Контакт

Свет

ММФ ги пофали реформите во Саудиска Арабија

Објавено пред

Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) ги пофали реформите во Саудиска Арабија во насока на намалување на зависноста од нафта и повика на примена на дополнителни мерки за покривање на дефицитот.

dobivaj vesti na viber

„Во претходните 12 месеци е видливо значително забрзување на имплементацијата на реформите во Саудиска Арабија. Саудиската фискална политика на соодветен начин се прилагодува на падот на цената на нафтата“, соопшти ММФ, по посетата на оваа држава, охрабрувајќи ја контролата на јавната потрошувачка и измените во цените на енергентите.Сепак, како што додава ММФ, потребни се дополнителни акции за урамнотежување на буџетскиот дефицит, кој, според некои проценки, ќе изнесува 14 отсто од бруто домашниот производ(БДП) во оваа година, пренесува Танјуг.Саудиска Арабија неодамна претстави план наречен „Визија 2030“ со кој се предвидува долгорочна трансформација на економијата, со цел диверзификација на економскиот раст, намалување на зависноста од нафта и зголемување на улогата на приватниот сектор.Саудиска Арабија забележа рекорден буџетски дефицит од 98 милијарди долари минатата година, а за оваа година се предвидува кусок од 87 милијарди долари.Заради сериозните последици од падот на нафтените приходи врз саудиската економија, меѓународните бонитетни агенции го намалија кредитниот рејтинг на Саудиска Арабија. /крај/он/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Турција ѝ нуди помош на Европа, 10 милијарди кубни метри гас годишно преку балканскиот гасовод

Објавено пред

Турскиот министер за енергетика, Алпарслан Бајрактар, изјави дека Турција е подготвена да и испорачува на Европа до 10 милијарди кубни метри природен гас годишно преку балканскиот гасовод, но само доколку европските земји покажат политичка волја и вложат во потребните инфраструктурни врски.

dobivaj vesti na viber

„Турција е подготвена да придонесе повеќе за енергетската безбедност на Европа. Доколку Европа покаже политичка волја и посветеност, и се направат дополнителни инвестиции во меѓусебните врски, ќе можеме да извезуваме до 10 милијарди кубни метри гас годишно во Централна и Источна Европа преку балканскиот гасовод“, истакна Бајрактар во интервју за јапонското економско издание „Никеи“.

Изјавата на турскиот министер доаѓа по прекинот на транзитот на рускиот гас преку Украина, кој беше значаен дел од снабдувањето на Европа.

Транзитниот договор меѓу Русија и Украина истече на 1 јануари годинава, а Киев одби да преговара за продолжување на договорот поради тековната воена агресија на Русија врз Украина. Ова предизвика сериозни прашања за идното снабдување со природен гас во Европа и можноста Турција да стане клучен играч во енергетската стабилност на регионот.

Прикажи повеќе...

Економија

Македонците од ова лето ќе плаќаат повеќе, Грција ги зголеми туристичките такси

Објавено пред

Грција од оваа година ќе ги зголеми таксите за туристите, со цел да генерира средства за подобрување на инфраструктурата и промоција на одржлив туризам. Според информации објавени на порталот „Шенген њуз“, туристите кои ќе посетат Грција ќе плаќаат дневен данок од 2 евра, што претставува значително зголемување во однос на досегашните 0,5 евра. Во периодот од април до октомври, во текот на ударната туристичка сезона, таксата ќе се зголеми на 8 евра.

dobivaj vesti na viber

Зголемување на таксите се очекува и за сместувањето. Така, за хотелите со една и две ѕвезди, како и за изнајмување соби, ќе се плаќа 2 евра, наместо досегашните 1,5 евра. Во хотелите со три ѕвезди ќе се плаќаат 2 евра повеќе, додека госите во хотелите со четири ѕвезди ќе платат 10 евра наместо 7. Најголемо поскапување ќе биде за хотелите со пет ѕвезди и вилите, каде што таксата ќе порасне од 10 на 15 евра.

Исто така сместувањето преку „Airbnb“ ќе биде поскапено, со такса од 2 евра во зимските месеци и 8 евра во летните месеци, се очекува и зголемување на таксите за туристите кои ќе одлучат да патуваат со крстарење. Прогнозите велат дека Грција ќе биде домаќин на 8 милиони туристи во 2025 година.

Како дел од новите такси, посетителите на Санторини и Миконос ќе треба да плаќаат по 20 евра, додека за останатите острови, вклучувајќи ја и Атина, таксата ќе изнесува 5 евра на ден. За споредба, иако Миконос има само 12.000 жители, секој ден го посетуваат до 20.000 туристи, што го прави островот едно од најпопуларните дестинации.

Промените беа најавени во септември од страна на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кој истакна дека се очекува приходот од зголемените такси да изнесува 600 милиони евра. Овие средства ќе бидат насочени кон фондот за санација на штетите предизвикани од климатските промени.

Прикажи повеќе...

Свет

Ердоган ветува поддршка за сирискиот народ по падот на Асад

Објавено пред

По пауза од 12 години, Турција повторно ја отвори својата амбасада во сирискиот главен град Дамаск. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја ќе го поддржи сирискиот народ во процесот на обновување и закрепнување, оценувајќи дека Турција ќе продолжи да биде клучен фактор за стабилност во регионот.

dobivaj vesti na viber

На провинцискиот конгрес на Партијата на правдата и развојот, Ердоган истакна дека сирискиот народ извојувал значајна победа со соборувањето на режимот на Башар ал Асад. Потсети и дека Турција пред 13 години ги отворила своите граници за милиони бегалци од Сирија, обезбедувајќи засолниште за околу четири милиони луѓе кои побегнале од конфликтот.

„Турција останува како остров на стабилност среде хаосот и превирањата во регионот“, рече Ердоган, истакнувајќи ја улогата на неговата земја во решавањето на регионалните кризи.

Денеска, турското знаме повторно се вее пред зградата на амбасадата во Дамаск, лоцирана во дипломатскиот кварт. За привремен вршител на должност на амбасадор е назначен Бурхан Короглу, кој досега беше амбасадор на Турција во Мавританија.

Амбасадата на Турција ја прекина својата работа на 26 март 2012 година, поради влошувањето на односите меѓу Анкара и режимот на Асад, но со денешното отворање, активностите се официјално обновени.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Макрон предупреди дека откажувањето на САД од пружање поддршка на Украина би имало катастрофални последници

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека откажувањето на Соединетите американски држави од пружање поддршка на Украина би имало катастрофални последници,...

Свет6 часа

Во тек е клучниот состанок во Лондон, момент кој се случува еднаш во генерација

Стотици луѓе се собраа пред канцеларијата на британскиот премиер Кир Стармер и собирот за поддршка на Украина го почнаа со...

Топ8 часа

Полицаец пријавил дека му го украле службениот пиштол со рамка и 13 куршуми

Вчера во осум часот во ОВР – Крушево, М.Х., на возраст од 38 години од овој град, вработен како полициски...

Свет11 часа

Ватикан соопшти дека папата Франциско е во стабилна здравствена состојба и имал мирна ноќ

Папата Франциско е во стабилна здравствена состојба и имаше мирна ноќ, соопшти денеска Ватикан. „Ноќта беше мирна, папата се уште...

Топ11 часа

Пијан возач удри и тешко повреди 25-годишна битолчанка во Скопје, полицијата го приведе

Во СВР Скопје синоќа било пријавено дека на улицата „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје патничко моторно возило „мерцедес“ со...

Регион15 часа

Саша Поповиќ пред да почине се лекувал во Париз, случајно открил дека е болен кога скршил нога

Саша Поповиќ почина вчера на 70-годишна возраст по тешко боледување. Нецела година Поповиќ се борел со тешката болест, неговото лекување...

Регион1 ден

Почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на „Гранд продукција“

По кратко и тешко боледување денес почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на „Гранд продукција“, еден од највлијателните луѓе...

Свет1 ден

Здравствената состојба на папата Франциско останува стабилна

Здравствената состојба на папата Франциско, кој две недели е во болница поради пневмонија и бронхитис, останува стабилна, соопшти вечерва Ватикан...

Свет1 ден

Зеленски пристигна во Лондон и порача дека американската поддршка е од клучно значење за Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, при пристигнувањето во главниот град на Велика Британија, Лондон, изјави дека американската поддршка е од...

Македонија1 ден

Тошковски тврди дека сообраќајните незгоди со тешки телесни повреди се намалени за околу 30 проценти

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска информираше дека со максимално интензивирање на сите ресурси во изминатите дваесетина дена во...

Свет1 ден

По тензичната средба со Зеленски, Трамп може да ја стопира помошта за Украина

Претседателот на САД, Доналд Трамп, би можел да ја укине помошта за Украина, тврди неименуван извор од Белата куќа за...

Топ1 ден

Возач со автомобил побегна откако удри и тешко повреди дете во Тетово

Малолетник е тешко повреден откако во него удрило патничко возило на кружен тек во Тетово. По сообраќајката возачот побегнал. Министерството...

Македонија2 дена

Митко и Катерина Дрвошанови се избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал

Митко и Катерина Дрвошанови се избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал на синоќешниот маскенбал што се одржа во...

Свет2 дена

Зеленски му одговори на сенаторот Греам: Само народот на Украина одлучува за мојата оставка

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека единствено украинскиот народ може да одлучи за неговата оставка. Неговата реакција дојде по...

Свет2 дена

Посетата на Зеленски е прекината: Трамп: Тој ги навреди САД

Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа е прекината. Извор од Белата куќа...

Македонија2 дена

Мир преку разговор во Украина, решение „две држави“ за Израел и Палестина – Мицкоски и Ердоган разговарале и за глобалните предизвици

За Северна Македонија и Турција клучно е  конфликтот во Украина да се реши по пат на разговори. За ситуацијата во...

Македонија2 дена

Мицкоски и Ердоган во Турција договорија основање на Совет за соработка на високо ниво

Советот за соработка на високо ниво е значаен чекор за односите меѓу двете држави чија цел е продлабочување и интензивирање...

Топ2 дена

Родител пријавил наставничка дека натепала повеќе ученички во соблекувална во скопско училиште

Родител пријавил во МВР напад извршен од страна наставничка во скопско основно училиште. Според пријавата, таа во текот на вчерашниот...

Економија2 дена

Од 1 март поскапува парното

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која од 1 март цената за потрошувачите на топлинска енергија за „ЕСМ енергетика“...

Македонија2 дена

Судот определи мерки на претпазливост за Филип Андов-Сокол и за другите осомничени по акцијата во затворот во Шуто Оризари

За ескдиректорот на затворот во Шуто Оризари, Филип Андов-Сокол, и за другите осомничени судот денес определи мерки на претпазливост по акцијата...