Контакт

Свет

ММФ ја намали прогнозата за економски раст во светот по Брегзит

Објавено пред

Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) ја намали прогнозата на светскиот економски раст заради „значителната неизвесност“ по гласањето на Британците за излез од Европската унија(ЕУ), што би требало да влијае на „јасно и брзо“ забавување на растот на британската економија.

dobivaj vesti na viber

„Резултатот на гласањето во Велика Британија влијаеше врз настанокот на големиот ризик од влошувањето на светската економија“, пишува во новиот јулски извештај на ММФ.Се предвидува дека светската економија ќе порасне за 3,1 отсто во 2016 година и за 3,4 отсто во 2017 година, што е за 0,1 процентен поен помалку од предвидувањата во април и покажува „вознемирувачка стагнација“ во однос на 2015 година.ММФ го намали предвидувањето на британскиот економски раст за 2016 година за 0,2 процентни поени, на 1,7 отсто, а за 2017 година го намали за 0,9 процентни поени, на 1,3 отсто.Сепак, Фондот не предвидува рецесија за Велика Британија.Ситуацијата дополнително би можела да се влоши ако Лондон и неговите европски партнери не постигнат договор и не избегнат значително зголемување на фискалните и царинските тарифи, се наведува во извештајот.Во таквото црно сценарио кое ММФ го оценува како „малку веројатно“, голем дел од лондонскиот финансиски центар би бил премесен на друго место во Европа и падот на потрошувачката и инвестициите поголем од предвиденото би довел до рецесија во Британија.Во случај сепак да се оствари ваквото црно сценарио, светскиот раст би можел да забави на 2,8 отсто оваа година, а еврозоната би била изложена на остри тензии од банкарскиот сектор, се наведува во извештајот. /крај/он/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Светските берзи паднаа поради заканата на Трамп за ЕУ

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите паднаа минатата недела бидејќи инвеститорите беа загрижени за намалувањето на кредитниот рејтинг на САД, а на пазарите негативно влијаеа и новите закани на Вашингтон за зголемување на царините за увозот од Европската унија.

dobivaj vesti na viber

На Волстрит минатата недела, Dow Jones се лизна за 2,5 отсто, на 41.603 поени, додека S&P 500 падна за 2,6 отсто, на 5.802 поени, а индексот Nasdaq 2,5 отсто, на 18.737 поени.

Од самиот почеток на неделата индексите беа во минус бидејќи агенцијата Мудис го намали кредитниот рејтинг на САД од Ааа на Аа1 поради големиот дефицит на федералниот буџет, високите финансиски трошоци и планираните даночни намалувања.

Јавниот долг на САД е околу 36.200 милијарди долари, а може да се зголеми за уште 3.800 милијарди во следните десет години бидејќи претседателот на САД Доналд Трамп има намера да ги намали даноците. Поради ова, приносите на државните обврзници значително се зголемија, што значи дека владата мора да се задолжува по повисока цена.

Намалувањето на даноците веројатно би ја стимулирало потрошувачката и би го поддржало економскиот раст, но од друга страна, јавниот долг би се зголемил доколку не се намалат државните трошоци. И намалувањето на федералните трошоци, што е еден од приоритетите на Трамп, не оди толку глатко како што најави претседателот. Освен тоа, се чини дека проектот не е доволно добро подготвен.

Сепак, на крајот на неделата, приносите на обврзниците донекаде се стабилизираа, откако Претставничкиот дом на Конгресот тесно го поддржа предлог-законот на Трамп за даночни намалувања, па се уште се чека поддршката од Сенатот.

Но, во петокот, Трамп повторно ги потресе пазарите заканувајќи ѝ се на Европската унија со царини од 50 отсто од 1 јуни, бидејќи не е задоволен од тоа како напредуваат трговските разговори меѓу САД и ЕУ.

И на повеќето европски берзи цените на акциите паднаа минатата недела. Додуша, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,4 отсто, на 8.717 поени, но франкфуртски DAX се лизна за 0,6 отсто, на 23.629 поени, а париски CAC 1,9 отсто, на 7.734 поени.

Прикажи повеќе...

Економија

Макрон: Албанија за 2 години ќе биде во ЕУ, дојдете и инвестирајте

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон од Тирана упати силна порака до странските инвеститори, повикувајќи ги да дојдат и да вложуваат во Албанија, за која изрази убеденост дека „за две години ќе биде дел од Европската унија“.

dobivaj vesti na viber

Изјавата беше дадена на економскиот форум „Приоритет Европа“, организиран од Институтот „Иницијатива за идни инвестиции“ на Ричард Атијас, кој има за цел да ги поврзе европските лидери и иноватори со големи инвестициски фондови од Блискиот Исток, Азија и САД.

„Албанија е влезна точка за регионот на Балканот и медитеранскиот басен. Европа е стабилно и доверливо место. Во овој луд свет, да не ја потценуваме силата на таквите квалитети“, порача Макрон.

Тој додаде дека премиерот Еди Рама има јасен мандат и посветеност Албанија да ја внесе во ЕУ до 2027 година, а според Макрон, тоа би можело да се случи дури и порано – за две години.

Премиерот Рама, пак, изјави дека неговата земја ги започна преговорите со Европската Унија во 2022 година и дека ако ги завршат сите задачи добро, ќе може да ги затворат преговорите до 2027 година. Ова според Рама би било навистина неверојатно.

Прикажи повеќе...

Свет

Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Објавено пред

Од

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.

dobivaj vesti na viber

„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.

„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.

Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.

„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.

„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.

Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.

Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

ПРП терапијата за пациентите од пожарот во „Пулс“ е достапна во Кочани, нема да мора да патуваат до Скопје

Десет лица повредени во трагедијата во „Пулс“, за првпат во болницата во Кочани, биле третирани со ПРП терапија (плазма збогатена...

Топ6 часа

Сообраќајна расправија причина за бодењата со нож во Чаир, повредени тројца меѓу кои и малолетник

Скопското обвинителство победе постапка против 18-годишно момче за инцидентот што се случи синоќа во Чаир. Од тука информираа дека постапка...

Македонија7 часа

Одбраната побара ослободителни пресуди за Кешишев, Манев, Видевски и Ѓорчевски за убиствата на Вања и Панче

Одбраната побара ослободителни пресуди за Влатко Кешишев, Велибор Манев, Боре Видевски и Александар Ѓорчевски за убиствата на Вања и Панче....

Свет8 часа

(Видео) Нов напад на Израел врз Иран

Израелската армија соопшти дека Техеран повторно е нападнат. Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека нивните воздушни сили напаѓаат воени цели...

Македонија9 часа

Преспанци ќе добијат можност сами да предложат како да се уредат 30 локации на кои досега на диво трупаа ѓубре

Купишта ѓубре безмалку на секоја улица и силна смрдеа ги пречекуваат и оние малкумина туристи што ќе одлучат да ја...

Македонија11 часа

Новиот министер за хаосот со паркингот на Клинички: Имаме идеи, сè уште немаме решение

Краткорочно имаме идеи, сè уште немаме решение, но работиме на тоа и веруваме дека за кратко време ќе бидете известени,...

Македонија13 часа

Молк од државата за барањата за отстранување на новиот хотел на Горица, реагира „Фронт 21/42“

Законите не важат во Охридскиот Регион. Прекршувајќи го и Законот за постапување по претставките и предлозите, по претставката со која...

Македонија13 часа

Од денес до петок – пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Од денес до петок во попладневните и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер,...

Свет14 часа

Шефот на иранската атомска енергија: Нуклеарните централи се во добра состојба и покрај нападите

Иранските државни медиуми денес објавија неколку кратки изјави од страна на службеници задолжени за нуклеарната и за енергетската инфраструктура. Шефот...

Македонија15 часа

Арсовска: Не биди ѓубре, не биди криминалец, не биди Јулијана

Ако се прашувате зошто со месеци и години има проблеми со собирање на комуналниот отпад во Скопје, одговорот е поради...

Македонија16 часа

Евакуирани првите македонски државјани од Израел

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека првата група македонски државјани, кои побараа евакуација од територијата на Израел,...

Македонија16 часа

МОН го зголемува бројот на ученици во средните стручни училишта

МОН го зголемува бројот на упис на ученици во средните стручни училишта. Од речиси 28.000 места во учебната 2025/2026 година...

Македонија16 часа

Филипче за Мицкоски: Слаб говор, лоши пораки

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека премиерот Христијан Мицкоски, на 35-годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ, имал слаб говор и...

Македонија16 часа

Мицкоски: Сите функционери во нашата партија мора да бидат свесни дека ова што го работиме не е лична игра, туку служба

ВМРО-ДПМНЕ е продолжение на историското ВМРО, основано во 1893 година, кога нашиот народ, иако под туѓи потчинувања и под притисоци,...

Македонија1 ден

Уште еден случај на семејно насилно – скопјанец со возило се обидел да ја прегази сопругата, па ја истепал

Уште еден случај на семејно насилство во Скопје, сопруг се обидел да ја прегази сопругата со автомобил, кога не успеал,...

Свет1 ден

Трамп: Нема да го убиеме иранскиот лидер, барем не засега

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави низа пораки на социјалните мрежи во врска со Иран, вклучувајќи една во која бара...

Свет1 ден

Кремљ: Руската понуда сè уште е на маса, но Израел засега не е заинтересиран за мирно решение

Кремљ изјави дека гледа дека Израел не сака посредништво во конфликтот со Иран, кој влегува во својот петти ден по...

Македонија1 ден

40-годишен скопјанец ја истепал мајка си: со тупаници ја удирал по лицето и телото и ја гризел, предложен притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Телесна...

Свет1 ден

Шефицата на американската разузнавачка служба: Иран не гради нуклеарно оружје; Трамп: Не ме интересира што кажала

На летот при враќањето од самитот на Г7 во Канада американскиот претседател Доналд Трамп повторно инсистира дека Иран е многу...

Свет1 ден

Опасна најава од Израел: „Ќе видите некои изненадувања што операцијата со пејџерите ќе ви се чини едноставна“

Израел сè уште има некои изненадувања во ракавот во борбата против Иран, изјави израелскиот амбасадор во САД, Јехиел Лајтер. Тој...