведска, Данска и Швајцарија, кои на тој начин се обидоа да го запрат растот на вредноста на нивните валути во однос на еврото, а дополнително таков данок воведе и Унгарија.Критичарите тврдат дека преминот на негативните стапки, посебно во Јапонија, каде што централната банка не успеа да го поттикне растот или инфлацијата, е знак на очај. Според нив, она што е потребно е дополнителната државна потрошувачка, наместо полабавата монетарна политика. Покрај тоа, истакнуваат дека таквиот потег би можел да и наштети на економијата преку дување на балонот на финансиските пазари и намалувањето на заработките на банките.ММФ објави дека досегашните докази укажуваат дека негативните стапки ги охрабриле инвеститорите и ги намалиле трошоците на задолжување на компаниите. За банките сликата била поделена, но во повеќето случаи каматните стапки паднале од воведувањето на негативните стапки на централните банки, и покрај притисокот врз нивните нето каматни маржи.Но, ММФ предупредува дека постојат граници на ефикасноста на негативните стапки. Ако предолго останат негативни, ќе порасне подмирувањето во готовина, што би ја поткопало таквата политика. ММФ проценува дека до точката на пресврт, односно повлекување на готовината, ќе дојде некаде помеѓу 75 и 200 основни бодови.На подолг рок, негативните стапки можат да ја поткопаат одржливоста на животните осигурувања, пензиите и депозитите и исто така да поттикнат прекумерно преземање на ризик и да доведат до балон на финансискиот пазар, предупреди ММФ. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.
Економија
Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.
Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:
Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто
Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.
Економија
Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.
Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.
„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.
Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.