Контакт

Свет

Можно одложување на приватизацијата на Телеком Словенија?

Објавено пред

Словенечката влада ќе продолжи со процесот на приватизација на државните компании, меѓу кои и Телеком Словенија, но можно е да дојде до одложување на веќе започнатите продажби, изјави поранешниот министер за економија Метод Драгоња, кој сега е координатор за приватизација во владата на премиерот Миро Церар.

dobivaj vesti na viber

 

 

„Клучно е да постигнеме соодветна цена и развој на компанијата, што може да овозможат само нови адекватни сопственици кон мораат врз себе да превземат и соодветни обврски. Доколку тоа не го постигнеме, може да се случи да не дојде до продажба и ќе мораме да причекаме подобри времиња“, изјави Драгоња за словенечката телевизија во врска со барањата на синдикатите да се сопре приватизацијата.

 

Словенечките синдикати во понеделникот одржаа протести пред владата поради приватизацијата барајќи таа да се сопре се додека од потенцијалните нови сосптвеници не добијат гаранциија дека нема да има преголеми отпуштања на вработените.

 

Образложувајќи го барањата на синдикатот, но и на некои партии, Секретарот на Сојузот на самостони синдикати, Горан Лукич оцени дека приватизацијата на словенечките државни компании е стихијна и прашална, особено поради потенцијалната загуба на работни места.

 

Притоа тој предупреди на големите отпуштања во Хрватски телеком по преземањето до страна на Дојче Телеком.

 

Лукич тврди дека зад приватизацијата на словенечкиот Телеком, во кој има околу 5.000 вработени, се кријат стратешки интереси, при што наведе дека не е случајно што за финансиски консултат е избрана на Ситибанк, која според Лукич, истовремено е и берзански консултант на Дојче Телеком.

 

Словенечкиот државен холдинг (СДХ), кој управува со портфолиото на државниот имот кој се приватизира, најави дека задолжителната понуда за откуп на 75 отсто од акциите на националниот оператор ќе се прима до 21 јануари наредната година и дека процесот би можел да биде завршен  во пролетта.

 

Неофицијано, во најтесен круг на интересенти се два американски и два европски фондови, но најсериозен заинтересиран кандидат е Дојче телеком.  Од СДХ не сакаат да ги коментираат наводите дека германскиот оператор  ќе понуди 1,5 милијарди евра, односно околу 200 евра по акција, што е за третина повеќе од моментната цена на Љубљанска берза.

 

Челникот на партијата Социјални демократи, Дејан Жидан, кој е актуелен министер за земјоделие, изјави дека очекува наредната недела сериозна расправа во коалицијата за натамошниот тек на приватизацијата, бидејќи брзината со која таа сега се одвива не била договорена  со коалициониот договор на владеачките партии.

 

„Ние сме за приватизација, но не неконтролирана, и тоа е тема за која мораме да разговараме во коалицијата“, рече Жидан. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Ердоган ветува поддршка за сирискиот народ по падот на Асад

Објавено пред

По пауза од 12 години, Турција повторно ја отвори својата амбасада во сирискиот главен град Дамаск. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја ќе го поддржи сирискиот народ во процесот на обновување и закрепнување, оценувајќи дека Турција ќе продолжи да биде клучен фактор за стабилност во регионот.

dobivaj vesti na viber

На провинцискиот конгрес на Партијата на правдата и развојот, Ердоган истакна дека сирискиот народ извојувал значајна победа со соборувањето на режимот на Башар ал Асад. Потсети и дека Турција пред 13 години ги отворила своите граници за милиони бегалци од Сирија, обезбедувајќи засолниште за околу четири милиони луѓе кои побегнале од конфликтот.

„Турција останува како остров на стабилност среде хаосот и превирањата во регионот“, рече Ердоган, истакнувајќи ја улогата на неговата земја во решавањето на регионалните кризи.

Денеска, турското знаме повторно се вее пред зградата на амбасадата во Дамаск, лоцирана во дипломатскиот кварт. За привремен вршител на должност на амбасадор е назначен Бурхан Короглу, кој досега беше амбасадор на Турција во Мавританија.

Амбасадата на Турција ја прекина својата работа на 26 март 2012 година, поради влошувањето на односите меѓу Анкара и режимот на Асад, но со денешното отворање, активностите се официјално обновени.

Прикажи повеќе...

Економија

Јавниот долг на Франција за првпат се изедначува со грчкиот

Објавено пред

Франција за првпат ги изедначи трошоците за задолжување на Грција, со висок јавен долг и слабо балансирање на владата меѓу незадоволството на граѓаните и крајниот рок за усвојување на буџетот за следната година.

dobivaj vesti na viber

Во екот на должничката криза во еврозоната во 2012 година, трошоците за задолжување на Грција, мерени преку приносот на 10-годишните државни обврзници, беа за 37 процентни поени повисоки од приносот на француските обврзници со таа рочност, потсетува Ројтерс.

Приближно 12,5 години подоцна, приносите на долгорочниот грчки долг се движат околу три отсто и се само 0,02 процентни поени повисоки од приносите на францускиот долг.

Грција и натаму е членка на еврозоната со највисок јавен долг, мерено како удел во БДП, од 163,6 отсто на крајот на јуни. Во меѓувреме, Франција се доближи до неа и го зазеде третото место на скалата „должник“, со јавен долг од 112,2 отсто од БДП.

 

Прикажи повеќе...

Економија

На Германија годишно ѝ се потребни 288.000 странски работници: „Пред нас е огромен предизвик“

Објавено пред

Дологорочно, германскиот пазар на труд секоја година во значителна мера зависи од имигрантите – ова е заклучокот од анализата нарачана од Фондацијата „Бертелсман“.

dobivaj vesti na viber

Со цел да се задоволат потребите за работна сила и да се обезбеди благосостојба на Германија, имиграцијата на меѓународни работници, особено од трети земји, станува сè поважна. Затоа, до 2040 година ќе бидат потребни приближно 288.000 меѓународни работници годишно за да се обезбеди доволна понуда на работна сила.

Според студијата, бројот на работници, без дополнителни имигранти, ќе се намали до 2040 година од сегашните 46,4 милиони на 41,9 милион. До 2060 година тој број, без дополнителна имиграција, би можел да се намали за една четвртина, на само 35 милиони, пишува „Дојче веле“.

„Демографските промени, кои во наредните години поради пензионирањето на генерацијата ќе претставуваат големи предизвици за германскиот пазар на труд, бараат и имиграција“, вели Сузане Шулц, експерт за миграција од Фондацијата „Бертелсман“.

„Се разбира, пред сè, мора да се развие домашниот потенцијал на работната сила – и локалните жители и луѓето што веќе се преселиле тука и да се зголеми нивното учество на пазарот на трудот. Сепак, идните потреби до 2040 година не може да се задоволат само на овој начин“.

Реформираниот закон за имиграција на квалификувана работна сила дава нови можности за работниците заинтересирани за Германија. Сепак, според студијата, тие нема да дојдат без изразена култура на добредојде во институциите, компаниите и заедниците, како и без долгорочни изгледи за престој.

До 2024 година нема да бидат еднакво погодени сите германски сојузни покраини од недостигот на имиграција. Според студијата, најголем пад на работната сила ќе биде забележан во Тирингија, Саксонија-Анхалт и Сар, со повеќе од десет проценти. Помал пад, под десет проценти, се очекува во Хамбург, Берлин и Бранденбург.

Нивото на потребите за имиграција во сојузните покраини зависи од проекцијата на потребната работна сила до 2040 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Кривична за Перпарим Бајрами и директорот на „Ритрон копи“ поради нови злоупотерби поврзани со „Државна лотарија“

Управата за финансиска полиција поднесе нова кривична пријава против екс директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами поради сомнителни тендери за...

Македонија2 часа

Минчев за злоупотребата на балансерот: Агрон и Фатмир беа регистрирани како македонски имиња, Ангеле и Стојан како албански

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, на денешната собраниска седница за пратенички прашања му порача на пратеникот Блерим Беџети од...

Македонија2 часа

Мицкоски: Безбедносните служби лажно ме претставиле како организатор на параполициска воена формација и ме следеле физички

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека според Извештајот на работата на Агенција за национална безбедност, кој е декласифициран за јавноста, тогашните...

Македонија3 часа

Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна или тројна дневница или никој

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, одговарајќи на прашање за тоа кој е ставот на Владата...

Македонија4 часа

Собранието ќе одлучува за разрешување на членовите на Судскиот совет, Гаши вели како биле назначени така ќе бидат и разрешени

Негативниот извештај за работата на Судскиот совет значи дека Собранието на некој начин ги отповикува и дека може да почне...

Македонија4 часа

Интерпелациите за Меџити, Тошковски, Стоилковиќ, Исеини и за Даути ќе бидат во јануари, Гаши потсетува дека тие немаат егзекутивна моќ

На почетокот на јануари на дневен ред во Собранието ќе бидат ставени сите досега поднесени интерпелации, најави денес претседателот на...

Македонија5 часа

Пратениците на „Влен“ би ги гласале уставните измени и денес, но потребни се политички договор и предвидливост во процесот, вели Гаши

Уставните измени за внесување на Бугарите ќе се случат тогаш кога владејачката коалиција ќе биде сигурна дека ќе има парламентарно...

Свет7 часа

Идентификувани првите жртви по авионската несреќа во Казахстан: Игор и Александар управувале со леталото

Од компанијата „Азербејџан ерлајнс“ се огласија по повод трагичниот настан кога патнички авион се урна вчераутро во близина на градот...

Македонија8 часа

Најладно во Крушево, најмногу снег на Попова Шапка

Најладно утрово било во Крушево каде што се измерени -3 степени, 0 степени биле измерени во Битола и Берово, 1...

Свет8 часа

(Видео) Преживеаните патници слушнале експлозија пред да се урне авионот во Казахстан: „И тогаш имаше нешто како шрапнел…“

Авион на „Азербејџан ерлајнс“ се урна рано во средата во казахстанскиот град Актау, при што загинаа 38 од 67 лица...

Свет8 часа

Бајден по масовните руски напади врз украинската енергетска инфраструктура: „Зголемете ја нашата испорака на оружје“

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден му нареди на американското Министерство за одбрана да продолжи да ги зголемува испораките на...

Македонија9 часа

Забранет сообраќај за тешки товарни возила на Ѓавато и на патниот правец Тетово – Попова Шапка

Од 07:00 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато. Активна забрана за сообраќај...

Европа10 часа

Необичен настан над Исланд: авионот на „Туркиш ерлајнс“ се свртел и се вратил во Истанбул, велат ова е причината

Екипажот на авионот на „Туркиш ерлајнс“, кој летал од Истанбул за Сиетл, ненадејно свртел и се вратил на аеродромот од...

Свет10 часа

(Видео) Патникот што ја снимаше внатрешноста на авионот во Казахстан го преживеа падот: објави снимка и по несреќата

Патникот кој го објави видеото од азербејџанскиот авион кој се урна во казахстанскиот град Актау, објави нова снимка на која...

Македонија1 ден

Дурмиши: Ако трговците не ги коригираат цените, ќе бидеме принудени да донесеме одлука за замрзнување цени или маржи

Инспекторите од утрово прават анализи во маркетите во однос на тоа како се движеле цените на основните прехранбени производи во...

Македонија1 ден

Цените пораснаа до 25 проценти кај некои продукти, рече Мицкоски и најави реакција уште денес

На одредени продукти во маркетите цените им се зголемени до 25 проценти, изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој најави реакција од...

Македонија1 ден

Мицкоски им се извини на жителите на Арачиново и Липково: Има неодговорни градоначалници, ќе се стапи во контакт со општините за градинките

Постојат неодговорни градоначалници со неодговорни изјави, но тоа не треба да биде пречка, изјави премиерот Христијан Мицкоски во врска со...

Македонија1 ден

ВМРО-НП предлага укинување на „Државната лотарија“: Покрај сите досегашни нерегуларности во кои била вклучена институцијата, се нанесува и непотребна финансиска штета

ВМРО-Народна партија со внимание ги следи случувањата во врска со „Државната лотарија“ и во контекст на тоа предлагаме вклучување на...

Македонија1 ден

Трипуновски: Децата ги фрлаа јаболката што ги добиваа, а се потрошија над 40 милиони денари, таа мерка ќе се модификува

Мерката на претходната влада за помош на овоштарството, со која учениците и децата во градинките добиваа јаболка, сегашниот министер за...

Свет1 ден

Во авионот што се урна имало државјани на пет земји – преживеале 28 патници, меѓу нив и деца

Државјани на пет земји имало во авионот што утрово се урна во Казахстан. Во соопштението на Министерството за транспорт на...